Купив еднаш пудбра Мис Спорти и никогаш повеќе. Само го избелува лицето како вонземјанин , не покрива.
Имаат прекрасни лакови за нокти што буквално траат по 6 7 дена, без лупење без ништо! друго не сум пробала..
Еднаш купив пудра ужасна беше за моја кожа, дури и некоја алергија ми се појави,ужасно чешаше, а не покриваше ништо. А задоволна сум од моливчето за очи убаво остава трага(користам црно). Исто мајка ми користеше карминчиња и ок и беа.
Еднаш демек маскара, за волумен мислам дека беше. Буквално ВОДА беше А имам другарки што си користат камена пудра од мис спорти, па демек задоволни се. Па незнам
Lakovite im se dosta kvalitetni, od nezhni boi se do intenzivni. Gi koristam vekje edna godina i odlichni se !
Од Мис Спорти признавам само лакот за зацврстување што е, абе поубаво нешто нема! Инаку други работи не сум пробала, ама обичните лакови не ми се допаѓаат.
Другарка ми има течна пудра мисс спорти и вика дека била добра. Се мислам дали да си купам кажете вие дали е добра или џабе парите, м ?
Според мене џабе парите,како вода е,а и некои чудни нијанси има.Дури таа што пишува на неа дека е мат е како вода
Џус, и јас мислам дека за џабе парите, една другарка има таква пудра, безвезе ми е некако. За плус некој денар ќе си купиш ем поквалитетна ем поубава
Мене ми е па убава пудрата лесна е и ми има убави нианси баш ми одговаар на мојот тен ама не е за многу проблематично лице со акни бидеќи не покрива до толку а ако имаш чисто лице е супер пробај па ќе видиш самата дали ти одговара или пак не секако не е многу скапа 160 ден.
Јас сум презадоволна од лакот за нокти на Мис Спорти. Исто и од моливчиња за очи/усни. Други покрупни шминки како пудра или маскара не би препорачала пошто не се нешто преквалитетни.
користам маскара и коректор,и давам чиста 10ка за овие два производи,посебно за коректорот,што ме изненади пријатно
Мене од Мис Спорти ми се убави пудрите,со оглед на тоа дека немам многу што да покријам,ми го изедначуваат тенот убаво, лесни се многу,и за млада кожа се. Прво ја имав оваа,убава ми беше,ама ја сменив зошто не сакав лицето да ми се презасити. Сега ја имам оваа,и исто и оваа ми е добра,само што сепак се мрси делот кај носот... Во глобала добра е. Oд маскарите ја имам оваа,ама не ми е нешто посебна...Не ми ги витка трепките,ама и јас имам комплицирани прави трепки,па може затоа.
Кога ја користев пудрата од Miss Sporty- Perfect stay, тоа беше и периодото кога пудра не ми беше потребна па ставав сосем малку и изгледаше добро, добро се упиваше и не се познаваа никакви линии. А, сега за промена ја купив So clear- во сино пакување што е , и воопшто не ми се допаѓа. Никако лицето не можам да го измазнам, се познаваат линии и изгледа многу грдо и дури и се нервирам кога ја нанесувам. Ама готово, од последнов викенд се разрешувам со оваа пудра и купувам нова ! Додека пак маскарата fabulous lash-extra black е супер, исто како и црниот креон .