1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Money Heist (La casa de papel)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mishela, 15 октомври 2018.

  1. KittyM

    KittyM Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Добра серија. Овој професоров чуден тип. Не можеш да откриеш дали некаде ќе киксне неговиот план. Малку ми е глупаво што во некои епизоди воопшто нема акција, така поминува времето.. :yawn:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Серијава еј. Каснам малку на забавата, ама среќа одлучив да ја гледам по многуте пофалби тука.
    12та епизода ја гледам од првата сезона.
    Жал ми е за Ангел и што беше така изигран. За Ракел исто така. Како се одлучи сега во ваква криза да почнува нешто ново не можам да разберам. Како можеше да се сомнева во Ангел, наместо да бара некоја логична причина исто не можам да разберам. па не се знаат од вчера да мисли дека он има нешто со грабежот. Баш ме интересира што ќе се случи во финалето.
    Ми се допаѓа колку внимателно се изградени сите ликови, што не се површни. Иако има спори моменти, баш тие придонесуваат за експлозивните моменти да се поитересни.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Знаете ли каде можам да најдам торент за втора сезона со англиски превод? На замунда проверив, немаше.
     
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Се приклучувам и ја со серијава. Се опседнав :)
    Веќе сум до втора сезона. Имам уште некои 6 епизоди.

    Секој лик е посебен на свој начин, во еден момент ги мразам, другиот им се восхитувам. Москов ми е еден од омилените, не, не омилените, туку ми се допаѓа неговата сталоженост и што ништо не му проаѓа, секој детал го запазува.

    Гласот на Берлин, уффф, неможеше да биде посекси.

    Ќе дадам заклучок да ја изгледам цела. Вака ме изненадуваат со секоја нова епизода :)
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Каде ја гледаш втора сезона?
     
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    На Нетфликс. Ама не сум во Македонија.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    http://www.saprevodom.net/category/serije/spanske/la-casa-de-papel/
    Еве ја со превод. ( 6 епизоди има втората сезона )

    Инаку ја одгледав цела за 2 3 дена, една од најдобрите серии што некогаш ги имам гледано.
    Ќе има и трета сезона :l:
     
    На cresa-jagoda, Elen4e_sonce, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. KittyM

    KittyM Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Со нови актери и нова приказна трета сезона или?
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda и KittyM им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и втората сезона. Не сум со истиот впечаток како погоре. Серијава е забавна, ако се гледа без да се размислува што, како и зошто.
    Толку многу дупки има. Премногу.
    Прво, самиот лик на Професорот. Он е демек добричина, не сака никој да умре нели, се потресува. А е пријател со Андрес, кој е најодвратниот од сите. Ја става довербата во него, во човек без скрупули.
    Професорот е толку посветен на планот, ги пресметал сите варијабли, но сепак во најважната работа што му се случува, си излегува комотно, се дружи со инспекторката, има време и за секс, абе убавини. Нема врска што ги оставил нив таму затворени и што они не смеат да мрднат. Сите глупости с еслучуваа кога он не надгледуваше.

    Инспекторката... Инспекторката требаше да е најдобра, нели. Како може да си дозволи за време на најголемиот грабеж да прави такви излети? Запознава човек од нигде никаде и не и е сумњив? Не му верува на колегата од 15 години? Со кој поминале се и сешто? Не знае што човек е демек?
    Гледаат дека им протекуваат информации? Шаторот не го проверуваат за bugs? Дали е озвучен? Сериозно? Дали е тоа најглупавата полиција што може да постои?
    Се заљуби во професорот за три дена. Човек што не го познава му кажува информации од најважната истрага. Го однесе таму кај куќата. Кај куќата еј.

    Ангел... Ангел не сакаше да ја каже локацијата, што немаше никаква смисла. Друго што немаше смисла е што полицијата сметаше дека сакал професорот да го убие, ама не ставија стражари пред врата, немаше дежурни постојано. Ако имаше ќе видеа веднаш дека е буден и ќе стигнеа пред Ракел. А не он и се јавува прво на неа, кои глупости.

    Андрес... Андрес толку се навреди кога кажаа дека злоупотребувал малолетнички, како он бил многу работи но тоа е, а од друга страна што направи? Силуваше малолетничка, ја зема со него да умре. И професорот, кој нели е морално добар, овој го земал во тимот? Ха!

    Токио немаше никакви предиспозии да биде во тимот. Ништо не придонесе. Беше тотално надвор од контрола. Да не зборам колку беше смешна ситуацијата кога влезе со моторот и никој не успеа да ја сопре или застрела. Смешки. Беа како деца, никаква контрола, сите глупости што можеа да ги направат ги направија. И заложниците сами си се чуваа, овие скоро цело време се на купче си беа, со пушките вперени еден во друг.

    А најголемата дупка од се е, иронично, тунелот. Зошто, ооооо зошто не го копаа од двете страни веднаш?
    Зошто на крајот ги викна браќата Срби? Зошто овие се запнаа на крајот толку да копаат, место да го направеа тоа додека беа таму, а не само за глупости да се расправаат?

    И имаше премногу одвратни коментари, кон Ракел особено. Како можеше да преќути? Жените не беа баш добро претставени, баш напротив. И тоа страшно ми бодеше во очи.

    На крајот за една минута се пресоблекоа, се средија и си излегоа, нема врска што врие од полиција и им ги знаат лицата. Не ја затворија улицата, не ги сопреа сите, не беше воопшто сумњиво што се разминаа со огромен камион.

    Трета сезона да има нема да ја гледам да бидам искрена. Како напредуваа епизодите ми стануваше се посмешно, но до крај веќе се изнервира. А беше интересна и имаше потенцијал.
     
    На Lolipop23, tirkenbal, Skyfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Да беше професорот “добар”, немаше да познава такви ликови, да набави толку оружје и да држи заложници. Според мене, тука му се губи добрината. Т.е. Немора да значи дека ако си пријател со некого дека си ист како него. Најголема грешка му беше што премногу и се доближи на Ракел.
    Обидувајќи се да дознае повеќе работи и чистејќи го нередот што го создаваа од внатре, западна во поголеми невољи.
    И не им ги знаеја лицата, нели само на Берлин, Токио и Рио. Другиве им беа непознати.
    Последните епизоди и ја забележав многу дупки и неправилности. Ама како н секој филм, полицијата е глупа о ме успева да ги фати крадците, кои им се промакнуваат пред нос. :)
    И не можев да го разберам Ангел на крај. Мислам, мое видување е дека не кажа ништо поради тоа што ја уапсија Ракел пред него.

    Искрено глумата ми се допадна на сите актери. Би ја гледала и трета сезона, само се надевам нема да ја уништат со големава популарност што ја добија.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Кога влезе Рио внатре со моторот Денвер и татко му без маски истрчаа да пукаат. Стоеја на вратата, откриени, а никој не се ни потруди да врати камерите и да им ги види лицата. Моник беше заложник за кој знаеја дека е со киднаперите, нели, сигурно им фалел заложник, а и она си се прошета со Денвер со количката. Кај најдоа количка?
    Рио исто така си излезе со откриена фаца. Охххх, толку многу глупости и дупки.

    Професорот е претставен како добар, за да ги освои симпатиите на народот. И да не се лажеме, ако оправдуваш некој психопат и ти е најдобар пријател не може да си далеку зад него нели?

    Немаше никаква потреба да и се приближува на Ракел. Нејзиното одбирање да оди кај него е сосема спротивно на нејзиниот прикажан карактер. А ќерка и? Ја остави со татко и?

    Глумата и мене ми се допадна. и кастингот ми беше одличен. Другото... Не.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Заврши како што заврши, т.е имаше недоречен крај заради третата сезона.
     
  14. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Сигурно и тоа им беше спремно, кој како да испадне после грабежот, така да сигурно имале потребни реквизити. За Моника никој ни праша, ни ја побара каде е што е. Си отиде она со киднаперите фино лепо.

    Затоа и реков, добрината му е само глума и маска. Самиот кажа дека целиот грабеж е народот да ги засака нив, наместо да биде против нив. Да бидат херои.

    Мислам дека целта да и се приближи на Ракел му е да биде поблиску до плановите на полицијата и да биде чекор пред нив. Но, сето тоа требаше да престане, да стави линија, кога ставија микрофон во наочарите на Ангел. Доволно беше, слушаше се што се случува во шаторот.
    Ракел, одбра криминалец наместо нејзината ќерка. Имаше многу дупки на крајот и тука.

    Профеосрот испланира се, само неможеше да испланира и да контролира една работа. Однесувањето на киднаперите и заложниците. Таму настанаа сите проблеми.

    Мислам дека не планираа трета сезона, туку со големата популарност што ја стекнаа, затоа се одлучија за тој чекор.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ако имале спремно немаше туку така да излезат со откриени лица. Професорот си седеше напред во камион, мува не го лази.
    Како и да се сврти, какво и објаснување да се бара да се даде, едноставно не може да биде издржано зашто имаше куп нелогичности и грешки.
    Сакале само една сензационалистичка серија да направат и ете, успеале во тоа. Ама друго нема ништо издржано во серијава, за мене барем.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Да трета сезона не е планирана воопшто. Откако Нетфликс ја превзема серијата и заради популарноста се одлучија да ја продолжат.

    Сакав нешто да искоментирам за Берлин.
    Гледав по твитер дека многу луѓе сакаат да се врати во трета сезона (се надевам нема да го оживеат), но не сфаќам зошто толку го сакаат. Реално најодвратниот лик, rapist e,шовинист, психопат... Зошто толку се дига прашина околу неговиот лик не ми е јасно...
     
    На Someonespecial, MissDior, Skyfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Многу добра серија, мене ми е доста од секојдневниот живот и сите глупости во него па нешто вакво баш ме воодушевува и опушта. Ни барам грешки ни замерки едноставно уживам во приказната и ликовите. Во еден здив ја изгледав., саундтракот е фантастичен. Ако сакате реалност гледајте документарци.
     
    На Someonespecial и Skyfall им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Во оваа серија логиката не работи, за проста работа во серија кога ќе си речам е како е можно ова вака значи ептен е лошо сработена. Јас сум лаик нели, би требало да можам да поверувам дури и кога серија гледам, а не само да си вика човек е ова не е можно, какви глупости се.
    Супер што ти можеш да ја гледаш и вака, ама не мора да значи дека документарци треба да гледаме ние што ни сметаат ваквите работи, туку сериите треба да се подобри.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    @RainBow оти вака :D и мене некои работи ми беа нелогични ама се на се баш ми беше океј. Јас ја изгледав во еден здив и целосно ми се допадна. Сега не е Гејм оф тронс ама па не е лоша.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Мислам дека очекувањата ми беа преголеми.:worried: Воопшто не очекував дека ќе има такви дупки, мислев дека е доста сериозна серија, па веројатно се разочарав.
    Ама насловната песна морам да признаам дека беше ептен добра.:devil:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.