Имаат ли крема за лице за комбинирана кожа? Досега ја користев универзалната со пантенол, супер е ама веќе е топло и ми треба полесно нешто. За ладните денови супер хидратација дава.
Баш вчера во дм гледав, од зелената линија со салицилна киселина што е, имаат гел крем или само гел за лице. Претпоставувам ќе биде добар за летово, се мислам да си го земам. Исто имаа и со хијалуронска киселина, ама крем за лице. Се мислам тој да не ми одговара подобро. Дека веќе за миење го користам нивниот гел со салицилна и океј ми е, убаво чисти, веќе втора или трета тубичка, ама и + крем со салицилна, може многу да биде. Па се мислам тој со хијалуронска да си го земам.
А тој со хијалуронска за каква кожа е? Јас не користам со салицилна, такви производи избегнувам не се за мојата кожа.
@IamSexyAndIKnowIt и јас да потврдам за млеково. Приметив и на еден дел каде што имав strawberry skin дека мааалку ми е подобрена состојбата.
Кај нас не сум го видела. Можеби во Србија најблиску, кај нив имаат доста производи. Кај нас некако оскуден ми е изборот. Најмногу имаат за сува кожа. За комбинирана, масна кожа скоро ништо. Производите не им се скапи реално, нудат квалитет и не се мали. Зимата ја користев кремата со пантенол за тело и лице, мене ми е супер. Плус голема крема кија никако не се дотрошува а беше некои 500 денари. Засега не ја користам додека е жешко, здравје од есен планирам пак да ја користам. Јас и на лице ја ставав иако имам комбинирана кожа есен и зима супер ми го правеше лицето. Кожата ја чувствував мека и нахранета, иако ми е комбинирана ниту светев на критичните делови ниту пак на носот ми се перутеше кожата како што е вообичаено кај мене на зима. За сува кожа би била идеална и за на лето.