Ја имам купувано.. 3 парфеми(копии на оригинали) имам земено од една девојка со која сум и ден денес во контакт(здравје боже уште ке зимам),наочари,џемперче...Значи,гледате на сликите и убаво се ќе си прашате што ве интересира..Може да се начекаат убави неносени работи,ја редовно си ја отворам страната! Никој несака стари износени работи,нели? Мене ми се свига страната!
Имам купено часовник т.е денес си го земав случајно го видов вчера и прекрасен е башка кога го гледав да го купам беше 1600 а јас го купив за 500ден. и не беше ни малку користен со се кутија беше и тоа хартивчето не беше извадено.
Јас си имам од тука купено туника ептен убава за 300 денари и имам порачувано и парфеми копии на оригиналите
Баш гледам како ставаат штикли што во тип тап и GF се 200 денари, а ги продаваат по астрономски цени. И тоа баш во последниве неколку дена откако е попустот.
Скоро сите претеруваат со цените! Сигурно на некоја не и е толку итно да купи некое ланче, па да го плати тројно повеќе, кога може од алиекспрес да го порача за смешна цена. Исто и за гардеробата и козметиката, треба да се има во предвид дека е 2nd handed clothes, нормално нема да поверуваме дека ни еднаш не сте го облекле и ви текнало да го продавате. Исто и за тоа дека не им чини веќе, а е ново, да, сигурно преку ноќ ослабеле/се здебелиле или го одраснале. Не сме толку наивни! Секоја чест за оние ретките кои се приземни.
јас би додала на сево ова дека наидувам и на прачиња кои беа ин уште во далечната 2000та... Баш неќни видов иста како мојата прва ташна бај д вуеј купена некаде 2000тите (http://mojagarderoba.mk/items/torbi-i-c ... -tashnicka ) само мојата е портокалова ви се молам 350 мене на времето мија купија за смешна цена баш ќе ја прашам мајка ми може се сеќава точно...
Хахаха пред 100 години имав и јас ваква ташна. 100 денари од тезга-картон на Камени Мост Оваа изгледа со текот на времето добила на цена, небаре вино купуваш, па да биде 350 денари.
Баш така ! Еве, јас имам другарка ги продава алиштата дури по поголема цена од купената, а носени се. ** И јас имав таква ташничка 150 ден. ја купив на времето.
денес ова посебно ме насмеа http://mojagarderoba.mk/items/nakit/141000/glanc-nov-duki-daso-gerdan дуки и дасо прават вакви, сериозна си? Плус пишала гланц нов, а етикетата се распаѓа http://mojagarderoba.mk/items/nakit/103520/trendi-lanche потренди-здравје!
Идеата на сајтов е интересна до негде корисна. Ако некој навистина нема пари да си купи нешто ново барем ќе купи од тука. Ама некои од овие такозвани продавачи буквално ја злоупотребуваат. Прво радо би ја подарила во Црвен крст неголи да се брукам тука бе со ташна од пред еден век или незнам што за дупли цени од тоа што можеш да си го купиш ново и неупотребено Тие ќе си го чистат плакарот дома да не му зафаќаат место парталите, па уште и сакаат да заработат дупло од тоа колку што му чини цел плакар. http://mojagarderoba.mk/items/obleka/47 ... en-na-5000 Ова мислиш фустанот што прошетал на црвен тепих па 6000 бе. Немам коментар. Упс намален на 5000. My bad. Барем сега е преполно со продавници од типот на Пренди и Певекс каде што можеш да најдеш по некое парче. Не би се осудила ни да купувам, ни продавам тука.
POZZ DA NE IMA NEKOJ BROJ OD CLENKAVA NA SAJTOT MOJA GARDEROBA.MK http://mojagarderoba.mk/adorable-1295 FALA ODNAPRED!
Ја посетувам и моја гардероба некогаш чисто онака да разгледам што има не купувам и цената им се страшна работа. Пред се почнувајки од тоа што продаваат шминки користени, па препарати за тело гелови и ласиони кои во Авон се 9 тие ги продаваат по 150 и пишале ново а на сликата јасно се гледа дека е до пола. Ролоните што во Авон се 99 а сега во септемврискиот каталог може да се земат и за 79 некој ги ставил 149. Мислам страшно. Па се продаваат гаки, танги по 50 денари. Па прслуци некои црвени што ја знам за некоја смешна цена. Па маици, блузи и панталони. А најинтересно од се беше кога една девојка се сликала надвор некаде во фустан сос е ташна штикли и пишала нов воопшто не е носен. Па парчиња накит, венчиња, шноли кои се по 50 денари ги ставале по 150. Интересна е замислата на сајтот но не е тоа работата некој да мисли дека ќе стане милијардер. Ако имам некоја помала облека а не носена многу подобро во црвен крст ќе ја однесам отколку да се глупирам и да ја продавам дупло од тоа што сум ја купила. И онака никој не купува секој гледа да продаде нешто. Башка на едно девојче што ја знам и беа пратиле фустан пожолтен под пазувите. А и кога купувате нешто гледајте девојката да биде од вашиот град за да се видите лично да го погледнете тоа што сакате да го купите за да не има некои поголеми грешки на него.
Имав профил ама продавав работи со една другарка. Продававме MAC козметика се разбира не оригиналната, ама џабе беше се. Едноставно се трудиш за некого превише за џабе. Па више не ме влече ни тоа. Имам премногу шминка и козметика. Иначе имам искуство со добри членки, но јас одамна од кога бев тамо најдобрите членки си отидоа. Имаше премногу расправии, измами и препукувања. Едноставно е тешко да стекнеш доверба посебно преку интернет. Се откажав, може има 5-6 месеци како не сум се уклучила таму. А не ни сакам.
Кога се отвори сајтот бев зачленета, продавав нова облека и рачно изработен накит и запознав доста интересни девојки, ма да често имаше и измами. Некои девојки (кон крајот на 2012) почнаа да продаваат облека која ја купиле на али за пар долари, а ја продаваа по 1200 денари. После тоа се изгуби смислата, повеќето се трудеа да заработат дебело, а притоа да не понудат квалитет.