Moja диета

Дискусија во 'Диети' започната од The.Pink.Angel, 29 август 2012.

  1. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Здраво на сите :) Јас сум ги испробувала скоро сите диети неможам да ослабнам многу само 2-3 килица и ке ги накачам нема за мене диета а не дека сум дебела кујзнае колку висока сум 1,70 а килажа 64 сакам да бидам 58 незнам како да ги намалам тие 5 кг многу ми е мачно и вежбав до пред 7-8 дена ама се откажам ништо нема ефект па еве јас сама си измислив диета денес ја почнав доста ми е од овие глупави диети ослаби 8кг за 1 нед и ајде одма од кога ке ја завршиш диетата ги вракаш килограмите и тоа дупло мојата диета е всушност здрава исхрана :) таа се состои од 5 дена и сите тие 5 дена откако ги завршувам ке продолжам од 1ви ден и се така исклучиво вечерата во сите денови е иста Шопска Салата :) сакам да прашам дали е добраа оваа диета да не е штетна како другите :!:

    1 Ден
    Доручек 2 парчиња двопек 1 парче сирење и 1 парче салама и 1 чаша шумлива таблета од портокал
    Ручек Варен ориз со салата
    Вечера Салата шопска

    2 Ден
    Доручек Јогурт и овесни снегулки
    Ручек Варен компир како салата со малку зејтин
    Вечера Салата шопска

    3 Ден
    Доручек 2 Исти овошки или разлини на пример 2 праски или 1 праска и 1 јаболко
    Ручек 1 парче печен пилешки стек
    Вечера Шопска Салата

    4 Ден
    Доручек 1 Витанова и 1 овшка
    Ручек Варени тесетнини само може да ги јадете со кечап
    Вечера Шопска Салата

    5 Ден
    Доручек 1 парче двопек и парче сирење
    Ручек Риба печена или варена може и конзерва
    Вечера Шопска Салата

    НАПОМЕНА !
    Не смее да се јаде леб исклучиво двопек 1-2 парчиња,Не смее да се претерува со јогуртот или овесните снегулки во 2риот ден ,Не смее да се претерува со полни чинии тесетенини.Салата може да јадете колку што саката.Пиете вода колку што можете повеќе препорачливо е по 2 кг вода да се пие на ден.Кога ке почуствувата глад напијте се вода.
    ВАЖНО!
    Размерот помегу опроците е 3-4 часа!!
     
  2. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    223

    Не постои брза ефективна диета :)
    Со таквите диети да, може да се изгубат килограми, но речиси секогаш после се враќаат ( некогаш и повеќе ).
    Само промена на режимот на исхрана , правилна комбинација на оброците, исклучување на слатки, конзервирани работи, рафиниран шеќер, брза храна, индустриски сокови, и секојдневно пиење по 2 - 3 литри течности ( вода, цеден сок ) плус некоја физичка активност ако ти дозволува времето, за некој месец се гледаат резултати ;)
    Јас на тој начин , без никакво малтретирање на организмот со диети, чаеви, апчиња, успеав да симнам 15 кг. :rofl:
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.346
    Пол:
    Женски
    Не е диета, но е некој мој режим со кој слабеам, а претходно со ниедна диета не можев да ослабам.
    Моето стангирање заврши од кога го применувам ова:
    На менито забранети работи: леб, секаков вид на благо, грицки во секој вид освен грисини и бел шеќер.
    Дозволени работи: се освен горенаведено. Урмите ми се замена за благо и со нив не чувствувам апсолутно никаква потреба за никакво благо+Шумечи за некој витамин плус.
    Јадење најмногу до три оброка, најечсто ми се два, ако ги прерачунаме и два пати јадење урми, еднаш на утро за појадок и еднаш во 5 и 30 му доаѓа 4 или 5 пати на ден.
    Зелен чај од време на време, вода само кога ми се пие, зошто и тоа дека треба да се пие по 3 литри на ден е чиста лага и маркетински трик од компаниите кои пакуваат вода.
    Физичка активност по избор. :muscle: :o:
    И најважното, престанување со секакво јадење после 6. Смее само да се пие вода или шумечи, а понекогаш и млеко, јогурт или кафе.
    Делува секако, зошто и на вечер на нашиот организам со самото затемнување не му е потребна многу храна, затоа и се препорачува на вечер да се јаде некоја полесна храна. И секако, ни овошје, ни зеленчук после 6 не доаѓаат во предвид.
    Дури може и со јадење благо да се слабее, но не после 6, ама јас го исфрлив сосема.
    И на тој начин е многу поефикасно. За нецели 30 дена изгубив 3 килограми со овој режим и намалување во обем, најдобар е зотшо се има некој ред, не се чувствува глад иако цревата пред спиење ти кркорат и се има некоја дисциплина. :)
    Најбрз начин е овој без никаква брза диета. Секому го препорачувам.