Јас ја гледав прва сезона, првите неколку епизоди и не се сеќавам до каде стигнав. Последно што знам беше дека ја утепаа жената што беше бремена( односно таа плавата за која тој го излажа шефот дека ја убил а уствари не) и после и пресуди тој шефот, а тој што ја криеше беше претепан сурово. Дали некој знае која епизода беше тоа?
https://www.crnobelo.com/novosti/sh...-serijata-la-casa-de-papel-vo-realniot-zhivot Јас ги цепкав епизодиве колку што можам највеќе, за подолго да гледам Ми остана уште една епизода, на таа и се спремам вечер. Спојлер Многу ми се чинеше развлечено до сега, без многу акција и "стресови" се до последниве 2 епизоди. Како и да е, ми се допадна. Убаво продолжение.
Кој ја нема целосно изгледано нека не отвора. Спојлер Сезонавааааа.... одлична! Прво морам да кажам ја изгледав во два дена, зашто пренапната ми беше и не сакав да ја развлекувам. Иако и прва и втора беа доста напнати, оваа беше и отповеќе. Третата ми беше нај-мех. Во четвртава на секои две секунди беше пау, пау, папапапапап паууууу Морам прво да ги искритикувам што ја убија Наироби. Најфејв лик ми беше уште од почетокот и сега знам дека ептен ќе ми фали и во идниве сезони. Многу емотивен ми беше моментот кога отиде да ги охрабри тие што го топеа златото, па ги натера и музика да пуштат и ги расположи. Рио ми е ептен кјут лик и некако не ми дава срце да го обвинам што не изреагира кога овој вампирот се ослободи. Скроз се изгуби во моментот и не мислам дека беше негова вина, туку на Палермо што му се споија жичките па мораше на таков начин да изреагира и заради него да страдаат другите. Иако на крајот го правеше она што беше правилно, тука ептен ги зезна нештата. Токио многу ме изненади сезонава со контролираноста на бесот и лутината, а целосна присебност во најтешките ситуации. Денвер си има се' уште свои жолти минути кога изгледа дека се' ќе уништи, а всушност мислам дека е една од најсигурните алки за планов да успее. Стокхолм ми е исто новата хероина. Одлично се снаоѓа во улогата на ограбувач и воедно е една од најприсебните во целиов хаос. Најиритантен за сите времиња, Артуро. Погаден лик мислам дека не можеле да најдат. Скроз заслужува да го притворат за raping и за глупавост левел 1000000 откако ќе заврши кражбава. Второ место за истово му доделувам на Гандиа. Кој слепец човечеее. Се фати на оро слушајќи го Палермо и шо кога на крај се знае дека ќе си настрада. Еден против сто души што ги има професоров внатре и надвор... мхм, важи. Трето место Алисиа. Малце го исфантазираа крајов каде што таа го најде профосорот а ваму цела полиција ја брка и нели никој по пат не ја сретна, ама ајде ќе им простиме. Мора да има материјал за идните сезони. И уште да кажам дека еден од најдобрите делови ми беше кога професоров ја зеде боксерската вреќа за да си го разбистри умот каде згрешил. Кој brainstorming стори после тоа, човечеее. Go boxing, train the brain работава. И отприлика тоа е засега, па можеби ќе се надополнам и со коментар за другиве. Ах да, и да кажам дека најголема смешка од сите ми е Тамајо. Се стопи од нервоза човекот.
Спојлер Се приклучувам во тимот на Артуро хејтери. Која фаца човече, па гримасите што ги прави..погаден во цел свет да барале не ќе најделе. Туку, досега простеникав а наводно силен се правеше, убедувајќи ги другите да ги остваруваат неговите фикс идеи. А кога ќе го фатеа како цимолеше, храброст нула. Сепак, тоа што го направи во 4та сезона со жената уште повеќе го оцрни како лик, се надевам ќе го тргнат во следниве сезони. Кога ќе го дадат него, не ми се гледа таа сцена. Манипулатор, кукавица, насилник, перверзник а сигурно и силувач.
Ајде да пишам ривју за една од најуникатните серии што сум ги гледала. Сезонава како целина ме разочара заради тоа што очекував дека ќе заврши приказната и нема да има простор за нова сезона. Некако ги исцрпија сите финти и пресврти и веќе што и да смислат ми е too much. Како глума и екипа беа супер, ама дејството премногу се развлече. На средина на сезоната ми беше досадно едно 2 епизоди. Спојлер како екипа и глума беше супер, ама дејстовото и неодлучност и несериозноста на Тамајо ми беа нереални. Премногу и попуштаа на бандата. Артуро ми беше интересно што повторно влезе правејќи сплетки во негов стил. Сеќавањата со Берлин и Најроби со бебето и Професорот ми беа усилени. Како вештачки да сакаа да направат интимност меѓу нив. Проценката на професорот Палермо да ја води акцијата истото така ми беше нелогична познавајќи ги неговите ставови. И уште еден куп ситници што сега ме мрзи да ги пишувам, а ја направија оваа сезона за мене неавтентична, за разлика од првите три.
Спојлер И мене ова многу веројатно ми изгледа, со оглед дека ја гонат и и се заканува затвор за малтретирањето на Рио, па може да смени страна.
Доста го хејтате Гандија, ликот е толку феноменално одбран, одглумен шо цела сезона на врв на столица бев шо ќе биди следно. Фалеа такви ликој. Артурито од друга страна е само глуп и прост. Плс не ги споредвајте. Спојлер: Гандија Буквално ми убо еден од омилените ликови (другиот омилен лик умрен ми е) и пак мислам дека ликот е феноменален. Као, damn boy I got them hots for you. Ми ја уби Наироби, копиле е за то, ама има нешто во таа негова војничка, убиствена фаца. Као кастингот им е stop on. Спојлер: Остаток од серијата Иако умрен, јас уште сум среќна дека Берлин сеуште го има во серијата. Омилен лик. Има the right amount of psycho во него. Особено кога го закачи оној со виључка по муда. Наироби ... ова беше тажно шо се случи. Заплакав и останав стаписана иако кога го гледав Гандија, знаев дека ќе ја убие. Не мислев дека само ќе ја пушти. Игрите за моќ меѓу Палермо и Токио ме иритираа. Као двата се разгалени, егоистични, нарцисоидни дечишта и мислат дека знат поќе од другиот, hell, Поќе од сите. Наироби требаше да е лидер. Другите за ништо не ги бива. Делот дека Наироби сакаше дете после ова, тој дел мислам дека најмногу ме погоди иако ја сакам како лик. Спојлер: Најмомент
И јас ја догледав вчера, конечно можам спојлериве да ги прочитам Спојлер Генерално многу ми се допадна. Беше малку развлечено во првите епизоди, но се исплатеше, убаво се справија на крај. За Наироби немаше потреба до толку да претеруваат со убиството, можеше и без тоа. Од друга страна, и мене ми е мило што Берлин го вклучија и во оваа сезона, навистина ми е мерак да го гледам. Токио е предобра глумица, потврдувам пак. Палермо исто така, ми предизвика многу реакции, прво ме нервираше, потоа кога се отплетка и кога покажа чувства некако ми прирасна за срце. Плус не знам зошто, ама и секси ми е во некои сцени. Гандија исто, предобра глума, ама страшно ме нервираше како карактер. Се на се, топ сезона. Чекаме нова сезона сега.
Не сум го спомнала најбитното погоре, а тоа е дека професоров ми има смешен секси изглед, ако тоа има некаква смисла. А и друго што открив деновиве е дека имало документарец за серијава. Знам, така малце точак сум ама битно дознав дека постоел и ќе имам што да гледам и денес, да се утешам што толку бргу ја завршив сезонава.
Јас сум претплатена на Нетфликс, па таму ќе го гледам. Инаку насловот е Money Heist: The Phenomenon, испаднат е на 19 јули минатата година, па најверојатно го има и на пиратскиве сајтови. Ако најдам линкче ќе ставам.
Доволно е, сакав само насловот да го прочитам. Фала ти. Едит: на IMDb пишува дека е излезен 2020, 3ти Април. Исто и на официјалната страна од Нетфликс пишува 2020. Изгледа нов е но можеби има шанси и торент да се најде. Ако го изгледаш пиши мислење. "A documentary on why and how "Money Heist" sparked a wave of enthusiasm around the world for a lovable group of thieves and their professor."
Читав на нет околу серијата. Професионалци ја анализираат. Навистина еден куп нелогичности и нечија бујна фантазија, али е гледлива за око. Сакаат луѓето акција, тензија, сплетки.
Серијата е заразна, те тера да ја гледаш. Актерите се родени за улогите и предобро вклопени. Настрана нелогичностите, луѓето се соживуваат со ликовите и приказната, а нели тоа е најважно за успех, како што и веќе се докажа.
Можеби, но сепак е нечија режисерска бујна фантазија. Евен нешто реално и маестрално изведено. Без ниту една грешка. https://www.theguardian.com/artanddesign/2020/mar/30/van-gogh-painting-stolen-from-dutch-museum