Јас лично користам таква маскара и верувај ми кога ке ги направиш трепките со виткач изгледа прекрасно. Според мене многу подобро да купуваш поефтина маскара и таа да ја менуваш на 3 месеци, наместо поквалитетна по 7-8 месеци (кога е веќе сува). Од лично искуство Miss Sporty маскарата е една од најдобрите кои што сум ги пробала, само треба да знаеш правилно да нанесуваш Јас не би ти препорачала, маскарите им се прекрасни ако имаш потреба некогаш купи си. Зависи каква кожа имаш затоа што пудрата е премногу лесна и премногу течна (некому му одговара ама мене не). Маскарите се најубави дефинитивно, пудрите не ги препорачувам а друго не сум пробала
Имам користено доста производи од Miss Sporty козметиката, и можам да кажам дека за тие пари е супер. Маскарата е добра, сјајчињата се исто солидни, и камената пудра исто. Е сега другите производи ги немам користено, меѓутоа овие не ми се покажале како лоши.Течната пудра не сум ја пробала, не можам да зборам, а би сакала и коректорот да го пробам. За тие пари толку музика што знам мене ми е океј.Некоја марка ми е како есенсе, фина е.
Денес си купив сјајче од мис спорти- 130 денари баш за таа цена отприлика тражев неко сјајче што сепак ќе знам дека колку толку би вредело не за друго за училиште ми требаше некое еве вакво е само нијансата не е толку темна па, за таа цена солидно! Нешто што не ми се допадна од мис спорти е овој коректор го купив за 80 денари некаде но ич не вредеше, неможе убаво да се размачка а посебно за делот околу очите е катастрофа
^ Коректорот е антибактериски со погуста структура наменет за покривање на акни и црвенила. Коректорот секогаш го размачкувам со прсти и од топлината која се предизвикува не изгледа како да има дамки наместо коректор што би изгледало уште полошо. Од неодамна го земав онака да го испробам. Треба привикнување од претходните кои ги користев бидејќи секој коректор има различна структура. Има и друг (во кафеаво пакување). Tој е намент за подочници но немам потреба од него и го немам користено.
Од оваа козметика јас сум користела само маскара и пудра (тие што се на сликите) Од маскарата бев прилично задоволна...за таа цена беше одлична. Ми се допаѓа што воопшто не се ронеше туку и 2 дена да преспиев повторно беше истата.И секако добивав огромен волумен. Не знам зошто вас не ви се допаѓа пудрата ...мене ми е одлична (сепак кај секого е различно ) Мене многу убаво ми се упива во лицето и ги покрива акните,а што е најважно ги суши.Дури порано имав навка кога ке ми излезеше акна и ставав малку пудра само колку да ја засуши.
Со години го користев течното пудро тројка ми одговараше на оваа марка здоволна сум можеби пак ке си се вратам на него откако ке го потрошам пудрото од farmasi.
Незадоволна од лакот за нокти што им дава мат ефект на ноктите. Демек. Лакот е како хетерогена смеса значи она погустото е на дното а она пореткото на врвот и само на првиот нокт кога нанесам од лакот има мат ефект само поради тоа што четката со тек на стоење внатре има од двете смеси на неа и тоа е доволно само за еден нокт, останатите чекам вечност да с еисушат и притоа се без мат ефект.
Како сте задоволни од оваа пудра, ако ја имате пробано? и колку пари е? гледав видео на youtube, и ми се чини како да е добра, но сепак не знам.. Еве го и видеото: http://www.youtube.com/watch?v=I4SjJEP_lFA
Ја имам оваа користено , како ББ крема е, водлеста. Не покрива , само така боја дава го озвежува лицето. За оние што имаат чиста е добра.
Го користам овај коректор од Miss Sporty и сум многу задоволна и е околу 75 денари.Бидејќи пудрите многу ја оштетуваат кожата на лицето па затоа решив да ја заменам со коректор.Коректорот е доста добар убаво покрива а и препорачлив е за акните на лицето,така да си немам проблем со акните
Jaс ја имам. Со оглед на тоа што е 250 денари, добра е. Наменета е за млада кожа, има многу лесна текстура. Добро ја изедначува бојата на кожата ама потешко се нанесува заради тоа што е премногу течна а откако ќе се ставиш на себе потемнува, па можеш да излезиш шарена Добра е, добра
Ме изненадија мис спорти кога им го видов штандот доста нови ствари донеле бб кремата ја земав пишав за неа во темата за бб креми и руж земав многу јака розева боја е со хајлајтер во средината. Многу малце се става за убава розевка боја понежна така и цел ден стои мислам дека скоро воопшто не избледува, многу убав сјај дава хајлајтерот. Ме изненадија позитивно пошто очекував за саат два да немам воопшто руменило на образите. Така да :up: од мене за новава колекција
Јас имам пробано маскари од Miss Sporty и сум многу задоволна,убаво ги креваат трепките и не ги лепат. Имам пробано и руменило Miss Sporty Oh!Blushed Again... - Cinnamon и сум презадоволна,многу ми се допаѓа,трае долго и супер ми е за контури,имам уште малку од него,се надевам ќе го најдам пак.
Откако го затворија Unique сега веќе незнам кај да барам Miss Sporty козметика..во Скопје каде на друго место има?