Ај здраво Серијата ја почнав неодамна, и ме освои за кратко време. Ликовите сите прекрасно разработени, хемијата помеѓу нив, одлична глума,многу добро склопена приказна, иако морам да признаам дека има некои пропусти во целата драма ама who cares серијата ми е една од поимилените, ако не и најомилена. Исто така морам да ви признаам дека професорот ми е краш, интелегенцијата, неговиот глас, гестикулациите со рацете кога објаснува нешто, уффф можам да го слушам и гледам како зборува со часови без да ми се здосади Инаку почнаа со снимање, деновиве снимаат Во Копенхаген, актерите кои ги глумат Богота, Марсеј, Татијана и новиот актер Патрик Криадо. Најверојатно во 5 сезона ќе гледаме пак флеш бекови со Берлин. Според сликите и видеата кои ги видов Спојлер снимаат во замокот Фредериксборг и кај каналот Нихавн во Копенхаген најверојатно се работи за некој флеш бек со Берлин од претходните кражби со Татиана,
Нигде нема официјално дека оваа ќе биде последна сезона, денес гледав едно интервју со Фернанфо Сото актерот кој го глуми Анхел, тој изјави дека им немаат соопштено дали ќе биди последна сезона, можно е да продолжат ама со друга приказна. Затоа пишат крај на грабежот ? Значи двосмислено, крај на грабежот во банката Овие серии од нетфликс никогаш не можиш да знајш кога е крајот, можи да ја развлекуваат до бескрај серијата, по мое најдобро да завршат со 5 евентуално 6, нема смисла да ја тупат толку време со истата приказна, губи шмек серијата им паѓа рејтингот.
Најверојатно, Берлин и Професорот главни кандидати, не дека и другите ликови немаат своја приказна за спин оф ама за овие двата има уште многу што да се зборува. Оваа сезона исто така ќе го гледаме Берлин почесто со флеш бекови, од сликите кои протекоа на интернет досега во 5 епизоди се појавува, завршија во Данска сега се селат во Лисабон, таму ќе снимаат. Изминатата сезона ме нервираа со некој безвезни сцени со Берлин и Палермо, на пример сцената со ликот во тоалетот, за ништо небитни ликови добиваат повеќе скрининг тајм а некои ликови како Ракел на пример се помалку и помалку се појавуваат во сцените. Наместо тие безвезни сцени можеа повеќе да ни покажат на пример како ја спремаат кражбата во манастирот, интересни сцени имаше со бандата, комични. Или на островот ич не ги видовме како функционираа профето со инспектора, веќе кога го тупат со флеш бекови подобро нив да ги гледам од колку Берлин кај шо му ги вади јајцата со вилушка на некој дебелко во тоалет ни виден ни чуен
Можно е некои делови од серијата да бидат оставени намерно нераскажани, за во спин оф серијата. Треба материјал и за таму.
Сеуште не се знае точно. Се зборуваше за Јануари следната година ама заради короната се одложи. Најверојатно Август/ Септември 2021 или кон крајот на идната година.
Истооо! Само се надевам информацијава е точна зошто само на една страна го видов ова објавено.Не знам колку е верно.
Леле конечнооо. Мислев при крај на годинава ќе излезе, ама супер ако е вака. Гледав по сториња дека завршија снимањата, така да датумов е таман.
Ми ја разубавивте вечерта Кој ќе чека сега до април е прашањето А, да, се надевам дека нема да има убиство на некој од главните ликови. Не ќе можам да претрпам уште еден шок