Monster: The Jeffrey Dahmer Story [2022]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Stephen Amell, 25 септември 2022.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.282
    Допаѓања:
    24.032
    Од перспектива на Еван Петерс:

     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    26.473
    Џефри е еден од ретките сериски убијци, кој призна сѐ и ја “прифати” казната. И самиот кажа на судењето дека заслужува смртна казна за она што го сторил. Им призна се на полицијата, знаеше дека тоа што го направи беше грешно и дека заслужува казна за истото. Е сега.. дали убиваше оти уживаше во тоа или оти имаше ментално растројство, не знам. Иако самиот кажа дека бил свесен за своите постапки. Кај првата и втората жртва, на моменти имаше паника и жал за тоа што го сторил.

    Мислам дека имаше неколку причини, зошто стана сериски убиец.
    • Мајка му земала терапија додека била бремена (иако не се препорачува бремени жени да зимаат таква терапија).
    • Со татко му вршеа “експерименти” на мртви животни.
    • Развод на неговите родители.
    • Постојаните кавги, додека беше мал.
    • Го оставија сам на 18 години, цел месец (во тој период ја убива првата жртва). И мислам дека самотијата беше една од најголемите причини, зошто сакаше жртвите да бидат “дел од него”.
    • И самиот признаваше дека нешто не е во ред со него, ама никој не беше тука за да го сослуша.
    • Одењето во војска.
    • Додека беше во затвор заради злоставување на малолетник, требаше да му доделат психолог.
    Друга причина, колку полицајците само не си ја вршеа работата.
    • Судијата му додели една година затвор.
    • По убивањето на првата жртва, кога беше сопрен од полицијата, му кажаа да се врати дома оти бил “пијан”. Да ја претражеа колата, ќе беше сопрен уште на првото убиство.
    • Му го “дадоа во раце” 14 годишното дете, и кога влегоа со него во станот, во спалната лежеше мртво тело, ама во тоа време сите биле згрозени со геј парови, и не сакале да се замараат со нив.
    • Ја игнорирале комшиката, која пријавила безброј пати.
    Џефри и самиот кажа, дека полицијата не си ја вршела како што треба работата и со тоа добил храброст за наредните убиства. Колку што го обвинувам Џефри, толку ги обвинувам и полицајците.


    Многу биле relieved, кога дознале дека Џефри е убиен во затвор, ама никогаш не оправдувам убиство со убиство. И тука полицијата не си ја заврши работата како што треба.

    Револтирана сум од Нетфликс, каде што зборуваа дека жртвите не добиле парична помош, а самиот Нетфликс не побарал дозвола од семејствата на жртвите за да се сними серијата и да бидат внесени нивните имиња, ниту после големиот успех на серијата, не им се дадени никакви пари.

    C57C78E2-C42C-49EA-90DC-7D56BE157841.jpeg

    Големо БРАВО за актерот Еван Петерс. Заслужува Оскар.
     
    На Feminka22, Серотин, Matotheja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав цела серија + мини серијата разговори со него. Општеството потфрлило, државните службеници биле говна кога се работело за црнци. . Како што гледав он сам кажува дека немал лошо детство (освен што бил сведок на конфликти). Неговата шизотипна состојба во комбинација со гранично го мачела со тоа што му создавала магични мисли, бизарни халуцинации, не можел да го запре ѓаволот во него (иако знаел дека прави зло.. имал комплузивност за убивање).Шизотипноста има огромно влијание врз човек.
    Нема логика што прогласиле човек за пресметлив кој имал секс со внатрешни органи и трупови.Што јадел срциња. Уште би пишувала за моето гледиште кон убиецов ама ме мрзи. Во секој случај гадно.
    .
    ПС : Гледајте ја и мини серијата разговори со него, мнолгу гледишта и настани добиваат ново светло.
     
    Последна измена: 23 октомври 2022
    На Feminka22 и senjorita-v им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.899
    Допаѓања:
    48.533
    Пол:
    Женски
    Овој е болен жими Господ



    Приметив дека и овој и Менендез браќата доаѓаат од дисфункционални семејства, со лабилни мајки, депресивни, на апчиња. Од семејството потекнуваат мн работи, и ко шо може фамилија да те оштети не може никој друг
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.899
    Допаѓања:
    48.533
    Пол:
    Женски
    Bravo.
    Raka ke im bacam
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.899
    Допаѓања:
    48.533
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав цела. Не знам зошо порано не ја изгледав, не е прегадна. Бар за мене. Ама тој… неам коментар.
    Болесник невиден. Многу ми е жал за жртвите, поготово за глувонемиот дечко, ме потресе мн
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.061
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам на тој дечко, ама мене најмногу жал ми беше за тоа малото момче што дојде во неговиот стан и овој го бушеше во главата и го направи глупав. А уште беше живо детето .....
    И полицијата мислам тогаш дојде. Не сум сигурна. Ама си отидоа пак.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.899
    Допаѓања:
    48.533
    Пол:
    Женски
    И тој..
    Сите се греота сите. Никој не го заслужува тоа. Поготово издрогиран, немоќен да се дере, бори или трча.. многу жално. Тој шо утепал, Рај да го најде.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.