Наироби во документарецот кажа сама дека повеќе не сака да глуми..барем јас така сфатив,Инаку што мислите дека ќе се случува во 5та сезона?
Ја завршувам првата сезона. Ќе останат сите живи до четвртата сезона? Само тоа ме интересира. Без други спојлери
Мене ми беше многу глупа втората сезона. Посебно Спојлер: Не гледај ако не си ја изгледал до крај! кога ја убија Наероби. И Артурито нека го убијат аман. Не знам што го чуваат. Нека го вратат назад. Сезоната со Банката ми е ептен нелогична и сосем слаба во споредба со онаа со Фабриката. Иначе на Нетфликс се до осма епизода, следните кога ќе излезат?
8 се само. Ама ќе има 5та сезона, а негде ко да видов и 6та.. Искрено јас сакав да заврши со 4 сезони.
8 се? Тоа беше крајот? Јас па мислев две сезони се. Една со прв и втор дел и втора сезона со исто два дела. Последните две епизоди ми беа шит значи многу се изнервирав. Спојлер Гандиа на толку пукање не го ич погодија. Мислам, те молам. И онака лагано ми простија на Палермо.
Хахаха да беше така, најдобро ќе беше.Ама се прослави серијата и сега.. Спојлер: Спојлер за твојот спојлер Јас на тие две работи многу се исфрустрирав. Општо мразам во филмови и серии кога од едно пукање некој паѓа мртов а од милион има гребнатинки само. И Алиса ако некако склопи договор со Професорот и бандата ќе збеснам, колку им згреши..
Деновиве по инстаграм ми се врти видео од Наироби (Алба Флорес) како мала на некоја емисија... видете ја колку е само најкјут бе
На крајот на осма мене ми беше само кога Спојлер Лисабон влезе во банката и викаа "за Наероби" Мене ми изгледа како сезоната со Фабриката одлично е осмислена до детал. А, со банката е опкескана, само работи нафрлано. Спојлер Денвер се шекна оти Моника и Рио се гушкаа. Токио се налути оти прв пат беше оставената. Многу детски. Спојлер Палермо со шалите ми беше стварно отвратен. Искрено. И за Хелсинки ми беше жал како го користи. Гандиа ќе му ги извадеше очите на Палермо, а овој глупакот му помогна да избега. А, и на крајот кога Гандиа сакаше да избега требаше еден куршумот. Мислам така беше планот.
Спојлер Некако ми се чини дека Татијана ќе има некоја улога во сево ова. Баш поради тоа што ставија акцент на венчавката и сцената кога Професорот му збореше на Берлин како е сигурен дека нема да го предаде. А и сликава ми излезе на нет: