Трета сезона ја изгледав за ден ипол,у ниеден момент не ми беше досадно. Екстра!! Мислев дека после крајот на втора сезона ќе нема што интересно да се дешава али сум се излажал,еве крајот на третава навести уште појака четврта
Изгледа во јануари ќе излезе четвртата сезона! https://thebuzzpaper.com/what-time-...ix-scheduled-release-date-and-cast-confirmed/ Се мислам да ја изгледам одново да не случајно пропуштив нешто .
Јас бев убедена дека третата сезона ќе биде за никаде па ја одложував серијава. Кога оно, подобра ми е од претходните. До пола сум, ќе пишам пак кога ќе ја завршам ама засега ми е ептен добра.
Многу добра серија! Ја препорачувам на сите кои сеуште ја немаат гледано. И јас бев скептична на почеток бидејќи не сум љубител на вакви серии, ама решив да му дадам шанса после препораките на многу луѓе. И навистина позитивно се изненадив. Една од подобрите серии кои воопшто ги имам гледано. Едвај чекам наредна сезона.
Мене па трета ептен ме разочара. Првите две ми личат како да се направени да се само тие две и финализираат една приказна. Се звучи финално, крајно и трета иди наеднаш, од никаде, избрзана. А, можи да не мисе бендисва чисто пошто Берлин е само меморија, а не жив. Љубовта моја за него е вечна.
Првите две сезони беа феноменални, врв. Третата, сите епизоди со вртење ги поминав, досадно вештачки и некако инспекторката и професорот толку не ми се пар и неинтересни, ниту пак заедно да работат.Не знам дали мене ми се чини само така.Не ми иде комбинацијата никако.
Четврта сезона искача уште малку едвај чекам!! Другиве сезони ги имам изгледано уште одамна, и дефинитивно омилена серија ми е. На кој и да ја препорачав не ми рекле дека се разочарале
Јас сум превозбудена што следната недела излегува четвртата сезона!! Со љубов ги бројам деновите Според трејлерот сигурна сум дека не' чека една многу добра, напната сезона
Едвај чекам и јас. Ме разочара крајот на трета, па сакам сега да поправат малку. Инаку скарана ќе сум им.