Имаат добра козметика,значи се` освен пудрите...Јас моментално користам од време на време едно карминче,што е посветло од сликава ... Исто така и оваа маскара ми е добра,често ја ставам,покрај супер шокот од авон: Немојте да се зафркнете да ја купите оваа пудра,ем течна е ко вода ем ништо не покрива!
вчера си ја купив маскарата на miss sporty xxl long во темно плаво пакување е и не е воопшто лоша.. а ја платив 140 денари..
Да ти одговорам за лаковите за нокти од мисс спорту-не се трајни ама ич!во unique се 70 и 120ден(зависи од амбалажата) и веднаш за 1ден се љуштат.од пазар се потрајни!!! ми се допаѓа маскарата-розова,ја имам користено и пудрата ама ич не покрива. Мислам дека од оваа марка само маскарите вредат(барем колку -толку)
Потврдувам Иако од цел Јуник ова е најефтината козметика, јас не ни очекувам ништо посебно од неа. Сеа купив коректор, ништо посебно. Кармините ги гледав ич не се добри. Маскара не сум купила, ама не ни планирам
имам користено, маскара и разни сјајчиња а пудрите ставрноим се без веза течните, а камена имав еднаш и добра беше
Јас лак си купив завчера , така како млечна боја . Пишува трае до 7 дена , баш убаво ми стои .. мислам и некој друг да зеам . Инаку 60 или 70 го земав .
Зависи каков лак ќе купиш.. Мислам дека млечната боја на лак од тој вид на производ .. 100 и нешо е тој лак а има и од поефтините али многу се лупат.. А Од Miss Sporty козметика има Многу убави сјајови ! Мислам дека се околу 200 денари малце се скапи али се квалитетни
Пред некој ден го купив пудрово но јас бидејки сум со мн светол тен беличка сум ова ми е премногу портокалово таков ефект ми дава ..така да ке ми стои дома за украс...а моментално ја користам и маскарата мн сум задоволна ем не е мн скапа само 120 ден. а супер е
А дане знаете што е разликата помеѓу боите на маскариве.. јас користам цела розева задоволна сум да и баш ваа недела треба да си купам нова па дали да пробам и од другите бои или ... ?
баш пред некој ден си купив маскара,темно плава опаковка...мн ми е убава,ама некако не ми е баш многу полна...сакам да прасам како ги даваат од продавница кога ги купуваш,во кутивче,така како "вакумирани"...или онака само маскарата...пошто мене само ми ја ставиа маскарата во кесенце и мозе од мисла ми е ама некако ми е сува...нз
од мисс спорти ја имам пробано само пудрава и мене ми одговара, не е баш лоша, а и многу убаво мириса па различни бои различни "функции" си имаат, некоја е за волумен, некоја за издолжување....си пишува на нив
па и мене ми ја дадоа само маскара без паковче и исто така не ми беше мн полна.. може и од мисла арно викаш
Моите другарки ги користат пудрите и се многу задоволни, јас од оваа колекција го користам коректорот и лакчињата за нокти (имаат многу тренди нијанси, а се релативно ефтини, околу 60 денари)
Првата маскара што си ја купив беше од Мiss Sporty Fabulous Waterproof Mascara и искрено ја купив само заради пакувањето. Ама испадна дека е стварно супер и оттогаш ми е Holy Grail Mascara! Само таа успева да ми ги задржи извиктани трепките Обично ставам еден слој од miss sporty mascarata а потоа уште неколку слоја од некоја друга по волумизирачка маскара. Пудрите, коректорите, и сенките не се баш најдобри
јас пред некој ден си купив лакчиња за нокти, не ми се видоа скапи околу 70 денари беа и убави. Од само едно нанесување многу убава боја се вади,ама не траат, 2-3 дена најмногу