Имам многу облека само по неколку пати облечена или некој ми купил поклон па ми е големо и скорз нови се и сакам да направам профил па сакав да прашам странава функсионира и како функсионира? Преку карго после ги праќате работите?
Јас имав профил едно време. Функционираше ок. Во тоа време цените беа нормални. По карго се праќаат производите. Само ако имаш живци за тоа Јас имав најмногу детски алишта. Пет ќе ми побараше некој, 20 ќе однесев. И така
Имам профил, сум купила ситници, а сум продавала исклучиво само авон производи, залихи мои и на колешка, секако, ништо неотворено. Облека не би купила затоа што некако сум скептик за тоа што веќе некој го носел, на страна што и имам атопична кожа па ми е подлежна на чуда
Pa i jas da si napravam profil mi krca plakaron so ne noseni ili ednas obleceni raboti uporno i uporno doniram ama pak ostanuva po nesto
Poracav nakit samo ednas i veke nikogas nema da kupuvam ottamu. krajno neprofesionalen odnos i proizvodot bese katastrofa vo zivo.
Ќути луѓето ѓубрето од дома си го продаваат бе. Шпиц штикли ко шо се носеа во 2003/4та година ги продаваат по 500 денари. Јас имам на времето пред 4 години купено конверс оригинал, стварно беа нови и скоро неносени, ни гумата не им беше разгазена, за смешни 700 денари, ги изнаносивме со сестра ми. Исто имам купено капут кафен, кариран, уз него идеше и едно палтенце маслинова боја бершка и пантолони, кои мене ми беа тесни ама на сестра ми и се фаќаа убаво. Капутот и палтото уште ги носиме, пред 4 години беше и ова исто. Пред 2 години кога бев во мк шалтав да видам што има, и видов уште едни конверс, кожени старки, задниот дел им се преклопуваше стварно беа штосни и си ги нарачав, 600 денари беа, кога стасаа што да видам, гумата одоздоле пукната, а внатре на петата изедена, изгледа некој на пета мавал кога одел хаха
Не знам. Јас сега прв пат отворив да видам и без навреда за девојките воопшто не ми се допаѓа. Јас секако не би купила носени работи ама овие се тотално демоде. Значи шпицот од 2005 и шпицот не се исти. Не змам кој би го купил тоа Исто и тие сатенски кошули.. Не, не. Последен оглас што го видов беше танга со цена од 40 денари. Ја само се надевам дека не е носена
А кaкo вршaт испoрaкa? Кoгa се плaќa,не ми е јaснo? Сепaк не, блaгoдaрaм. Штo велитее пoгoре стaри нoсени рaбoти пa и пoскaпи oд aлиекспрес итн. Имa пo некoј исклучoк, нo рееткo,сепaк не сум пoрaчaлa a и не верувaм декa ќе пoрaчaм. Сегa гледaм и икoни прoдaвaaт хaхaх ццц све је пoлуделo.
Испораката е преку карго. Си разменувате име, град, телефон. При подигање си ја плаќаш цената на производот и плус каргото. Каргото е обично 60 денари или зависно од тежината. Денес ако ти е пратено, утредента си ги подига парите откако ќе платиш ти исто во каргото од каде е пратено. Поздрав, се надевам ти помогнав. П.с Имам многу позитивно искуство од Моја гардероба сајтот, дури си стекнав и некои пријателки
Кога ми е досадно разгледувам накит и сл. овде. Немам ништо порачано до сеа за мене, само сестра ми еднаш ролери порача скроз нови беа а по доста солида цена. Облека, обувки, кармини такви работи никогаш не би порачала освен ако со етикета е и е ново, башка многу високи цени има. Шпиц штикли од пред 10 год по 250 денара, тие и гратис да ги даваат нема никој да ги земе. И карго да платиш не се исплаќа.
Девојки ако има тука некој член на мг да ми каже што се случува последните два дена со сајтот? Никако неможам да се најавам се пробав и не бива..
Сега се среди конечно.. имаше цела недела проблем кај сите и со логирање и со прикачување..цела недела немаше објавено ниту еден нов артикл..