Излезе ли сезоната? Ништо не најдов. Едит, сепак не: We have some interesting news about the Money Heist season 5 release date to share. In April, Netflix shared Money Heist season 5 will be released in the second half of 2021. This information was released in Netflix’s Q1 letter to shareholders. Netflix knows how popular this show is globally, and they want everyone to know it’s coming later this year.
Аууу, според промо видеото ќе има многу плачки на крај Само Ел Профе и Лисбоа да не ми ги гибаат, со другите што сакат нека прават.
Ваљда ќе биде поделена во 2 дела, пример ако има 10 епизоди од сезоната, 5 ќе пуштат во септември а останатите во декември.
Серијава начисто ја заборавив, заглавена сум на трета сезона и не мрдам. Ај имам фора да ја дозавршам третава сезона дури почне новата.
Да, ја заборавив неа. Ми кажаа дека била далеку поинтересна па некако ми олесни. Ваљда брзо ќе оди таа, леле се надевам дека нема да ме утепа како третава. Многу ми е досадна, ќе славам кога ќе стигнам до четврта.
Мене сите ми беа подеднакво добри, ама четврта има повеќе дешавки за разлика од трета. Верувам ќе ти се допадне повеќе.
Последната сезона на серијата „Куќа од хартија“ (La Casa De Papel) ќе биде објавена во два дела. Првиот дел ќе започне на 3 септември, а вториот на 3 декември, најавуваат од „Нетфликс“. - Кога почнавме да го пишуваме петтиот дел среде пандемија, почувствувавме дека мора да го смениме она што се очекуваше од 10-епизодна серија. Ја искористивме секоја алатка што можевме за да создадеме сензација за финалето. Одлучивме да работиме во екстремно агресивен жанр - вели Алекс Пина, креаторот на серијата. - Во вториот дел повеќе се фокусираме на емотивната ситуација на ликовите. Тоа е патување преку нивната сентиментална мапа што ќе нѐ поврзе директно со нивното заминување - вели тој. Според официјалниот трејлер на „Нетфликс“, бандата е затворена во Банката на Шпанија повеќе од 100 часа. Тие успеаја да го спасат Лисабон, иако им претстои еден од најмрачните моменти. Професорот е фатен од Сиера и првпат нема план за бегство. И баш кога се чини дека не постои нешто друго што би тргнало наопаку, на сцената излегува непријател помоќен од кој било: армијата. Се ближи крајот на најголемиот грабеж во историјата, а она што започна како грабеж, ќе се претвори во војна. https://www.fakulteti.mk/mobile/new...a-na-edna-od-najpopularnite-serii-na-netfliks
Лелее, со душа чекам да ја почнам новата сезона. Утре една по една ќе ги решам сите епизоди во еден ден. Тоа е планот за овој викенд. Неодамна ги завршив преостанатите епизоди. Третата сезона ми беше така-така, доста климава и најдолго заглавив со неа. Четвртата беше друга приказна, се вратија на старо и Сиера е освежување ептен. Многу голема паузава до декември, ама се надевам ќе вреди.
Wtf вториот дел од новата сезона дури во декември? Немаат осет значи, од кога ги чекаме сега уште чекање