Немам ништо користено од Miss Sporty ама братучетка ми и другарка ми имаа некои сјаеви од таму и океј беа. А за другите производи незнам.
Jaс го користам овој и сум задоволна, другарка ми го има овој твојов ......ама не сме размениле некое мислење за коректорите хахаха http://justpink.punt.nl/upload/LX303301_1_Miss_Sporty_Coverstick_1.jpg
Од тука имам купено пудра, сјај, коректор и римел. Римелот беше исто како со вода да сум ги намачкала трепките, коректорот сув,сув плус ништо не покриваше, сјајот нешто подобар ама многу леплив, пудрата беше само еднаш искористена. Никогаш пак не би користела нешто од нив па и беспари да ми го даваат.
Многу слаб квалитет. Пудрата им е вода, маскарата - ужасна, мене ретко производи ми предизвикуваат алергија, од овие имав неверојатно пецкање и чешање во очињата. Сјаевите ништо посебно, лакчињата се лупат еднакво брзо како и оние од пазар. Со еден збор - катастрофа. Секоја чест за цените, евтини се, но попусто. Не нудат ни грам квалитет.
Јас моментално го користам римелот од Мис Спорти, црно-сивиот и баш е супер А имам и светло розевко карминче, многу убаво мириса и убава боја има ама е доста суво и се “собира“ некако, незнам како да објаснам А на пудрата сум алергична
Ауу си купив пред некое време пудра, ама така си седи дома за никаде е. Не само што е како вода туку има и некоја чудна нијанса.
Јас ич не сум задоволна ама баш ич.. Посебно лаковите се катастрофа..... и тоа 120 ден го платив .. Одма се лупи ... вв
Пудрата ја користев пред извесно време и не сум воопшто задоволна. Лаковите сум ги користела, и сјај имав... И мислам дека се со многу слаб квалитет.
Сега пробувам да се сетам што имав во несесер од Мис Спорти, мислам дека беа сенки за очи, беа релативно поефтини од другите и беа солидни.
Јас го користам пудрото веќе подолго време и многу ми одговара. Ми се допаѓа тоа што е лесно и е одлично за преку ден. Задоволна сум и од маскарата, но сум користела и подоби. Инаку јас ги купувам од Егин од таму се најефтини. Пудрото е 106 денари а маскарата 90.
Само сјајчињата ги имам користено, тие за волумен. Мене ми е преубаво, устата ми ја прави поголема, а и бојата е преубава. Еве го.
Имам маскара од Мiss Sporty и не сум особено задоволна Не ми ги прави веѓите нешто поразлични од тоа што ми се без маскара. А за другите производи незнам,не сум користела.
И јас имам користено маскара и сјај за усни и ми беа сосема ок. Маскарата ако не грешам ми бесе некоја екстра блек или така нешто (поодамна беше) и бев задоволна. А сјајчињата се перфект.
Два пати имам купено маскара (двете различни) и не сум задоволна... Исто зедов туш за очи, тушот си беше океј, ама не ми се допаѓаше четчето. Сега веќе подолго време си користам маскара и туш од Голден Роуз и за цената се предобри!