Козметички бренд за мажи - Morgan's Еден од најстарите независни производители на козметика за коса во Англија, основан во 1873 година, брендот Morgan’s Pomade, со години наназад е исклучително популарен во целиот свет. Брендот во себе ги носи традиционалните вредности од едно време, кои успешно ги комбинира со најновите технологии и создава производи од највисока класа. Најпопуларен е нивниот оригинален производ, помадата за потемнување на избелени влакна на коса. Тврдат дека, после неколку нанесувања, веднаш ќе се примети разлика во бојата на влакното. Откако ќе се добие посакуваниот ефект-се употребува поретко. Освен оригиналната, постојат и други, различни помади, креми, лосиони,масла, пудри, шампони за коса и/или брада/мустаќи, сапун, кондиционери, серуми/креми/пилинзи/средства за миење лице, линија за бричење... Имаат и колонски води и парфеми со препознатливиот мирис на оригиналната помада. Дури има и чешли + некои такви слични аксесоари наменети за мажи. Не знам колку време се достапни во Македонија, ама мило ми е што воопшто се. Не се баш евтини но, од коментари по интернет, разбрав дека доста долго траат и се квалитетни т.е. си вредат за цената.