1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Miami Ink

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 16 јуни 2011.

  1. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Ова е американско реално шоу кое е поврзано со сите случувања во еден "tattoo shop" во Мајами,Флорида.
    Ова место пред снимањето на шоуто се викало 305 Инк ,но подоцна се преименува во Love Hate Tattoo и го поседуваат Ами Џејмс и Крис Нуњез.
    Исто така тука работа и неколку други тату мајстори како Крис Гарвер,Дарен Брас,Јоџи Харада и секако феноменалната Кејт Вон Д.(се надевам дека точни се имињата,ако не се извинувам :) )
    Шоуто започнува во 2005 година и има 4 сезони.
    Постигнува голема гледаност и привлекува големо внимание поради неговиот уникатен склоп на неверојатната работа од страна на тату мајсторите како и животната приказна на клиентите која ги мотивирала да ја овековечат со мастило.
    Освен Кејт која ми е омилена,многу ми се допаѓа Крис Гарвер.Прекрасно работи,креативен човек нема што.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Од ова шоу произлегуваат уште три LA Ink,London Ink и NY Ink.

    LA инк ги следи настаните во "tattoo shop" -oт High Voltage Tattoo koj подоцна во шоуто се нарекува
    American Electric.Тука се префрла Кејт Вон Д и работи заедно со Кори Милер,Хана Атчисон и уште неколку артисти...
    Шоуто го има истиот концепт и премиерно започна во 2007 година.
    [​IMG]

    London инк ги следи настаните околу тату мајсторот Луис Молоу и неколку негови соработници.Шоуто започнува во 2007 година.Овој познат тату артист претставува експерт во својата работа,а може да се пофали дека го има украсено телото на Дејвид Бекам.
    [​IMG]
    [​IMG]

    NY инк...Ами Џејмс се сели во Њујорк при што таму започнува со снимање на ново шоу со ист концепт.
    Шоуто започна со снимање на 2 Јуни 2011...Снимени се само неколку епизоди.
    [​IMG]

    Па дали го гледате шоуто,дали ви се допаѓа??
    Омилен тату артист? Омилена епизода??

    Јас гледам со голем интерес и секако би сакала некое нивно дело на носам на мене :)
     
    На LivingGlam и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ги гледам на травел енд ливинг, кога нема др. интересно на тв. :) Иначе интересно ми е кога раскажуваат некоја приказна, зошто баш така се тетовираат. :talk: Сега и Кејт се фарбала во црвено, али мислам дека црно поубаво и стои. :lol:
     
  3. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Ја гледав одамна кога имав каде да го гледам, и навистина ми беше многу интересна и забавна емисија :) ама незнам што се случи, повеќе мојот кабелски оператор не ми ја пренесува Travel and living :@ ај кажете ми ако ја има на некоја друга програма, стварно сакам пак да ја гледам ;)
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Го гледав редовно порано, но не го пратам веќе. Патем - уште ли се снима?
    Омилен лик ми е секако, Ами... уствари не, неговото куче ми е омилен лик :) Бела се викаше колку што се сеќавам. Јоџи го обожавам. Интересен ми беше додека беше ученик и правеше многу грешки. Имаше една епизода кога се истетовираа меѓусебно со еден од другите мајстори, и неговата тетоважа беше ептен смешна :D

    Тетоважите на Крис Гарвер ми беа омилени, прави уметнички дела. Кет вон Ди не ми беше омилен лик. Колку што знам, заминала од Мајами Инк поради караници со сопствениците на студиото, сакала да работи само одредени тетоважи (портрети), и премногу била со главата во облаци, навредила многу клиенти.

    Oмилена епизода? Кога отидоа да ги тетовираат градителите на мотори од шоуто American Chopper, а ги заборавија иглите за тетовирање :D

    Интересно шоу ми беше за гледање, ама уште не добив желба за видлива тетоважа :)
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Интересни ми се.
    Како најомилена би ја издвоила ЛА ИНК со Кет Вон Д. Убава ми е женскава, особено во новава сезона.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Ги сакам ептен. Го гледам Мајами и ЛА на travel & living а бидејки си имаат супер терминчиња навечер пред спиење обавезно си ги гледам. Њујорк знам дека е ново зашто Ами се преселил, а за Лондон не ни знаев дека постои.
    Од Мајами Инк најомилен Ами секако ептен ми е кул дечкото, многу шармантен а и одличен тату мајстор. Но сепак ако он не прифати да ми прави тетоважа тогаш го ангажирам Крис Гарвер 8) . Преубаво работи со бои и има многу идеи, никогаш не прави копија, а и според мене е најталентиран од целиов тим. А пак Крис ми е најсталожен и тој е супер тату мајстор. Јоџи ми е за смешки во тимов некако :D А најмногу ме нервираше сезоната кога беше и Baby Dre ах колку ми иде на живци девојкава.

    A сега се селиме во ЛА, во Холивуд. Фацка е Кет Вон Д нема што. Синојка баш ја даваа емисијата кога го постигна светскиот рекорд, 400 тетоважи за 24 часа со знакчето ЛА. Секоја и чест. Упорна девојка, но и многу тврдоглава и со прилично многу негативности. Доаѓаше пијана во студиото и тетовираше, што ми е апсолутно неприфатливо. Но затоа Кет Вон Д девојка за која секогаш се крева фама.
    Тука омилена ми е Хана ептен е смирена цуркава и фантастично работи со бои. Ким е исто така добра. Пикси ми е најнеомилена би и акнала клоца. А и Кори е супер типче, многу многу талентирано и алал да му е како се снаоѓа со жениве. Ако бирам од тука за тетоважа тогаш Хана дефинитивно.

    Се на се ги гледам и онака сакам тетоважи многу, со шоуво уште повеќе ги засакав а интересна ми е мајка ми ги гледа и она се воодушевува а не сака тетоважи :lol: Неможе да не се воодушевуваш сите овие лица се одлични уметници, прави уметници само не на платно туку на кожа.
    И ако правам Miami VS LA мојот глас оди во Мајаааааами. ;)
     
  7. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    MIAMI INK!! :D

    а колку јако цртаат тетоважи дури и јас посакувам да имам хаха :D
     
  8. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Мене поради овие ми се роди желба да си ставам тетоважа и си ставив... И мн. си ја сакам :)