Си имам купено 2 пара штикли и нешто облека. Од се сум презадоволна, ама за се што ми се допаѓало по 100 пати сум размислувала дали да го земам. Најчесто било продадено додека јас да пишам, или не ми враќале на пораките. Со девојките со кои сум се договарала за среќа сум прошла супер, брзо и лесно се договаравме, се си беше како што беше опишано на сајтот и ми дозволуваа да ги пробам чевлите на лице место. Така да, јас би го препорачала сајтот, ама отварајте 4 очи. Тоа праќање по карго никогаш не би прифатила, прелесно е да те зафркнат.
Идејата е добра, али реализацијата е катастрофа. Има продавници socond hand каде работите се до 300 ден., чисто колку да не ги фрлат џабе. А овде иако носени ги продаваат и по цена повисока од купената. Работи од бит пазар и алиекспрес ги продаваат дупло и очекуваат некој да се излаже? Отварав повремено чисто за накит, али видов работи што сум ги купила во маалска продавничка по 150 ден, ги продаваат по 300-400 се уверив дека е глупост.
http://mojagarderoba.mk/items/chevli/173995/stikli се онесвестувам па тие во фаза на распаѓање се, таа ги продава
Имам предобро искуство со една членка на сајтот, продава нови ташни, ми стигна уредно средена, во 3-4 ќеси, супер искуство имав со неа. Друго не сум купила, ама некои членки од сајтот се премногу вообразени за блуза од 17век по 1000 денари...
купив една УВ ламба за гелни нокти за 500ден и ништо друго неам земено, 99% од производите се недостојни дури и за дискусија, а цените се им повисоки од што нови би коштале. Продава оние фејк шанел ташните од по 100 ден што беа за 150, мислам стварно осет бре луѓе, лоцирајте се каде сте.
Имам земено од таму паричник и супер беше , исот како нов , но никој не купува и повеќето не веруваат во карго.
Навистина многу корсен сајт.. ем можиш да се ослободиш од гардеробата што беспотребно ти фаќа место ем можеш и да заработиш по нешто.. Инаку вие што се жалите дека се сликале девојките во облеката и пишале неносена што очекувате кога ќе одите во бутик и ќе купите нешто дека тоа не е облечено ниту еднаш, па таму најмалку 100 девојки го пробале истото парче а и пред да стигне во бутикот кој знае во какви кутии со прашини се претерувало и како демек дека од бутик не е пипнато Фала богу не се осудувам да продавам облека што има флеки или не е исперена, јас прво не си дозволувам такво нешто да ми стои во гардеробот.. Единствено ги осудувам тие што продаваат шминка (конкретно авон, орифлејм) што ги зеле производите од каталот по една цена а на сајтот ги продаваат дупло.. али ретки се таквите, се на се.. девојките се супер, и поголемиот дел од нив се навистина супер за соработка!
http://tocka.com.mk/8/153284/i-povtorno-taa-naracala-edno-a-eve-sto-dobila-no-koj-e-vo-pravo ahahahahahahahahahahahahahahahah
Fustanot si e super, bas takov kakov go naracala, ama devojcevo si ima malku problem so stavata. Stava strava.
Од тука не би купила ништо. Ем се стари работите ем се користени, плус се и поскапи од новите. Имам забележано кошули од Алиекспрес што се по 300денари, тука се двојно повеке, а и носени се. Најголем дел од стварите се и ептен демоде. Нешто што се носеше пред 2000та.
da ne ima nekoj broj od clenkive ako ima neka pise vo inbox http://mojagarderoba.mk/pinkystar-4362 i http://mojagarderoba.mk/missnothin-616
Денес случајно видов на интернет страница моја гардероба и како што разбрав на неа се родаваат некој срос нови работи ,облеки,патики,пегли за коса депилатори или некој користени но зачувано ,што мислисте за тоа и дали ја знаете страницата и дали би купиле нешто од таму?
Сестра ми има акаунт таму и преку неа продадов некои работи но и купив. Има и нови, квалитетни ствари ама има и стари, никакви...