My mad fat diary [2013]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 15 јуни 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Затоа што има голема заинтересираност за серијата во консултација со Реин, најдобро е да е серијава да си има посебна тема за коментирање.
    За оние кои прв пат се среќаваат мал вовед...
    Мy mad fat diary е британската телевизија серија која дебитираше на Е4 на 14 јануари 2013 година. Таа се заснова на "My Fat, Mad Teenage Diary" напишана од Реј Ерл.
    Дејствијата се случуваат во Стамфорд, Линколншир во 1996 година, и серијата ја следи приказната на 16 годишната Реј, која штотуку замина во психијатриска болница, каде што помина четири месеци. По нејзиното враќање дома, таа започнува да се поврзува повторно со нејзината најдобра пријателка , Клои, која не свесена за ментално здравје на Реј и мисли дека таа времето кое ја немало го минала во Франција. Реј се обидува да ја задржите оваа информации од неа, а исто така се обидува да импресионира на Клои и нејизните пријатели Изи, Арчи, Чоп и Фин.
    Првата сезона има само 6 епизоди кои ги нема и на youtube.
    Втората сезона е најавена за 2014 година во зимскиот период.
     
    На mileystar, the.vampire.girl, Mrs.Cuper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав во еден здив прва сезона и ја препорачувам на секого.Еве и зошто:
    1.Многуууу е поразлична од глупите американски тинеџерски серии од типот на Awkward
    2.Реална е
    3.Има супер слатки дечки
    4.Јас лично многу повеќе ја ценам Англиската култура од Американската
    5.Барем еднаш сте се нашле во слична непријатна ситуација како Реј
    Едно големооо :clap: од мене и за серијата но и за Хипстер што и текна да отвори тема ;)
     
    На LittlePinky, Mrs.Cuper и Hipster им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    48.088
    Пол:
    Женски
    Добро тогаш, да се фрлиме на коментирање. :rofl:
    Реј... Ах бре Реј... Морам да признаам дека од сите ликови по серииве она ми е некако најчудно човече. Не можев баш да ја сконтам. Зошто сакаше да се самоубие, зошто беше падната толку доле? Па зошто бре ако нешто толку ти смета не решиш да го промениш? Ама беше страшно храбра на свадбата на мајка и, тука за срце ми прирасна. И не можам да ви опишам колку плачев на финалето, ептен, ама ептен ме потресе, го вбројувам меѓу најпотресителните финалиња. Дефинитивно.
    ФИн уф, срцка, едно слатко човече, Арчи ми беше симпатичен на почетокот, ама потоа ми се одмили, како и на повеќето.
    Само нешто ме изнервира во финалето, зошто Фин не ја бакна Реј? Многу беше глупаво некако, си кажаа дека се сакаат и ај што? |(
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.546
    Пол:
    Женски
    Највеќе ми е криво за серијава што ја изгледав во многу брзо време (иако има само 6 епизоди), барем полека да ја гледав една епизода на ден :D
    Ептен интересна серија, што едвај чекам да испадне втората сезона.

    Реј и јас не ја разбрав убаво, иако ептен ми беше интересна како лик, сите нејзини размислувања, претпоставки. Инаку во серијава глуми како да има 16 години, а во приватен живот има 24.
    Фин ми е срцка, послатко момче од него немам видено. Уф што го обожавам :inlove:
    И морам да се согласам со Реин зошто на крајот не се бација Реј и Фин, тоа малку беше глупо, али ете бакнежот ќе го видиме во наредната сезона.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Јас серијата ја изгледав уште пролетта, и искрено се мислев многу дали да ја препорам или не, и ме радува што толку многу ви се допадна на многумина.
    Во врска со Реј, мислам дека она е страшно несигурна во себе, прво заради дебелината, после заради мајка и која реално воопшто не е заинтресирана за неа, па и за татко и, како да се обвинува себе си на некој начин. И ситацијата ескалирала до непријатен момент да го нарави тоа што го направила.
    Инаку интересен факт што прочитав дека првичното сценарио било во 80тите не во 90ите, и дека Фин е лик кој е измислен само во серијата не во дневникот(веројатно е некоја книга во прашање)
    Паметна одлука, зашто без Фин серијата не би била тоа тоа.
    Мене прво Клои ужасно многу ме нервираше, но со текот почна и она да ми е океј, изгубено девојче кое не знае точно што сака, па свесна на својата убавина сака да привлече внимание.
    Арчи мене не ми е одвивен, само сметам дека треба да е похрабар и барем на најблиските да им признае. Знам 90ите не биле многу расположени за прифаќање на тие работи, но сепак мислам дека треба да признае барем на друштвово зашто заради ќе упрапастеше се меѓу Реј и Фин.
    Чоп и Изи се страшно симпатични и комични се згазив од смеење на нивни меѓусебни буцкања.
    Фин ми е убедливо најомилен лик, пресладок и премил, бомбона :wasntme:
    Срамежлив, повлечен, што самиот си вика не му оди многу со зборовите, но неговиот поглед го издава ненормално многу.
    Најдосадни делови искрено ми беа во клиниката со Тикс, не знам зошто ама некако не ме интригираше нивното другарство.
    Освен музиката, ликовите и дејствијата мене ми е ужасно сипматичен нивниот британски акцент и сленг(ако може да се каже дека тоа е сленг, мислам дека е дијалект). На многу зборови стопирав и барав на нет што всушност значат(пример fit си мислев дека е слаб, со добро тело, фсушност значело згоден-секси и убав некој кој многу ти се допаѓа како изгледа целокупно физички) и многу други примери.
    Измеѓу другите ме потсети на прекрасни песни од 90ите кои ми беа малку заборавени.
    И за крајот,
    и мене ме изнервира малку како не се бакнаа, посено кога Фин и рече анд нау уат, како да сакаше да и каже кис ми :D
    Омилената сцена
    [​IMG]
    Одбај чека да видам во кој правец ќе ја развијат 2рава сезона. Одвај чекам ^_^
     
    На mileystar, teddybear, alekce83 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    48.088
    Пол:
    Женски
    Јас го разбирам сето тоа дека беше несигурна во себе, и да бидам искрена цело време очекував дека ќе се случи нешто драстично, ќе се стопи, ќе се фрли на диета... Ама па и не би било тоа тоа, не била била веќе Реј, би изгубила нешто автентично од себе...
    Да според книга е серијава, пишува на најавната шпица. :)
    Клое и мене многу ме нервираше на моменти, на пример кога ја праша пред сите за сексуалното искуство со цел да ја посрамоти, а знае како стојат работите. Тогаш си реков, Бич...
    Ама кога застана пред колата... :x Каква сцена беше тоа, не ми се веруваше дека се случи.
    Мене па ми се свиѓаше Тикс, како се нашле двете секоја со своите проблеми, ама си беа потпора една на друга, само не разбрав што е приказната со неа и зашто е таму...
    Нели, се додека Реј не ја заборави. Не знам како можеше, тука многу ме изнервира. Па како и беше на неа кога Клое ја остави за дечкото во најранливиот момент? :fubar:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    За Тикс
    Tикс е нешто обратно од Реј, најверојатно и она си била подебала ама ослабела и од тогаш е опседната со калории, на секој продукт знае колку калории има и како да ги симне.
    Преслаба е и не се храни скоро воошто, и затоа заврши и во болница зашто што и е загорозено нејзиното здравје. Се си мисли што и да ќе изеде дека ќе се здебели, и само вежба постојано а не смее, зашто е преслаба. Вајда и она има некоја траума ако ја зафркавале како типот што ја вербално ја напаѓаше Реј, што и збореше постојано. Вајда ќе развијат и тоа малку во втора сезона, како двете дошле до таму, малку подетално.
    Веријатно само мене ми била малку досадна зашто ужасно чекав некако да се спојат Фин и Реј и се друго ми беше во втор план.

    Инаку да во право си за Реј не ни е јасна, и многумина не би послатипиле како неа, но она е таква и затоа е на некој начин посебна, што знам, мене не би ми се свијало да ја видам пример следната епизода да се фрли на диета, затоа што и вака ми е навидено слатка.
    Најсмешни ми беа сцените мислам на почеток на 5тата епизода, кога си развија нели таен начин на комуникација, и кога Фин и пишуваше на колено, она кога рече малку погоре сакам да ми ја испишеш цела Војна и Мир :rofl: Се изнасмеав квалитетно на тој дел и на сите делови кога како во стрип си има нацрткано некои додатоци на сцените.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.509
    Бакнежот остана за втората сезона, :) и јас не бев некако изнервирана, доволен ми беше тој момент, некако будалест и младешки, многу нежно и фино чувство ми остави. :inlove:
    Мило ми е што Фин ја одбра Реј, наместо Клои, дава една поинаква димензија на реалноста, дека физичкиот изглед НАВИСТИНА не е најважен во животот, постојат толку многу други вредни работи.

    Докторот ми беше еден од најзабележливите ликови, посебно во последната епизода, кога почна да плаче и се виде дека е подеднакв кршлив како и сите нормални луѓе, не е семоќен. И фактот што ја натера Реј САМА да влезе на забавата, место да ја носи под рака... чист аплауз. :clap:

    Реј мислам дека е многу посилна одошто мисли дека е, и се надевам во втората сезона ќе се џитне на слабеење, за да и однадвор ја има истата светла појава како што сјае одвнатре.
    Мене ми беше интересно што во болницата ги споиле со Тикс - едната има проблем со јадење, а другата со нејадење, едната огромна, другата ситна и слабичка. Многу интересен контраст.

    Фин е лик со мистерија, таинствен тип кој ги крие чувствата и нормално дека - тоа не` привлекува сите до една :D , а Арчи е супер сладок лик, треба да му се даде повеќе внимание.
    Другите двајца беа сосем ок, Клои не ми беше толку антипатична, само многу лековерна и жал ми падна и за неа, зашто е бајаги глупичка.
    Се` на се` - предобра серија, ја препорачувам секому, бидејќи ќе допре до срцата на многумина.
    И музиката е одлична.
     
    На mileystar, Mrs.Cuper и teddybear им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    48.088
    Пол:
    Женски
    Па не ми беше јасно зошто Тикс
    толку се исплаши кога Дени ја фати за раката, кога го испотепа со послужавникот. Ама тоа веројатно ќе биде разјаснето во втора сезона, се надевам барем.
    И мајка и ми беше интересен лик, на почетокот кога ја зема оф болница мислев дека е некоја ко Френк Галагер од Шејмлес, пијаница, не се грижи и не ја сака воопшто, ама баш ме изненади понатаму. :)
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Да Реин убаво ти текна, да има нешто тука, ама не дознавме ние што била ама да чудно беше тоа со Дени, многу.
    Мислам дека не можеме да сватиме зашто и како Реј посегнала по нејзиниот живот зашто не сме се нашле во нејзина ситуација. Се изначитав коментари на tumbler за девојки слични на Реј имаа пишувано дека се обидела или помислиле да се самоубијат. Грозно чувство верувам дека е.
    И да докторот е еден клучен лик, невидена подршка и е на Реј, една од најголеми всушност.
    Мајка и на крајот ми се чини дека се подопамети малку, инаку си била курвичка со тапија...
     
  11. m.m.5

    m.m.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Може Линк за симнување на серијава, или онлајн ако ја има ?
     
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.546
    Пол:
    Женски
    Ги имаш сите епизоди на http://thepiratebay.sx/search/My%20mad% ... ary/0/99/0
    Исто така и на youtube ги има сите епизоди :)
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Among other things, има краток sneak peak и на My mad fat diary
    http://www.youtube.com/watch?v=_sAt1N98OHw

    Determined to put her days on the psychiatric ward behind her, Rae is hoping college could prove a fresh start. But the thought of starting somewhere new surrounded by cool girls terrifies her.

    Rae also finds herself in scary new territory with the object of her lust, Finn, who hints he might be interested in being more than just friends with her.

    At home, Rae’s Mum has married toyboy Karim and she’s acting all the more irrational for it.

    Премиерата, некаде во фебруари, но е специфициран точен датум.

    Can`t wait :)
     
    На Domino и tigerlady им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.877
    ^
    Баш ја мислев пред некој ден серијава, откако ја видов Реј во Шерлок....

    Едвај чекам да се вратат, ми фали.
     
    На Hipster и Domino им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    И еве го и правиот трејлер, голем, убав, сеопфатлив, само што го дадоа Фин, почнаа нагони на силување да ми доаѓаат, совршен тип е, башка и џинџер е малку, аххх апситенцијо, аххх... ]:)

    http://www.youtube.com/watch?v=YHk3moJC_Dw


    П.С сезонава ќе биде подобра и од првата според тоа што можев да го ѕирнам...
     
    На Domino и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  16. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.102
    Допаѓања:
    1.353
    Babylon Zoo - Spaceman :music:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    No Babylon Zoo. Thank you very much for sharing your in-depth knowledge of music with us, Rae, that’s brilliant.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Suede - The Chemistry Between Us :music:
    [​IMG]

    :$ :$ Долго очекуваниот бакнеж!
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      1,2 MB
      Прегледи:
      200
    На Hipster и curlygirl им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.546
    Пол:
    Женски
    Конечно едвај чекам да дојде 17ти :D Се израдував како мало дете прееска :lol:

    [​IMG]
     
    На s.T.e.F.i, Hipster и Waka-waka им се допаѓа ова.
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    8.635
    Вчера излезе новата епизода! Ако најдете торент споделете. :)
     
  19. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    7.280
    Пол:
    Женски
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    48.088
    Пол:
    Женски
    Има торент за втората епизода? Никако не можам да најдам.