Мене па баш тоа Спојлер (пинг - испадите на Ракел) ми беше ТОА што ми ја направи серијата до некаде реална. Луѓе сме, не сме програмирани роботи, си работат и хормоните и емоциите, па колку и да ги потиснуваш, си испаѓаат на површина и едноставно тоа е. А и толку ми преку таквото од тешки филозофии, од измислување топла вода и од верглање у празно...мислам, ми се стужи додека завршам некои други серии кои ги имав почнато и едноставно ги завшрив за да не ми зјаат така недогледани. Од таквите фебулс серии, ми прекипе да гуглам по секоја епизода за да осетам дека сум и' влегла во штос на серијата, па Мани хајст ми беше баш како мелем на рана. Гилти плежр серија, е баш така би ја опишала. Знаеш дека има работи кои и не се можеби баш најиспеглани, ама тоа не е причина која би ти го расипала уживањето во тие 50-тина минути. Ќе ја гледам и наредната сезона, може ќе биде шпанска серија, не велам не, ама нека се врти нешто за ладењ мозок у слободното време.
Јас последно удрив многу на шпански серии и може затоа и ми се допадна многу, е сега реално мора малку нелогична драма да име јер шпанци, ама сепак баш како што опиша Мишелка, гилти плежар е. Јас сеа ја гледам Гран Хотел, стара е ама видов дека актерот кој го глуми Берлин го има и ја симнав, тој не ми беше омилен лик ама одлично глумеше. Оф топк знам ама кој сака да си лофтира мозок додека работи нешто по дома и оваа сериичка е петка.
Премногу фалење имаше тука, нигде спомнување дека е гилти плежр. Да почнев така да ја гледам немаше толку да наоѓам маани. Спојлер Ама не зафркавај, да не го поминат шаторот за да проверат дали е озвучен? Колеги од 15 години веднаш вперуваат прст во себе? Да не копаат уште од почетокот од страната на хангарот? Стварно е премногу.
Па имаше фалење и уште има, серијата дефинитивно вреди да се гледа. Вака ако анализираме и наоѓаме замерки на сенешто...секогаш ќе има нешто што некому ќе му смета. И тоа е сосема во ред, секој гледач си ужива во нешто различно. Јас еве тргам од себе - некои работи не ги ни ставив на ум. Од тебе ги прочитав и толку, остана на тоа. За мој вкус серијата беше бомба. Ниту навлегувам подлабоко, ниту пак имам намера. Сакам само додека гледам, да ми биде интересно и да ми држи внимание. И мислам дека не се разбираме. Гилти плежр не во смисол дека жанрот е гилти плежр - мене тоа ми е асоцијација на чик-лит и чик-флик, а серијата е далеку од таква, па не го ни есапам во тој контекст во кој ти го спомна изразов. Само кажав дека ми беше гилти плежр во смисол - ме влечеше за уште една епизода, па после неа уште една и уште една и сè така до крајот. Заразна приказна и интересен завршеток. Кажав и претходно и пак ќе кажам - ми се допадна така како што ја заокружија сезоната и не гледам простор за разработка на приказната понатаму. Ќе ја расипат и ќе го расипат впечатокот за целата серија. Ама дали би ја гледала - апсолутно. Љубопитноста е поголема во случајов, па нема да пропуштам.
Гилти плежр за мене има едно значење, а тоа е баш погоре како што си го опишала. Има работи кои баш и не се испеглани и тоа треба да се каже за тие кои сакаат да ја почнат серијата да знаат што да очекуваат. Да знаат дека настаните се малку (повеќе) напумпани, нарацијата со грешки и дека треба да се гледа чисто од забава.
Па ете, дополни си го воведот слободно. Што да ти кажам друго, кога ете серијата за мене не беше тоа и ја опишав така како што јас ја доживеав. Не знам да ја гледам од твојата перспектива. Мене тоа не ми сметаше и нема да ми смета во иднина за која било друга серија. Не им навлегувам толку на сериите во длабоки анализи, само уживам додека ги гледам и толку. Сите серии си ги гледам од забава, нат биг дил.
Таман работа вовед да дополнувам. Дадов поинакво мислење за тој што сака да ја гледа да види дека ако е исто ваква цепидлака понекогаш можеби и ќе му се допадне серијава ако ја почне со поинакви очекувања.
Не, ако сметаш дека треба дополни во некој спојлер. Стварно го мислам тоа. Ма да, ти велам - само гледав, гледав и гледав дури не стасав до крајот, а тоа се немаше случено многу долго време. На ништо не обратив внимание, затоа што сè ми беше полно со адреналин и возбудливо, освен на ликовите кои сепак мислам дека се солидно разработени. Со книги на пример, ми е друго и ми сметаат грешки и пропусти. Сериите ми се друга приказна и не се ни оптеретувам со нив, камо само да ги бива да издржам до крај на сезона да ги гледам.
Другарка ја гледа серијава ептен ја фали.Ако го оправам лаптопот ќе ја почнам и јас.А што се случува во серијата?И каде може да ја гледам со subtitle макар и на англиски? На popcorn time многу кочат сериите/филмовите.
Ја изгледав серијава за две недели и двете сезони и коа дојде последна епизода квичев.. сеа едвај чекам трета сезона да објават. Обично не сум многу по сериите али оваа ми е некако интересна
Еве ме и мене за серијава. На моменти можеби со доста дупки во дејството (посебно во постапките на полицајциве) и нереална ако се задлабочиш, ама лично многу ми се допадна. Пред сè би ја опишала како неизвесна и премногу заразна, значи јас обично се контролирам со бинџање ама не можев да ја оставам. Не ми кажувајте дека нема тука никој друг од тим Еl Professor+Ракел? Мене они ми беа омилени. Двајца интелигентни луѓе со посебни background приказни, и огромна хемија меѓу глумциве. На финалнава сцена се стопив! Спојлер Професорот е токму my kind of character crush. Мене ми е баш добро портретиран идеалист против општеството, и главно поради него беше таа гледачка дилема кои се всушност добрите и сочувствувањето со бандата. А за Ракел, Спојлер тоа што на крајот премина на нивна страна и не ми е толку нелогична реакција - за сите неправди од полицијата врз неа што беа прикажани, пред сè како жена (тоа што од почеток не ѝ верувале во случајот на семејно насилство од мажот исто така полицаец, и како до крај го користеа тоа со старателството врз ќерката за да ја контролираат). Рио и Токио... секси беа и симпатични заедно, ама и доста незрели и опасни за планот, посебно Токио иритираше на многу наврати со својата тврдоглавост. Берлин е маестрално прикажан како комплексен социопат и нарцис. Глумецот е 10ка, посебно оние по некои луди филозофски говори. Ама во никој случај не ми е likeable, баш напротив. Ко противтежа на него од овие внатре ми беше Наироби... la puta ama del matriarcato Заедно со Професорот ми беше омилен лик би рекла, а доста потценет. Многу забавна за гледање, енергична, на моменти смешна, најразумна и емпатична. За трета сезона сум доста скептична, сметам дека финалето беше таман за (не баш доречен, но добар) крај. Посебно не би сакала Спојлер Берлин да го оживеат, не само затоа што не е вреден за симпатии ко што реков, туку и сосема логичен беше овој крај за него, башка и имајќи му ја во предвид неизлечивата болест. Останува да видиме... се надевам дека нема да ја упропастат.
Берлин и Професорот се браќа. Точно дека сите глупости се случуваа кога он не надгледуваше, но дружењето со инспекторката мубеше дел од планот. Она што не му беше планирано е да се заљуби во неа. Инспекторката беше многу непрофесионална, точно. Но, со оглед на тоа како се понашаа со неа и под колкав стрес беше, Професорот и беше единствена светла точка во тој момент мислам и затоа толку се фати цврсто за него. Да не бил Берлин немало да има тим. Целата поента на кражбата е дека браќата цел живот биле по болници, прво Професорот бил болен, а сега Берлин. Така да тоа што Берлин е во тимот не е случајност. Не само што е дел од тимот, туку е водич на истиот. Токио и Рио - деца недозреани. На цела мака па Рио отиде и им ја даде на заложниците идејата за пиштолот и им кажа дека тие што одбрале да се ослободени ги чуваат во подрумот. Детиште глупо. Требаше некој да му лупне шамар и да му каже дека ако грабежот не успее Берлин никому ништо, пак ќе си умре за 6 месеци, ама другите ќе лежат затвор цел живот. Глупак.
Појма неам шо ќе се дешава, некако завршено ми е дејството. Се надевам нема да ја развлечат како и на сите други. Како и да е, ептен се радувам и чекам да ги видам пак ликовите. Уште два дена....
Официјално потврдија дека ќе има и 4та сезона како што гледам на нет и оваа сезона има огромен успех Јас ги изгледав првите 3 епизоди и многу повеќе имаат вложено во оваа сезона и локациите им се егзотични за разлика од првите две сезони... Ми фали Берлин премногу иако го има во секоја епизода сепак не е тоа тоа... Берлин е битен лик и во оваа сезона, но прикажана е и неговата битна улога на постар брат.. Професорот и Берлин докажаа уште еднаш дека се одличен тим но овој пат повеќе е ставен акцентот на интелегенцијата на Берлин и неговите брилијантни планови кои за жал немаше прилика да ги оствари
Ја изгледав трета во еден ден, ниту во еден момент досада не ме фати. Одлични беа и во оваа сезона.Читав по форуми како немало материјал за нови сезони, ама колку само има.... Интересен лик ми беше трудницата, инспекторка. Помалку-повеќе иритантна, ама тоа и е сепак улогата. Love story пак имаше, со исклучок на дешавките, Професорот и Ракел и Токио и Рио. Рио и Професорот, секогаш со доза несигурност.
Мислев дека на серијава ѝ се доста двете сезони и дека заврши како што треба, ама третава испадна уште подобра од претходните Cliffhanger-от на крај Спојлер Новиов што беше одговорен за што се случува внатре у банката, Палермо, ми е најиритантен лик досега. Берлин беше asshole, сексист и социопат, ама барем добро напишан лик и со стил го правеше сè тоа овој некако ко исфорсирана негова копија е А Наироби ми е дефинитивно омилена од цела банда, се надевам дека ќе направат да остане жива во наредната сезона
Јас ги изгледав првите три епизоди од трета сезона и како страствен обожавател на серијата малку сум разочарана. Од тоа што видов оваа сезона има многу флеш бекови, многу е брзо дејството и “бандата” е претставена како семоќна, има фул полициска опрема, ја прислушкува полицијата, Моника го остави бебето да го чуваат монаси, полиција ги обиколи за 5 минути на скоро пуст остров, а да и во Шпанија влегоа 5 луѓе кои ги бараат со потерница и никој не примети од властите.... малку забегале со идеите. Наеднаш Берлин кој беше за мене “негативец” испадна душа од човек Многу ми се допадна почетокот и како го портретираа Артуро и неговата трансформација, исто така феноменални беа сцените со демонстрантите и влијанието на црвените комбилизони на народот. Ќе ги догледам сите епизоди па ќе пишам пак мислење ако нешто се промени.