Спојлер Татијана ќе има сигурно некоја улога, не за џабе беа сцените од свадбата. Мислев дека ќе се појави тогаш кога даваа пари за да ги фатат Професорот и Ракел ама не беше така. Има многу сценарија кои се можни, останува да ја чекаме новата сезона.
Не реков јас дека се исти туку само ми фрли сомнеж фотографијата. Како и да е мислам дека Татијана ќе има некоја улога, може ќе стане дел од тимот, а може и ќе ги предаде бидејќи Берлин кажа дека таа знае за планот со банката.
Спојлер: Спојлер Мислам и јас дека имаат некоја поврзаност, али па ако имаат тогаш сигурно Алиса ќе го знаеше нивниот план. Можеби сега Алиса ќе дојде од нивна страна.
Спојлер Како за Берлин не знаевме дека е брат на професорот? Дури на крајот на втора сезона дознавме дека се браќа. Спојлер Сигурно ќе има некоја поврзаност. Не оставаат ништо на случајност. Се уште немаат покажано што се случи после со Татјана.
4та сезона - маестрална! Се изгубив во простор и време гледајќи ја. Артуро треба награда да добие за најантипатичен, секоја чест како ја доловува улогата. Не знам како самиот на себе не си е иритантен. Гандиа ми е освежување, фалеше некој ваков да ги размрда малце, а и физички каков е ..
Jaс сум до средина на трета сезона,али некако без Берлин ми нема шмек.Не е тоа тоа.. Инаку да,Артурито е антипатичен ама толку не ме нервира,будалетинка ми е и толку.Нај нај најмногу ми ги поткреваше нервите Алисон Паркер.Не знам зошто,само да ја слушнев како зборува доволно беше,се наежував,ама не од убаво чувство. Не знам што се случи со Аријадна ама се надевам нема да се појави пак,и таа одвратна беше. Другите ликови ми се ОК,штета за Москва.Токио не ми е нешто омилен карактер,ама кратката фризура ич не и стои,ја унакажале стилистите. С`е на с`е,ми се допаѓа серијата.Ми се допаѓа што е на шпански јазик,уживам додека ги слушам. А да,и песната на најавата многу ми се допаѓа.
Чекајте малку другари. Алиса рече дека мажот и умрел од рак,а Берлин имаше рак ама почина во втора сезона погоден од полицијата. Или е истата само е сменета или?
Јас како што знам Берлин имаше многу ретка болест. Наследена од мајка му. А, и маж и се викал Герман и Ракел го знаела.
Немаше рак Берлин. И јас како тебе помислив, ама после ми текна дека дејството е после 3 год од смртта на Берлин па нема шанси да е тој.
Meне овде Артурито смешен ми беше,кога го зафркаваа дека е „ла бомба“. И моментот со ножиците..Шупелка
Многу би сакала да е пресврт ама е невозможно. Едино ако Сиера е поврзана со Берлин е ако Татјана е нешто блиско со неа. Пример сестра. Берлин е венчан поќе пати. Шо се случва со жените? Кај е Татјана? Дали ја уби? Дали за Сиера ова е лично? Едино вака можи да се поврзани.
Јас за нешто друго дојдов да известам. Кога сме кај популарноста со која се стекна серијава, линкче Баш се кул, посебно Bella Ciao