Не читајте ако ја немате изгледано. Спојлер ПРЕМНОГУ СУМ РАЗОЧАРАНА ШТО ЈА УБИЈА NAIROBI, СЕ НАДЕВАВ ДЕКА НЕКАКО ЌЕ ЗАКРЕПНЕ И ДЕКА ЌЕ ИМ ЈА Е*Е МАМИЦАТА НА СИТЕ АМА НЕ, МОРАШЕ ОВА ДА ГО НАПРАВАТ. Не сакам да гледам епизоди без неа.
Спојлер Искрено ми се свиѓаше и ми ги надмина очекувањата, напната и интересна до самиот крај, амааа можеа да не го тупат и да заврши со оваа сезона, а не да чекаме следна година да излезат од д факинг банко.
Предобра сезона многу подобра од претходната.. Серијата сеуште ми е една од најдобрите.. Спојлер Иако да и јас многу се разочарав што ја убија Најроби, со оглед на тоа што беше омилена меѓу фановите...Според мене подобро Токио да ја убие, иако оваа сезона не ме нервираше многу.. Но кога Берлин го убија накрајот на втората сезона тогаш што да се очекува за другите ликови.. Рио иако го ослободи убиецот на Наироби (иако тука имаше голем удел и Палермо) некако ми беше жал за Рио со оглед на тоа што го преживеал мачејќи го,закопувајќи го жив.. Стокхол ми се допадна многу добро се снајде до ситуацијата иако прв пат е меѓу нив, на моменти емпатична,а од друга страна силна.. Се надевам во 5 сезона ќе ги поправат односите со Денвер, ми беа омилен пат.. Професор повторно се покажа геније, плановите му се подеднакво добри, како во прва сезона.. Палермо за мене лоша копија на Берлин (кој е незаменлив) сепак глумецот одлично ја изнесе улогата... Ништо не е исто без пцовките на Хелсинки, сеуште ми е жал што не ги споија со Најроби, но накрајот се покажа кој најмногу ја сакашеСезонава ме погоди многу и емоционално што диру ми беше и жал за инспекторката кога објаснуваше за мажот ѝ како починал, и неговите последни зборови "уклучи вести" можеби бил и тој фан на бандата .. Кога сме кај инспекторката Што очекувате од неа во 5 сезона? Дали мислите дека ќе го предаде професорот на полицијата или можеби ќе сака да стане член од бандата со оглед на тоа што сега сакаат да ја затворат.. На крајот и она ми се допадна кога излезе пред новинарите и им ја кажа целата вистина во фазон "Вие на мене " одлично им се спротистави на полицијата Леле имам толку многу да пишувам за сезонава може дека сум уште под впечатоци ама за мене ова беше НАЈДОБРА СЕЗОНА..
Гледам сите ја гледаат серијава, вие на темава сте ја испофалиле, па си реков ајде и јас ќе ја почнам ама ги изгледав првите две епизоди и некако не ми остави впечаток и желба да продолжам.А обично кога почнувам серија, ако од почеток не ме бендисува, толку, прекинувам.Сега се мислам дали да ѝ дадам шанса или сепак да си барам друга...
Не е лоша серијата. Ја изгледав и последната сезона. Многу претеруваат Шпанците со нивната сентименталност и сензационализам. Не дека нема добри дијалози, но исто така има и многу досадни и долги непотребни разговори, сцени итн. Цела група пука на еден и никако да го погодат. Too much наликува на некоја шпанска сапуница. Од мене една солидна 6-ца. Ако ви треба добри линкови со квалитетна слика, пишете ми
Епа честитки дечки - ме убедивме и мене да ја излгедам серијава Имам 3 епизоди и ко што рече една членка погоре и мене не ми изгледаше нешто wow по тоа што мноу прашина дигна серијава. Да ја завршам Toy boy и ќе ја изгледам. Dnever i Rio... Se lo prometo
Само што ја извадија од шаторот пак во изолација. Актерката позитивна на Корона вирусот. https://www.oprahmag.com/entertainment/a31789752/money-heist-itziar-ituno-raquel-coronavirus/ Многу нелогичности, многу наивни сцени. Тоа се моите впечатоци. Тоа што ми беше најсмешно е: „Кој остава трениран специјалец врзан само со лисици?“ Знам дека прават сплетки за да биде интересно, ама ова беше too much for me.
Четвртава сезона дефинитивно ги ми ги надмина очекувањата и според мене беше на ниво на првата и втората. Спојлер: Спојлер Ми се допадна и крајот и според тоа дефинитивно ќе има уште една сезона, иако сеуште не е потврдено. Многу ми е криво за Најроби, мислам дека можеа некој понебитен лик да "елиминираат" наместо неа. Пред да ја изгледам сезоната прочитав овде во спојлери дека ќе умре, но мислев дека ќе биде на крај од сезоната и ќе го остават тоа така, па во наредната сезона ќе ја спасат, но се уверив дека е невозможно. Мислам дека ако умреше додека ја оперираа ќе ми беше помалце криво отколку вака. Исто така оптимистот во мене мислеше дека и Берлин е жив и ќе се појави во сезонава, што е невозможно, ама барем го гледавме доста во сезонава. Криво ми е што не го убија Артуро, а и Гандија не сфатив дали го убија или така го оставија, затоа што и тој може да прави пак проблеми и да убие уште некого. И уште ова, да ви признаам дека Денвер ми е crush
Аах серијава што ми направи мене вчера.. Спојлер: Спојлер Многу бев тажна кога ја убија Најроби. Од прва сезона беше лик што го обожавав. Ама некако очекувано беше, мавнаа ептен на сентименталност за неа таа епизода. КАКО БЕ НЕ ГО ПОГОДИЈА ГАНДИЈА НИЕДНАШ?!?!?! 5 ДУШИ ГО ПУКАА, НА ТОЛКАВА БЛИЗИНА. грозен човек. Сезонава имаше некои грешкички според мене. Прв пат приметив дека додаваат работи што им биле во план, тие сеќавањата со Паљермо и Берлин ај што беа досадни па и некои работи како да ги треснаа онака. Ама пак, толку тензија, неизвесност.. Врв. Паљермо одвратен ми е. Ептен на крај ми беше океј и дел од тимот. 0 е за Берлин. И јас Токио прв пат ја засакав сезонава и не ми беше толку нарцисоидна и незрела. Рио.. душа. Толку ќе кажам. Денвер е стварно простичок, ама добар е и тој. Стокхолм изгледа правилно си го доби името. Богота и Хелсинки ми се со најчиста душа меѓу ликовиве. Србинов се изгуби, греота. Планот на Професор ме дрмаше последните 2 епизоди, бравос. Инспекторката е еден од најдобрите ликови во серијава. Злобна ама брилијантен ум. Не сакав да ја тупат со многу сезони ама успеаа и тоа да го направат а да не изгубат од шмек. @Abracadaver мене па баш тие емоции ми се допаднаа. Шпанците се таков народ.