Тука види: https://watchseries.ma/tv/watch-money-heist-free-39409 Јас само една епизода изгледав сабајле набрзина. Сега ќе ги фатам другите и да си кажеме конечно чао со серијава. Криво ми е за последнава сезона, тенка работа засега па баш да видиме како ќе тера до крај.
Каде сте, пишете нешто . Јас имам две прашања. Спојлер Која беше поентата Токио да е наратор? Што пишуваше на ливчето што професорот му го даде на синот на Берлин за овој толку брзо да се предомисли?
Првите 3 полоши епизоди, последните 2 подобри. И оти последната час и 16 мин како цел филм.. Спојлер И мене ми нема логика. Најверојатно да биде вклучена до крај, сепак најглавен лик беше. Според мене да го делат богатството, друго објаснување нема. Ама како така одма се реши, нема логика. Можеби дека немаше излез друг. Можеби ќе има објаснување онлајн, ќе треба да се побара. Очекував тој да им се приклучи а не да оди против нив. Искрено, мислев ќе има црн крај, барем еднаш да не беа победници. Ама ништо од мојот песимизам. Воглавно добро ја завршија, некои работи пренаместени изгледаа и како 10000% среќа да имаа. Детали некои не ми текнуваат сега, наеднаш цела ја изгледав. Да процесирам прво па ќе пишам и подетално.
Спојлер Не знам како можеа да го дрват толку во првите две епизоди. И оваа Манила не знам што очекуваше, воопшто не ми се допаѓа како лик. Да видам дали златен крај ќе имаат. Сега сум 8ма епизода на пола стопирана. Не ми го држи внимание како претходно, се надевам на последната епизода ќе се промени тоа. Сега тоа е,сите серии имаат крај како и животот.
Конечно ги изгледав сите епизоди. Додуша со прескокнување на некои досадни дијалози Премногу врева за ништо Првите две сезони беа интересни, откако Нетфликс ги превзема, се скараа со логиката 100% Се на се, 4/10 Се надевам корејската ќе е подобра, а и Берлин. Дајте друга серија
И јас ја завршив целосно. Мене ми се допадна многу. Сеако не е како првите две сезони ама сепак во разлечена серија очекувано е да не држи внимание како на почетокот и да има досадни делови. Сепак за сега бар за мене број еден серија.
Последната епизода ми го задржа вниманието ептен. Баш убаво заврши. Сите среќни и слободни. Cheers for new life.
Можеше во спојлер да го ставиш ова последново. Некој од нас не сака предвреме да дознава како ќе заврши серијата.