Јас сум на прва сезона уште. Професорот нешто не ме импресионира. Само некоја глупост му текнува во главата. Ме плаши Берлин кога го гледам,многу одвратна фаца има.
Го изгледав вчера и вреди да се гледа. Спојлер Раскажуваат колку и самите (актерите) не се свесни се уште за славата со која се стекнала серијава. Кој напад од фанови го имале пред Миланската катедрала па не можеле да ја снимат сцената со Берлин и Професорот. Па колку тешко ја снимиле и сцената кога им пуштија пари на луѓето на плоштадот пред да влезат да го ограбуваат златото како и други сцени каде временските услови им правеле проблем. И емотивни моменти каде Наироби се збогува со екипата откако ја убиваат во четвртава сезона. Тука си пуштив и солза, да си признаам. Многу ми фали Наироби, што да правам. Ах да, и не сме сами тие што го сакаме Берлин. На сите анкети за омилен лик, тој бил во топ 3 омилени ликови па во документарецов ни порачува "People should check their heads". И пак ми е прешармантен. И да не откривам повеќе, да ви биде интересно кога ќе гледате. Едит. Си кажав дека сум точак. Сум го прочитала датумот кога е излезена третата сезона, наместо датумот за документарецов. Значи за прв пат нешто на време да видам дека испаднало. Успех.
Потполно се сложувам за особено за Берлин.. На интернет сите креваа фама околу неговиот лик не знаев зошто се додека не ја почнав серијата.. Навистина појак лик од него не постои засекогаш ОМИЛЕН Омилена сцена ми е кога доаѓаат новинарите да снимаат во каква состојба се заложниците, а тој со неговата "емпатија" ги придобива симпатиите на целиот народ
Мене пак ми е интересно што на почетокот, во првата сезона ми беше на ист ранг со Артуро, со други зборови-многу одбивен. Подоцна ми стана убедливо најдобар лик во цела серија, Спојлер: 4 сезона и многу ми беше мило што имаше прилично многу сцени со него во последнава сезона.
Pocnav da ja gledam od pred nekoj den sega sum na 3 sezonaa i e preepreedobra odma me privlece.Dali Rio i Tokio vo vistinskiot zivot se zaedno gledam se objavuvat zaedno sliki ?
Добро овој Артурито каков токмак човече. Се ќе направи да си го спаси гзот. Не можам да го гледам веќе гаден ми е. Баш ми е жал за Москва, и кажа на Токио и порано ама она не слушаше. Ради каприц ризикува животи. Мене Денвер ми е омилен Да не сакате во детали да ви го опишам
Го имам доживеано како страствен лик,добро се бакнува,сконцетриран на својата работа. Има карактер,му попушта на татко му. Го трогнува Моника бидејќи е бремена а тој не ја запознал мајка му. Мека душа,уф. Маженствен,лудак по малку.
Не се. И мене многу ме интересираше затоа што имаа многу хемија меѓу нив, ама изгледа се едноставно толку добри актери.
Не се заедно. Баш ме заинтересира од ко пишавте. https://eng.amomama.com/188250-money-heist-casts-real-life-partners.html#page_number=3
Е па ај чим не ставате спојлери да ве поздравам со една слика, најубава Берлин со една сцена ја засени цела сезона, најемотивните моменти ги доживеав тогаш
Мене пак Денвер не ми е привлечен воопшто, мислам физички. А за карактер му немам замерка, иако на почетокот го претставија како насилен лик и лесно избувлив, можам да кажам дека е еден од најстабилните и најчувствителните ликови. За физички изглед најпривлечен ми е Рио, посебно насмевкана. Ама никој не може со Берлин
Јас не ја разберам опсесијата со Берлин изглед сум во малцинството што е фасцинирана со професорот Ако може и е прифатливо нека стават модератороте гласање за најсекси лик од серијата, па да се преброиме
Трета сезона сум,петта епизода. Кога излезе надвор од банката мислев готово отиде Денвер, како што седев на столот станав,срцево 200. Ептен се соживеав со серијава ко да сум внатре во неа. Јас знам дека во четврта сезона ќе му згасне животот,така млад па ова е некоја припрема. Мене Берлин ми беше психо. Мислам втф лик. Неговата глума е повеќе од одлична,секоја чест сигурно многу се работела на неговиот лик и карактер. Таквите ликови тешко се глумат и треба време да се истренира актерот (така мислам).