Да не знае некој дали го има документароцет Money Heist: The Phenomenon некаде да се гледа онлајн, освен на Нетфликс. Еве веќе неколку дена проверувам, но не го најдов до сега.
Пред да пишам овде го побарав на попкорн, не знам како сум го пропуштила . Фала ви на двете на одговорите, ќе имам што да гледам вечерва.
Ако некој лик сакам да го изеде дебело тоа е Артурито. Позабеган лик амин. Токио ми беше омилена во прва сезона, ама во последно не. Изгледа дека фризура смени некако ми се промени сликата за неа. Професорот на моменти некако наивен ми изгледа, или и тоа е дел од планот. Мислам дека авторитет му фали и подециден да биде, вака очајно бара решение во 5 до 12 и на крај bad ass му успева ха. Берлин непребол. Маестрален. И мене ми се допадна што и после смртта пак го имаше сезонава. За Москва ептен жал ми падна кога умре. Душа, искрен и добар. Исто и делот со приказната како го повлекол Денвер во heist-ов. Денвер, иако на моменти ме нервира, еднаш да се насмее во Денвер стајл простено му е. Најроби мадафака иако мене не ми беше драга, на бандава и даваше посебен изглед. Спојлер И наредна сезона нема дефинитивно да биде исто без неа. Хелси и "мамицу ти јебем" моментот римаркабл. Ко ликови во првите две сезони не ми беа ништо впечатливи со Осло, Спојлер ама сега некако Хелси има приказна, зближувањето со Најроби, па Палермо ко ќеса ѓубре што го третираше. Па на крајот извини ама од болки сум ѓубре човек дај другари да бидеме, со ова демек Палермо добар е сега. Палермо, ете одлучиле дека групава мора да има толку егоистичен член, ама Берлин беше незаменлив. Палермо бледа копија, страдилник од една неостварена љубов. Ракел, ко инспекторка повеќе ја сакав. Ми нема фаца на криминалец дефинитивно. Алисија од друга страна ќе ја биде мислам ако ја регрутираат. А се ми се чини ќе нема избор. Сопругот починат, дете на пат, ќе нема кој да го израсне ако таа оди в затвор. Стокхолм од старт не ми одговараше со Денвер не знам зошто. А со последнава сезона уште толку ми се скрши филмот. И сакам 5та сезона да биде последна, оти ќе почне да нема смисла, еден грабеж сто сезони. А и ако почнат да ја развлекуваат ќе ја заебат скроз серијава.
Прочитав 5 сезона во декември ќе имало, 6 сезона наредната година 2021 само не ми текнува точно кој месец, дали беше август/септември така нешто.
Артурито леле колку ме живцира. Намерно го номинираше Денвер за да му се одмазди за Моника и ништо не доби со тоа. Уште во прва сезона ми идеше да му ја пукнам фацата.
Серијата не престанува да ме воодушевува. Мислев дека втората кражба ќе биде бледа копија на првата, се со цел да излези уште една сезона, но не било така. Немам коментар за сите луѓе кои работеле на серијава, феноменална е. Само што го догледав The Phenomenon. Да не откривам детали, ама обавезно гледајте го ако сте фан. Штета што треба долго да чекаме за нова сезона.
Организираат опростување со Најроби и ако сакате можете да оставите порака на оригиналниот инстаграм на серијата. Сите пораки ќе бидат прикажани на 17 Април.
Како и свирна куршум на Најроби Ни секунда да не здивне,што не преживеа,сурово си замина. Последна епизода сум на пола ја гледам. Инаку документарецот го има на Нетфликс.
Ја изгледав цела, воодушевена сум од неа. Го изгледав и документарецот. За крајот: Многу нелогично заврши. Не оставија со мисла дали ќе го убие Професорот или ќе се појави Марсел од негде и ќе и стави пиштол од позади. Тоа е веќе видено во други филмови така да за крајот очекував повеќе со оглед дека низ цела серија изненадуваа. Не очекувам друг крабеж туку продолжеток на сегашното со повеќе жртви и појавување на други ликови ко Манила на пример. И тука мислам дека петта сезона ќе е последна. За документарецот: Биле неспремни,работеле на проект за кој не биле многу оптимистични дека ќе се прослават. Задолжително да го погледнете,како преку ноќ Нетфликс им го менува животот.