Одлична серија, ги имам изгледано сите 4 сезони. Оваа ми беше најтажна и нервозна заради Наироби душа. Интересен е фактот што немаат одредено сценарио туку на снимањата се пишува, можеби и затоа е се вака испревртено.
Ја изгледав серијава во неколку дена,океј ми се допадна јака е. Мислам дека почнав да ја гледам од што гледав дека сите на социјалниве мрежи споделуваат дека гледаа па сакав да видам за што се работи. Ми се допаднаа голем дел од глумците,особено професорот.
Јас ги изгледав двете сезони, маратонски. Ми се допаднаа. Има и трета сезона, ја почнав, ама некако како и што често се случува дејството некако станува неинтересно. Може мој впечаток е. Ајде некој нека ме кандиса да ја гледам, нека ме разубеди Рингтон ми е музиката од филмот. Многу ми се допаѓа.
И мене 3-та сезона не ми беше нешто посебно интересна ама некако ја изгледав. Е веќе 4-та сезона е друг муабет. Верувај ми вреди да ја изгледаш 3-та ради 4-та сезона.
Ајдее се чека следна, зошто мораше така да заврши 4тата, ќе си пукнам И јас исто ја изгледав по препораки, мораше да бидам во тек ххехе Спојлер Дали тоа јас пуштив две солзи за Наироби? Па прв и последен филм на кој сум плачела бил Tengo ganas de ti во 2012. Знаев дека ќе умре дека видов случајно од спојлери, али сцената кога ја изнесуваа беше многу емотивна. Палермо е крив, да не се спречкаа, ќе беше жива и ќе си го изнесеа сеа златото на мира. Значи уф колку се нервирав кога го пуцаа Гандија, па добро бе, толку души и плус митралези, Стокхолм зад грб му беше, две шанси имаа, па ви се молам... За Артуро не коментирам, он не е Артурито, он е Артуритиште. Омилени ликови ми се ел професор и Токио. Токио е алфа жена, а професорот тивок, навидум наивен, ама всушност испод мира триста вира. Интелигенцијата е секси. Многу сакам да знам што се случува зад камерата, и ваквите видеа ми се најинтересни.
Ги познав од прв ред: Рио, Професор и Берлин. Од втор ред само Најроби, можеби Токио е првата. Од трет ред: Денвер и последна мислам дека е Моника. Другите не можам да ги препознаам
Или таа или според квалитетот на сликата можеби е Дарко Периќ, Хелсинки. Ми изгледа како слика од екс-ју времињата
Го гледам првиот ред и си викам „Дее колку се менувал Берлин од кога бил бебе до возрасен“. Одам на вториот ред и нешто не ми штима.. Наироби била плавуша?! Го читам твојот коментар и .. ај сама ќе се испратам.