Порано редовно купував карминчиња на Miss Sporty,многу убави нијанси има.За другото неможам да кажам зошто немам пробано.Инаку ретко кај ги има,порано во секоја парфимерија имаше.
Единствено имам користено камена пудра и воопшто не ме бендиса,а задоволна сум мнооогу од маскарата која има ефект на вештачки трепки.
Вчера си купив сенки двобојни не сум ги сеуште пробала какви се ги купив 160ден ова е единствено нешто што имам од оваа козметика
Иако имав агонија према оваа фирма иако и сама не знам зошто На крај испаднав ептен позитивно изненадена.Сосема случајно во Космополитен добив сјајче на подарок и ептен ми се допадна.Пишува дека е за волумен и стварно има ефект.После ставањето устата почнува да пецка и навистина устата делува пополна.Треба да се проба уште нешто од нив дефинитивно
Многу убави кармини имаат, и не се скапи, 100 и нешто ли беа, оддамна имам користено еден. Освен во јуник може ли на друго место да се најдат? Маскарата не им е нешто нај-нај и сјаевите им се многу убави Од карминот и сјаевите сум најзадоволна
Маскарава, розевата и таа светло плава со темно плаво капаче, не можам да ги најдам никаде тука некаде во темава и во таа за маскара, прочитав ја имало во центарот за убавина, прееска бев ја немаше, нити во Космо, зарем толку брзо се распродала? Прашав во Ким и во Шатци, ми рекоа дека веќе нема да имаат производи на Мис Спорти, а претходно имаше, којзнае дали пак ќе ја донесат Незнам уште каде ја има освен таму На друго место, не верувам дека ја има
Да,исто и јас мислам дека во Јуник би требало да ги има.. Ако не таму,во Кисела Вода има парфимерија Џоана,таму има мис спорти,имам и гледано и купувано нешто,а ако неможеш да се снајдеш до таму,тогаш зелено пазарче можеби Иначе,од мис спорти јас најзадоволна сум од коректоров! Долго трае,покрива се и не е тежок на лице! Околу 180 ден мислам дека е
Ај ќе проверам деновиве пак, ја немаше, знам дека таму ја имаа одма до влезот, сега ништо, па се чудам шо и во Космо ја нема Не можам веќе со ова на Голден Роуз од новите шо им се, не можам комотно маскара да ставам, ако не пак ако ја нема нигде маскарава на мис спорти, тогаш на тие другите маскари на Голден Роуз ќе се вратам, барем раат да бидам, да не вадам партали Ами и тами ќе проверам во таа парфимерија Џоана, па ако и таму ја немат, више незнам кај да се обратам
180??? Многу е тоа, да не си грешка. Ако си ја зела некаде повеќе од 100ден те прелажале, види на друго место нареден пат. Инаку за која макара зборувате, слика ако можете да најдете некоја...
Колку им е оваа пудра? Онака за секој ден ми фаќа око, само уште да ми кажете дали е покривна? Не ми треба многу покривност, периодично се нафрлам асално, воглавно имам чисто лице. Мене ми се допаѓа црната маскара од оваа фирма, само неа ја имам користено и бев задоволна.
Мис Спорти порано (лани) купував од Супер Тинекс, позади Пивара што е, на друго место никаде ги немам начекано, а пудрата испадна единствената што не ми го прави лицето лом и ме мрзи да отидам да си купам
Вчера ги пробав новите сенки на Мис Спорти двобојните не се лоши после 4-5 саата почнуваат да се собираат на очите задоволна сум од боите баш такви како што сакав нежни и не светкави
Јас ја имам користено маскарата и многу сум задоволна и сега ми е при крај ги нема во јуник ми рекоа дека ќе добијата, а знае ли некој кај ги има на друго место да се купат производите на оваа марка. Оваа маскара ја имам
Ги читав вашите коментари, па се решив за некој ден да си купам маскара од оваа фирма. Само сакам да ме информирате која е најдобра од овие 3, ако ги имате користено Фала однапред
^ Јас ја користам втората маскара,и убава е. Ги издолжува трепките,едино малце ги лепи.. Али океј е,онака за секојдневно Во врска со коректорот,толку е цената. Јас го земав толку од една парфимерија,а и во оваа Џоана мислам дека е толку,или пак 10-20 ден помалце