Ми треба ваше мислење. Имам 18 години и сум имала до сега две врски кои не биле долги. Некако се чувствувам како да не сум убава. Сега немам некое ептен грдо лице, ама не сум ни многу убава како што би рекле другите во средно. Веќе подолго време ми се допаѓа едно дете кое е постаро од мене една година, а летото се мувавме и после тоа како ништо да не било. Не знам веќе што да правам, а моите врснички имаат врски од една година, а некои и подолги. Во што е проблемот, дали е во тоа што сум малку срамежлива или во нешто друго што треба да го сменам?
Аци како можете да си речете за себе не сум многу убава, лицето ми е вакво, очите ми се такви... Секој си има некоја убавина која би привлекла некој друг. Немој сама да се осудуваш. Никој не е совршен. Ако си страмежлива, тоа е и до карактер. А тоа како ништо да не било после таа сабота, остави, такви се 90 % од машкиот род денеска.
Убава си од далеку, но далеку си од убава е работава, м? Се зафркавам, секако Или до срамежливоста, или пак до дечкото е. Многу и не сакаат сериозни врски до 20 и нешто години. Не знам, такво мислење имам. Повеќето се такви.