Спојлер Редно беше некој да го затне Артуро, стварно имаше погана уста. А онаа инспекторката, трудна е или прејадена? Многу силна дека некако, сама го крева, спушта, мести професорот... му велам на мм има некоја приказна со неа и со берлин тој вели не, две епизоди имаме изгледано до сеа, вечер продолжуваме...
Спојлер а бе Бубе знам дека е бремена така напишав затоа што ја направија нереално силна за една трудница во деветиот месец од бременоста
Мене ме изнервира сезонава и ич не ми беше до плачење. Спојлер Колку безвеза работи, се изнервирав. Ај инспекторкава што беше невозможна трудница, беше. Со тие потези и кревање тројца мажи во 9ти месец од бременост. Оооок. И професорот не беше за фрлање. Експерт за сè, па дури и за пораѓање жена со карлично поставено бебе. Одма он потфати, намести, извади. Fixed. Друго, Токио. Сериозно? Не знам која беше потребата. А знаев дека ќе умре уште кога го видов банерот со неа на Нетфликс. Си реков, 100% ќе ѝ се деси нешто. Таман, до крај на сезоната да ги истребат и тие 2-3 жени што им останаа во екипата. Немаше потреба од вакво нешто, но ајде, ќе гледам до крај па ќе видиме што ќе има логика до тогаш. И колку безвеза моменти со фрлањето бомби ко да се топчиња за тенис...Не знам, премногу wtf моменти имаше во епизодиве и малку така ме разочара почетоков. Не дека беше нешто особено лошо, самиот факт што ги изгледав епизодиве една по друга кажува дека држеле внимание и ми било забавно и покрај дискутабилниве случки. Ама некако квалитетот е драстично опаднат после втората сезона. И аман значи со тоа убивањето битни ликови, ко традиција им стана. Знаеш дека во секоја сезона ќе отиде уште еден и малку така станува досадно ова повторувањето. Немам идеја како ќе заврши, ниту пак се обидувам да имам. Go with the flow ќе бидам исто ко и сега. Ме интересира како ќе заврши, ама се надевам дека нема да оплескаат ептен па да ми одмили серијава.
Имаше некои фалш сцени ама воглавно океј беше, енергично осмислено. Барем акција имаше прекумерно. Спојлер Сцената со бомбата, ептен аматерски. 3 мин не пукна. 1 саат епизода, се пукаат, никој не повреден, ама затоа главните ликови најтрагичен завршеток со 100 куршуми. Изгледа немаат нова идеја, или мислат поемотивно ќе е ако умре главен лик. Во секој случај, со истата финта се послужија како и претходните сезони. Барем цела сезона да беше објавена ама според овој дел ќе има некој клише, херојски завршеток. И жртви секако.
Спојлер Јас се изнаплакав ради Токио ама мислам дека немаше потреба да ја убијат неа. Главен лик е, овој досадилокот Артуро го држеа многу време, живци ни искина, па туку речи во исто време ги убија него и Токио. На крај памет не ми паѓаше дека ќе ја нема Токио, мислев следен дека ќе биде Денвер или сосем друг. А мислете ли дека можно е да биде жива? Мислам нема никаков начин како да остане од тие бомби жива, ама на филм се е можно? Баш ме интересира како ќе заврши другиот дел, незнам што друго би додале а да не биде веќе видено.
Спојлер И јас мислев дека ќе најдат начин да остане жива (бидејќи од почеток ги раскажува грабежите), ама после толку куршуми и бомби, не верувам. Берлин од куршуми умре, а Наироби од еден, така да.. Ќе биде грдо да ја оживеат Токио.
Спојлер И јас помислив дека може да остане жива, со оглед дека наратор е и целата приказна ја раскажува. Дури и ,,смртта" си ја опиша. Ништо чудно на крај да ја видеме некаде на плажа седната пишува книга за сѐ што биднало.
Спојлер Ако остане жива, очекувам многу фанови да останат разочарани од крајот. Серијата би добила исти реакции како GoT, после финалната епизода. И серијата беше поубава и поинтересна, кога не беше под Нетфликс.
Спојлер Не ми беше логично тоа што ја испукаа сите Токио, она се освестува по некоја минута и ги има активирано гранатите по телото што и беа. Нема логика, кога го направила тоа? Сигурно не додека беше онесвестена..Али сепак се на се интересна ми беше сезоната, за мене клише ќе беше ако не умреше никој. Мислам дека на крајот ќе излезат само неколку живи. И уште нешто, како коа ги фрлаа тоа гранатите подот под нив не се кршеше
99% на Нетфликс е булшит. Сите квалитетни серии што ги прикажуваат не се нивна продукција. А, и тие како оваа кога ќе ја превземат, има нагло опаѓање во квалитет. Но, јас не сум разочаран. Добра вожња имаше овие 5 епизоди, акција, динамика. Одамна не барам логика во неа, иако ми смета што ја нема таа интелегенција што ја имаше првите 2 сезони каде те оставаше вау планот на професорот и како се се одвива. Требаше тогаш да ја завршат.
Мене ем ми е веќе разводенета приказната и гледам од навика за адреналинот и акцијата, ем ми се плачеше на крај оти сепак се приврзав со ликовите Спојлер Освен тоа што веќе сте спомнале, не знам што ми беше по wtf момент - дали кога Манила (која претходно баш симпатичен лик ја направија со целата приказна како транс жена и прифаќањето од татко ѝ) на сред престрелка му се удвараше на Денвер и го убедуваше дека уствари не ја сака и не е среќен со Моника, или кога Моника исто сред цел тој хаос зеде да се издрогира и да не знае кај се наоѓа, као озбилно?!
Ауч. Спојлер Не знам што да речам за крајот... Токио не ми беше омилена ама па не ни сакав да умре. У секој случај океј ми беше шрвиот дел од сезонава, имаше акција. Едвај чекам да излезе втората половина и да ја довршат приказната за Татјана, многу ме интересира што ќе излезе.
Искрено, серијава требаше да заврши со грабежот на банката. Веќе им падна квалитетот. Не дека е лоша, една од подобрите е. Ама секоја серија што ке ја завлечат со сезони епизоди на крај е too much.
Реално малку сум разочарана од 5тава сезона некако многу е паднат квалитетот и самите сцени повремено наликуваат на цртан филм.. Од интригантна и интересна серија се претвори у ефтина американска акција Крајот на сезонава тажен и трагичен, но реално според мене ја извлече целата сезона.. Спојлер Токио не ми беше омилен лик, реално и претходните сезони на живци ми газеше.. ама приказната пред да стане Токио ептен ме погоди Секоја жена има љубов која никогаш неможе да ја преболи, се знаеше дека нејзината дефинитивно не е Рио.. уште од првиот флеш бек знаев дека ќе и се случи нешто.. Гранати летаат од сите страни на секои 2 мин, ама никој не е разнесен скроз Само не и ја разбирам потребата на Алиција да сокрие ножици, зар сериозно сака са ги убие/избега?! Најинтересни сцени ми беа сцените со Берлин и неговите претходни грабежи, син му дефинитивно ќе има некаква улога во наредните епизоди, дури и сцените со Алиција ми беа поинтересни од сите пукања внатре банката..Премногу пукање, досадни сцени, ништо од интелегентните решенија и планови заради кои серијата беше феноменална Овие 5 епизоди бандата губеше сите беа стиснати во ќоше,заробени,разнесувани дури повеќе пати се надевам наредните 5 епизоди ќе бидат многу подобри и конечно ќе дојдат нивните 5 минути
Спојлер Ај и јас да пишам неколку реда, да не ми тежи на душа . Сезонава ми беше мех искрено, се е веќе видено освен некои новости ко пример Алисија шо го најде професорот. Буквално гледам за да видам како ќе заврши, веќе 3 сезони се дешава истото па истото. Сцените со Берлин јас ги скипав, никад не ми беше интересен тој а и сега толку ми е досаден шо ни секунда не изгледав од сцените со него. 3 сезони го влечат после смртта и уште ништо нема поврзано со него да си речеш а океј вредеа тие флешбекс. За разлика од него, кога ја видов Наироби на тие 5 минути од сезонава, срцето ми се стопи. Премногу се осеќа нејзиното отсуство. Моника мислам дека ја мразам повеќе од што го имам мразено Артуто сите овие 5 сезони. Така ми изгази нерви што се молев неа да ја разнесат наместо.. Токио, не очекував да умре. Иако ни мене не ми беше омилена, се скинав поштено од плачење, али се знаеше некако дека е она ради сите спомени што и се навраќаа. Е сега читам многу теории демек е жива, искрено колку и да ми беше тажно што умре, се надевам дека нема да ја оживеат затоа што според мене ќе се изгуби целата смисла и серијава ќе стане апла шит шоу на крај. За вториот дел од сезонава не знам што очекувам, се си мислам дека професоров ќе умре а за другите појма немам, не можам во ниедно сценарио да ги замислам