У секоја сезона битен лик гине, у секоја сезона професорот е отриен… Дефинитивно не се споредува со првите сезони дејствието во овие 5 нови епизоди, внатре во грабежот се беше бавно, некако веќе видено, и не бев најголем фан на Токио ама имаше бизарна смрт според мене, и малце се изнервирав што и неа ја убија, уште непребол Најроби ми е. Шо е со убивањето на главни женски ликови, Монита ли ќе а глеаме квачката шо на сред војно поле она се фикса оти го испукала Артурито крлежот… Зошто ако имаше толку гранати Токио не фрлаше по нив и не се фрли она сама у дупката кај шо а чекаше Денвер? Midwife стана професорот, а таа па грдата патка ножици скри демек после се уште ќе се тепа, одвратна ми е и ја направија Двејн д Рок женска верзија, 9 месец јас едвај станував од кревет со придружба а она хероина јака. Останува другите 5 епизоди да видиме шо ќе донесат, овие само ме изнервираа. Да не заборавам да кажам дека Марсел го обожавам, одличен е. И добри беа сцените со Берлин и син му, вака така Берлин уште се појавува иако и он како предобар лик прерано замина.
Овие 5 епизоди не морале да ги снимаат воопшто. Воопшто не ме импресионираа, крајот не ме натера да сакам да гледам уште. Серијава почна да ја губи смислата уште по смртта на Берлин. Скрос непотребни сезони.
Само што завршив со гледање. Акција, акција и само акција. Воодушевена сум од начинот како ги снимаат, монтираат, од глумата и слично. Сигурно е тешко. Се на се добра сезона, иако морам да признаам дека претходните сезони повеќе ми се допаѓаат, ми фали таа интелигентна нота кога од нигде никаде се случува нешто што воопшто не очекуваш. Овде многу акцент на акциите беше даден и на емотивните моменти. Ќе видиме во вториот дел, се надевам ќе ме изненади позитивно. Во секој случај засекогаш за мене ќе биде ненадминлива серија. Ја обожавам. Спојлер Токио ахх, не требаше. Плачам. Посебно кога му рече на професорот “секогаш ми беше ангел чувар, сега на мене е ред”. Имаше време да скокни и да се спаси, ама исто како Берлин во првата сезона реши да им обезбеди сигурно бегство на другите. Стокхолм на сред војна реши да си се издрогира, глупости. Да не беше тоа ќе се спасеа сите, можеше порано да им каже. Ако не беше спремна на борба и евентуално убиство не требаше ни да се нафати. Манила ме изнервира што на сред пукање го убедува Денвер дека не е заљубен во Стокхолм, дека отсекогаш сакал друг живот. Гандија од што беше истепан не можеше рака да крени, нели рекоа малце му фали за парализа, а на крај ништо не му е, се бори, пука, фрла гранати, абе што. Малце нелогично, како и Алисија која е пред пораѓај, а го мачи, тепа професорот, па и Марсел и Бенјамин ги фати. Кражбата во музејот со синот на Берлин ми беше јака. Очекував дека ќе се појави во банкава или ќе изненади со нешто, ама ништо. Сигурно ќе се деси нешто во следните 5 епизоди. Не го даваат за џабе. Едвај чекам Декември.
Само што завршив со гледање на документарецот “Од Токио до Берлин” и имам само еден збор WOW. Одлично прикажано како снимаат, колку се жртвуваат глумците, ама и колку емотивно го доживуваат секој момент. Спојлер Посебно се воодушевив од Гандија кој се повредил на сет и покрај тоа што го шиеле продолжил со снимање на сцените со тепачката и се однесувал како ништо да не е. Исто така ме воодушеви тоа што 180 дена работеле на изработка на музејот и да ископираат се што има во вистинската банка, за на крај сé да експлодира и да се прикаже само 1минута во серијава. Цела екипа се како едно семејство. Се гледа дека на сите им значи многу серијава и нивната меѓусебна соработка. Препорачувам да го изгледате сите што ја обожавате серијава.
Ја избегнував темава зошто не сакав да читам спојлери дур не ја изгледам и едвај успеав Сезоната послаба од останатите. Имаше глупи сцени и веќе некако е се веќе видено во претходните сезони. Интересна за гледање, држи внимание ама нема споредба со првите сезони. Unpopular opinion: Берлин ми е омилен лик
Спојлер Нее Токио, си пуштив и јас солза, две на крајот :') Барем душата ќе и биде слободна и нема да гние по затвори. Скроз во нејзин стил, бунтовно. Урсула феноменално ја одигра улогата на Токио. После она излегување од банката по еден по двајца, на крајот на првиот грабеж, пицнати, дотерани, па уште со бебешка количка од таа гаражата (ако добро ме држи сеќавањето) ништо не ме изненадува од "логиката" во било која наредна сезона. Иначе не мислам дека можеше било како да се спаси на крајот, немаше шанси да се довлечка така ранета и да скокне во лифтот, ќе ја упуцаа одма, а дупката од Рио беше премала. Невозможно да ја оживеат во вториот дел од петта сезона освен ако нема некои flash backs затоа што имаше едно видео како целата екипа се поздравува на сет како оној пат со Најроби така да... Инаку не ја видив ингениозноста на професорот овој пат. Генерално серијава една од најдобрите, иако се намалија очекувањата со последнава... Спојлер: Спојлер за Volume 2 Спојлер: Второ предупредување :D Затоа што таков ми е алгоритамот на фејсбук, сакала нејќела ми излезе една слика (мислам беше Лисбон дека брзо скролнав) каде држеше бебе и доле пишуваше бебето на Алисија. А тие ножичките што ги зема, јас мислев дека сакаше да си ги пресече вените. Се чека декември да видиме како ќе заврши. Сите да беа среќни и задоволни, доволно ќе беше до прва епизода трета сезона кога сите си уживаа по белиот свет, слободни.
https://www.instagram.com/tv/CW6ny_uDxH4/?utm_medium=copy_link Во 2022 ќе излезе корејска верзија на серијава.
Очекувам да ме изненадат. Досега во сите сезони имаше некој фактор изненадување, освен во последниот дел што беше повеќе предвидлив. Едвај чекам да ја видам улогата на синот на Берлин во кражбава, можеби тој ќе внесе некој пресврт.
Јас од син му очекував да направи нешто во првиот дел од сезоната, но што знам, можеби го чуваат како изненадување за вториот дел, или разочарување.
Јас навистина се надевам ќе нѐ изненадат инаку жално ќе биде, каков почеток а каков крај. Барем да не испадне опаѓачки континуиран квалитет после прва сезона.
Ништо чудно, во првиот дел од сезонава на емоционална карта играа, не би ме чудело нешто такво повторно да смислиле. Крајна цел: сите да плачат и тажат.
На никој не му се станува рано да ја гледа премиерата? Јас моментално на работа, вечерва ќе се бинџаат последните епизоди А баш сакам да прочитам некој спојлер, ме копка како ќе заврши