Еве каде можат да се пријават „новонавлечените“ на жолтата Мис Спорти маскара. Јас покрај маскарата купив и течен коректор. Спојлер: слика За 140 денари - Есенс може вода да му носи. Многу е добар, не е тежок под очите и фино покрива неправилности. Без фиксатор и камена пудра не се осмелувам да оставам на себе ниту еден коректор бидејќи имам мрсна кожа, ама вака спастрен е одличен. Изборот на нијанси е солиден и попокривен е од течниот коректор на Аура и формулата му е нешто помеѓу Аура и Катрис. Препорачувам.
Користев розева маскара од овој бренд во подебела тубичка и ме прашуваа дали имам ставено вештачки трепки Но, ја повлекле наводно од продажба. Беше најскапа, со оглед на тоа дека маскарите им се под 300 денари... Земав црна во иста таква форма на тубичка, ама не ми е добра. Ќе одам да земам нова, дај пофалете нешто од моменталниот асортиман на брендот. Имаат промени. Инаку ми треба маскара која ги бои, витка, издолжува трепките. Сфе
Јас купив во ДМ во Србија, со оглед дека ДМ е српски, претпоставив дека можеби има, затоа ти пишав да провериш. Ок, можеби и нема во МК. Да, во Космо имаше, сега не знам.