И јас како и повеќето едвај дочекав да излезе сезоната. И во петокот ја почнав со мисла дека е последна и едвај чекав да ја изгледам цела. Ама, гледам дека се планирани и други сезони и искрено не знам што да мислам. Многу ми крши филм. Можеле се' да завршат во 4 сезони и серијата ќе беше најдобра на сите времиња. Не велам дека и сега не е најдобра, се сомневам дека ќе биде... Уште ја немам догледано, но навистина ја прават индиска серија. Едвај 4 епизоди изгледав. Истото чувство на еуфорија, исчекување, непредвидливост, но некако не е тоа тоа.
Ве молам да ми објасните ја симнав прва сезона од замунда најдов превод од титлови вклучив бс плеер изгледав 46 мин но во истото тоа ми продолжува уште (вкупно цело е 1час и 20мин) и тоа е без превод не знам дали е втора епизода или што е? Никако не можам да наместам превод. Каде ја гледате вие и како?
Изгледа само јас не сум воодушевена од новата сезона, некако не ми беше интересна, ептен предвидлива. Многу ја влечкаат.
Преводот ти е наменет за оригиналната верзија пред да биде преземена од нетфликс, подолги се епизодите. Пробај да ги најдеш нетфликс верзиите што би одговарале на тој превод.
Спојлер Артурито ми беше најнеомилен лик, све док не се појави Гандиа, ти ебам сељакот Пуштив солза кога ја уби Најроби Инаку сезонава ја изгледав у еден здив, за еден ден. Мастерпис!!! Имате инфо кога ќе искочи 5та? Или ќе има уште епизоди од 4та?
Јас ја спуштив, ќе го ставам линкот да се вклучам од лаптоп. За сезоната: 100 пати подобра од 3та сезона, ми ги исполни очекувањата. Спојлер: Спојлер Крајот ме изненади но очекував да ја завршат кражбата во оваа сезона. Им ја разбирам логиката но кој ќе чека толку време за крајот. Воглавно, и првата и втората сезона беа поврзани на исти принцип, па се надевам завршетокот ќе е доста тензичен. Оваа сезона беше на ниво на првата и втората, секоја епизода те тераше да ја гледаш следната, се надевам нема да разочараат со новата сезона.
Торент линк за тие кои сакаат да ја спуштат 4та сезона. Спуштав епизода по епизода, за првата епизода спуштањето одеше малку бавно но после во ред беше.
Јас тек сега сфаќам дека 3тата била мех. Многу малку работи ми доаѓаат на ум како возбудливи, за разлика од 1 и 2, а сега и 4.
Еве може да гледате и онлајн, сега проверив, ги ставиле првите две епизоди од новава сезона, со превод на српски, кај да е ќе ги стават и останатите http://www.saprevodom.net/?s=La casa de papel Јас претходните три сезони летоска тука си ги изгледав Баш чекав да почнат да ги ставаат и епизодите од новава сезона, таман сега ќе можам по една да си гледам дневно Не сум јас од тие што сè гледаат во еден ден Вака епизода по епизода попримамливо и повозбудливо ми е
Јас оваа страна ја најдов: Спојлер https://serijebalkan.com/serije/mon...Ba0S-EhmDaSMv5GfqCGXfo36nubfZgtjOCi9QNTQbdYV0 ги има сите епизоди на српки. Реклами излегуваат, но освен тоа преводот е во ред и не кочи.
Денеска ги спукав сите епизоди наеднаш, среќа што немора да чекаме цела недела за нова епизода. Инаку добра сезона, идемо даље..
Требаше целата серија да ја направат во 2 сезони. Вака одат во се поголеми нелогичности за да биде интересно и тензично.
Ме дотепа сезонава, посебно 6та епизода , дефинитивно подобра и поемотивна од претходната, и секако пак со cliffhanger завршија... Спојлер Наироби ми беше омилен лик од почеток, ептен се надевав дека ќе ја спасат и мислев ќе преживее кога успеаја со операцијата, се опорави и одма отиде и да ги бодри дечкине што работеа со златото, ама не... Па и тоа со желбата за дете после грабежов што ѝ го додадоа на приказната пред да ја убие идиотон, со foreshadowing со сценана у црвениот фустан и со сè, уште толку потрагично изгледаше На крај на сценана "por Nairobi" и солза пуштив, not gonna lie... Оваа сезона многу поише ми се допадна ликот на Токио од порано, поразумна е и бунтот ѝ беше на право место, посебно со Палермо што е стварно скроз бледа копија на Берлин и повеќе од времето не знае кај тера. Берлин ми беше малце поише психо во првите сезони, ама во флешбековите ептен ми беше шармантен, посебно со оние deep филозофски муабети Рио греотка, protect him at all costs... Денвер па ептен се сељачи и е кринџ на моменти али на крај не можеш да го хејташ Артурито мислев не може да биде поиритантен, кога тоа оваа сезона стана full blown манијак и сексуален злоставувач Мислам моментално нема општо поомразен лик од мејнстрим серија, Гандиа (па и Алисија би рекла) е ужасен садистички негативец ама он е онака од типот на Џофри од ГоТ со нискиве страсти Читав по редит теории дека Алисија ќе се приклучела на страната на Професорот, ама јас мислам дека сепак би било премногу после сето она што му направи на Рио
Спојлер Сиера ми е ѕверка, ако е негативец ја обожавам. Бескомпромисна и не је*е жива сила Ако му се придружи на Профе ќе напраат дрим тим Сезонава заврши или ќе излезат нови епизоди, или директ на 5та?
Директ на 5та. Од еднаш излегуваат епизодите. Спојлер Што беше поентата на сцената кога Берлин го избоде човекот во тоалетот?