Филмов е со глумицата од My big fat Greek wedding и е сличен како тој филм. Сниман е во Грција и баш убави пејзажи има, слична е тематиката, но е исто баш интересна комедија за тепање време. Само што го изгледав и се зачудив како не сум слушнала за филмов, а е од поодамна. Го препорачувам на сите што сакаат добра комедија за релаксација, а плус снимен на убава локација. Ме фати носталгија за Грција откако го изгледав. Еве го трејлерот за филмов.
И јас го гледав пред скоро, така ме расположи, супер ми беше. Актерката е прекрасна. Самиот филм не е нешто невидено нели, ама не е ни битно, мене ептен ми се допадна. Баш таква ром-ком ми требаше и уживав. И мене ме фати носталгија, ама баш за ваква шетка со тура, со цел ден акање по знаменитости, целиот турист-авантурист пакет.
Исто, ептен ми беше relatable со сите тури што стварно сум ги имала со автобуси на одмор во Грција кога сум била. Се изнасмеав со ликовите, се потсетив на некои случки што и мене ми се случувале. Ми погоди и мене расположение, баш вакво нешто ми се гледаше.