Јас имам видено на Мис спорти по аптеки, конкретно имам видено во онаа што е на рекорд ама не од страна на улица Македонија туку од другата страна до Жито леб му доаѓа
Ја имам користено маскарата во плавото темно паковање и бев ептен задоволна, ми ги зголемваше трепките баш онака како што сакав, ептен бев задоволна. Моментално ја користам и пудрата али не сум баш нешто фасцинирана, ми ги суши мозолчињата, ама воопшто не е покривна, Очекував многу али се разочарав.
Користам моливче за очи и го имам веќе 2-3 години баш сега треба да купам ново, искрено сум задоволна ама па и не памтам пред тоа какво сум користела дали било подобро или полошо али ова си е ок Тогаш го купи 80 денари во Unique, се надевам дека уште е приближна цена Еднаш купив и пудра, околу 150 денари, ужасна ми беше, ме чешаше лицето и почна да ми се лупи и одма ја фрлив.
Во Супер Марио маркетот имаше премногу врсти на маскари од оваа фирма... Никако не можев да се одлучам... На крајот си купив ваква розевкаста и ја најдов 104 денари Па ќе видиме каква ќе биди. Имаше и едни други од 130тина денари и од 180 денари. Ама ај си реков ова најмногу ја фалевте, па да ја пробаме
Ја најдов маскарава во Космо конечно, со месеци ја барам е сега мераклиски ќе ги дотерувам трепкиве а онаа другана маскара од Голден Роуз у пензија ќе оди
Ги имам користено само лакчињата и едно карминче. Лакчињата стварно ми се супер, траат до 7 дена, и боите се убави (јас само црвенко си купувам). Е сеа, немаат некоја огромна палета на бои, ама за основните, се супер. Карминчето незнам како се викаше, го земав зашто ептен ми се погоди бојата (таква сеуште неможам да најдам кај други кармини) и убаво мирисаше, ама не трае нешто мн долго на уста. Јас како што нејќам многу да се шлакам со кармини, ми одговараше (малце си ставав колку да ми ја осветли устата)
Може да ми кажете дали оваа е таа пудра што е за мрсна кожа?Мислам која е точно пудрата што е за мрсна.Зошто гледам плаво пакување,има кафеаво хм.и розево.Кое за каква кожа е? И колку чини?.Благодарааааам
Ја купив пудрата на Miss Sporty So Matte и на неа пишува за мат изглед за нормална и мрсна кожа пудрата кошта 130 денари,лесно покривна не е лоша за преку ден ако нема потреба за покривање на акни и сл.
Ти благодарам Кристал.Може да ја пробам,не е скапа па толку да му ја мислам.Инаку нема потреба мозолчиња да покривам толку,туку проблемот е тоа што кога преку ден ставам пудраа на лице некако многу ми се познава и тоа баш не ми прави да се чувствувам пријатно. Се надевам ке го најдам вистинското решение,за кое сум сеуште во потрага
Од Мис Спорти имам користено ја имам користено само оваа маскара и верувале или не е купена пред 4 години и е у првобитната состојба (знам дека козметиката после 6 месеци треба да се смени) ама оваа маскара ја користам само за расшчешлување на трепките
Мене ми се допаѓа нивната козметика. Имам користено неколку различни маскари и од сите сум делумно задоволна. Кога е при крај маскарата знаат да бидат малце суви, ама корисни се. Исто и коректор имам користено и од тоа сум презадоволна, се покрива, особено подочници. И ова е тоа чудото што ме спасува:
Пред некој ден си купив течна пудра за масна кожа. Имам ставено 2 пати али лицево поубаво ми изглеа без пудра одколку со неа. Не знам што е проблемот како кал да имам стаено а предходно пред неколку год. ја имав истата и ок ми беше ваљда треба да ми се навикне кожава али додека да се навикне треба да шетам ко зомби
Само маскара сум користела пишав и во друга тема , многу ги издолжува трепките дури како вештачки ми ги прави мислам за должинатаВаква користам
Ја имам оваа маскара, околу 100 денари беше, не е лоша, ама за истата цена на Голден Роз ми е подобра со златното капаче. И оваа пудра, ама мене не ми е покривна и ја користам врз мојата пудра шо стално си ја користам , на крај ставам по малку, кога не ставам камена, чисто да ја истрошам.
Само црвен кармин имам купено од оваа марка. Ама карминот е предобар, не се брише никако , само со влажна марамица.