Серијата ја прикажува приказната за еден од најозлогласените американски сериски убијци. Чудовиште: Приказната за Џефри Дамер е серија која ги разоткрива овие несовесни злосторства, центрирани околу незаслужените жртви и нивните заедници погодени од системскиот расизам и институционалните неуспеси на полицијата што му дозволија на еден од најозлогласените сериски убијци во Америка да продолжи со својата убиствена треска. Моментално серијата е најгледана, во 75 држави.
Ја изгледав во еден ден. Актерот многу ја долови улогата на убиецот. На моменти се чувствував вознемирено многу, особено кога ќе ми текне дека некој навистина поминал низ оваа голгота... Гленда е вистинскиот херој. Едит: Spoiler ако ја знаете песната од Кети Пери "Dark Horse" Раперот пее во строфата: She's a beast I call her Karma She eats your heart out like Jeffrey Dahmer
Јас ја гледам, до пола сум стигната. Можам да речам само Wow. Актерот предобро го доловува ликот, секоја чест.
Колку сакам да ја гледам серијава, дупло ме одвраќа нешто. Мразам хорор и страшни документарци, а овој е еден од тие. Слушнав многу позитивни коментари а и по самиот трејлер глумецов е врв.
Исто сакам да ја гледам ама мислам дека немам желудник посебно дека е базирана на вистински случки, да беше фикција најверојатно ќе гледав ама вака..
До пола сум и морам да искоментирам: можеле многу порано да го спречат, ама на системот гајле им било. Всушност, можеби и најкриви се неговите родители, татко му во серијата барем, вели дека од секогаш бил чуден син му и се дистанцирал од него зошто неговото присуство му создавало незгоди чувства. А после чуди се што правел додека сите ја вртеле главата на другата страна...
Планирам да ја почнам серијава. Вистинските интервјуа со Џефри Дамер ги имам гледано уште пред неколку години.
Јас почнав денес да ја гледам и изгледав две епизоди. Сега за сега ми е онака можам да кажам. Не знам како е понатаму.
Запрен е со колата во која бил со 14 годишно афро-американче и никој ништо не направил. Имало многу пријави за чудни мириси од неогвиот стан и завуци ама исто ништо..
Паметен бил, во црнечко маало се сместил кај што полиција не се замарала. Spoiler А и моментот во 2рата епизода кога детено ќе избега, па ќе ги убеди дека дечко му е.
Значи не сум единствена што мисли дека има многу нелогичности. До трета епизода сум и во секоја истата приказна и нејасна ситуација. Spoiler Прво како успева сите да го донесе дома, непознати, со изговор ќе ти дадам 100 долари? И они само така одат во стан на непознат? Делот каде што полицијата го наоѓа дечкото видно издрогиран, го враќа во станот назад и се тоа затоа што приказната дека се геј пар им е за верување. Па уште и за возраста ги прелажа и за личната карта. Во третата епизода кога го фаќа полицијата пијан како вози низ улуца со купишта црни ќеси во кола и не им е нималку сомнително.
Сакам да ја гледам серијава, ама... Не знам дали ќе можам да се носам со настаните, сигурно е пребрутална, а за жал според вистински настани е, па не може да си рече човек ај не се случило.
Ова озбилно? Јас сум во шок онда. Spoiler Инаку втората епизода, кога го донесе црнецот тој малолетниот дома, не го разбрав најдобро делот, он беше брат на оној од првата епизода што се обиде да го убие? И знаеше кој е овој манијаков и на што е спремен и сепак заради шише вино се согласи да отиде кај него?
Серијата е критика за општественото уредување во САД. Џефри е симптом на проблемите во тоа општество.
Уште 3 епизоди ми останаа од филмот . Сакам вакви филмови пошто ако се продлабочиш во темата многу прашања и ситуации искачаат за размислување. Што придонело за вакво психичко растројство? Зошто ако си геј не се смета твјот глас? Зошто ако си со темна боја не се смета исто така на твојот глас ? Дискриминација тотална. Зошто за обид на кривично дело мора да се има доказ, а доколку нема не се ни замараат да проверат ? Страшно добар филм .