Јас користев некои производи од оваа козметика сјај за усни-поцнаа да ми се исфрлаат усните моливчиња за очи-не се дерматолошки тестирани, ми пречи и ми се прават гурелки на очите имам чуствителни очи, ужас. а онаа Дебии или како се вика новата козметичка линија, била дерматолошки тестирана, и не е скапа (прашав вчера во парфимерија во Бисер)
Имам неколку лакови за нокти, и маскарата ептен ми се допаѓа ја користам не е воопшто скапа а ми ги прави трепките убави.
Ненормално евтина козметика, задоволна сум од лаковите за нокти и сјајчињата, ама маскарите и не ми се богзнае што
Јас ја користам пудрата многу е убава онака лесна за преку ден,и лакчињате ми се свиѓаат,а за маскарите незнам а сакам да си купам,ваљда се убави..
Јас во моментов користам маскара од Miss Sporty и многу сум задоволна. Сум користела порано и сјаеви, одлични се.
девојки маскарата мора да се проба сите дадовте позитивни коментари ништо немам купено од оваа колекција но амбалажите му се привлечни ќе ја пробам маскарата и лакчињата дефинитивно а колку се цените на сјаевите?задоволни сте од нив?
Јас имам користено Miss Sporty маскара, пудра (течна) и имам 2-3 лакови. Од маскарата и од лаковите сум презадоволна, а пудрата некако не ми се бендисуваше. За џабе ја купував, поубаво ќе беше да си купев обичен крем..
А каде може да се најдат производи од Miss Sporty? зашо прв пат слушам па сакам да ги пробам ) фала однапред
Има и во Супер Тинекс и во Космо Пудрите им се релативно добри, но сепак тоа зависи од кожата на лицето. На мојата другарка совршено и прилега оваа пудра па некогаш кога се шминкаме заедно и крадам и немам замерки, пудрата е убава Јас сум задоволна од коректорот, имам и лакче.....но не сум многу задоволна поради тоа што некако брзо паѓа а нијансите кои ги имаат се премодерни. Ама па за 60 денари добри се бар ќе носиш убави нијанси на лак за нокти
Јас ги имам користено маскарите,лаковите и коректорот и супер се а многу пристапни цени,пудрата зависи за кого-како таа е лесна пудра може за преку ден а и не покрива нешто многу.
Коректорот го фрлив јас заникаде ми беше. А лакот исто го фрлив одма се лупеше. За 50 денари на пазар се сите голден росе лакови, од убави, преубави, најубави нијанси. И може да траат цела недела. Тушот за очи беше потпросечен, ама го користев иако пребрзо се истроши. Сјајот е никаков, немам купено ставив од тестер и беше заникаде. Јас повеќе не купувам ништо од оваа компанија.
Јас сум презадоволна од овој коректор.Го земав за 30 денари .Имаше во една парфимерија што ја затвараа голема распродажба и се` беше по и под набавна цена.Мислам цела ја купив Коректоров модринка ми покри.
E jaс овој го имам, прееееесув е, а мојата кожа е многу сува. Абе неможам да ставам се осеќам како барут не ми се размачкуваше Затоа сега со пен стикот на макс фактор рај сум, ем е влажен, ем покрива доволно, топ е. А порано користев еден од непозната фирма, 100денарчиња, ама супер беше.