Јас имам редми 5 плус,го земав од Анхоч,и доаѓа со европски софтвер,до сега све си е ок,и ништо немам чепкано и правено на софтверот и телефонот.Буквално пали вози
Јас имам од сетек, пред мене го извади, отпакуваше, вклучи. Си го земав и немам никаква мака. Сакав од Анхоч ама немаа ни еден единствен Xiaomi останато (мислам само еден во ГТЦ имаше, не се ни сеќавам што модел беше). По думање дали да чекам или да си купам, со оглед на тоа што никаков телефон немав, на крај по 3-4 враќања го земав. Не е трепнат телефонот, ништо немам чепкано во софтверот. Еве,од декември до сега.
Предобар во план бев да земам,ама сепак ми искочи нешто друго.Другар го има мој,камера профи,брзина лета телефонот,одличен е искрено зимај
За сите што имате Xiaomi, софтверот MIU 9.5 е достапен тука http://en.miui.com/thread-2069213-1-1.html
Ни еден хиаоми нема јака стабилизација,тоа ке го бараш кај Самсунг и Ајфон.А навечер е ок камерата. Да но оној кој знае да отклучи бутлоадер,и да го флешне телефонот. Би препорачал оној кој незнае,и нема искуство со оваа работа горе што ја кажав,нека не чепка,затоа што може да го рикне телефонот,да му изгори некој чип,па после да се чеша.
Знам дека има тема "проблеми со телефони" или така нешто ама се работи за Xiaomi па затоа тука пишувам. Во некој пост назад пишав дека имам Xiaomi MI A1, го земав пред 3 месеци. Презадоволна сум од телефонот, но во последниве недела дена на 2-3 пати се има случено да кога ќе го извадам од почнал почне сам да се рестартира ама не до крај, како во круг да врти рестартот. Еднаш го оставив да видам колку време ќе прави така, го чекав пола саат и ме фати нервоза па го прекинав односно го рестартирав саглам. Како што кажав, не се случува тоа на секое полнење, туку повремено. За каков проблем се работи? И дали тоа спаѓа под гаранцијата? Да знам дали да го носам во Вип или во мобилара. @ЕденЧлен пријателче, можеби ти знаеш
Замена на стакло дали знаете колку би чинело за Ми 5. Ми се скрши дисплејот откако син ми го фрли телефонот
So far so good. Едино имав на почеток проблем со меморијата, и ништо да не праев ми беше полн. И после си ја ставив мемориската од другиот телефон и до сега немам никаква замерка за телефонот. Можам комотно да речам најдобар шо имам користено до сега, ама реално нема некоја вау конкуренција.
Незнам колку сте упатени тука на форумов,но Хиаоми извади доста нови модели,па може на видеата да погледнете,станува збор за доста јаки модели.
Деновиве една пријателка се пофали дека си купила ваков модел на мобилен од вип. Нејзе ја насочиле повеќе лица кои тврдела дека телефониве се топ. Јас имам Леново и ми е ******* од него. Кочи, се рестартира, загрева... Кинеско с**** . Не сакам пак да се зезнам ако купам некоја таква марка. Кажете ми, дали да размислувам за Xiaomi или да се ориентирам кон некоја било каква друга марка?
Јас имам Mi A1 од февруари годинава и досега не покажал никаков проблем. Имам 4gb рам меморија и 64gb интерна, двојна задна камера и солидна предна. Убав дизајн, голем е, одзади малку наликува на iphone од положбата на finger print-от и камерата. Немам забелешки за телефонот искрено. Задоволна сум во целост, плус и цената му е одлична.
Се' тоа е океј, ама читам дека нема можност да си ставиш микро sd картичка за меморија дополнителна, просторот можеш да го искористиш или за мемориска или за сим картичка. Друго, нема стабилизатор за сликање. Ми се чини дека тоа би ме нервирало...
Јас искрено немам потреба од мемориска картичка покрај 64gb интерна меморија. За стабилизаторот не сум информирана да бидам искрена. Можеби и си во право, не знам.
Како прво анкетара е грешно поставена. Хуавеи е втор бренд по продажба на смартфони во светот. Како второ Mi не се вика брендот туку Xiaomi. Mi е линија на Xiaomi телефони, како што се Core и Galaxy за Самсунг. Во оваа ситуација треба Mi треба да стои во заграда или воопшто да не постои.