Фала ти, не знам зашто не успеав да го најдам. Инаку, мило ми е што се врати Реј, лудичка си е како и секогаш. Цело време се преиспитува за Фин, ама тоа нема да и донесе ништо добро. Ќе биде интересно сега во колеџ.
Епизодава беше најјака дефинитивно. Спојлер Се изнасмеав со Реј, кога стана и ѝ плесна сè во фаца на онаа одвратната Стејси. Моментот беше кога гризна од пицата и го фрли онака со бум! И Клои се собра конечно, Queen B. Мило ми е што кажа за Арчи, не беше фер од негова страна така да му прави на девојчето, исто како на Реј што и правеше. Само ми е страшно криво за Фин, ептен си одговараа. А сега и помалку го има.
Кога ја пуштив епизодава едвај чекав да дојде крајот само за да видам што ќе се случи, ииииии.... Спојлер ме налути и разочара малку Реј. Ако можеше да ја скрие тајната на Лиам, можеше и на Арчи. Сепак, Арчи и е подобар другар.
Сезонава растура значи. Ми се искачува се погоре на листата на омилени серии. Спојлер Мислев дека Лијам ќе се појави, ама ете, ја остави на цедило. Реј глава не може да крене сиромашката. Клои застана во одбрана, ама во погрешно време. И ми падна жал за Ејми, се прави силна само да си ги прикрие несигурностите. Ах бре Реј... Едвај чекам следна епизода.
Си ја симнав првата сезона,конечно ми текна Впечаток од прва:I love you British People Реј:Не знам како понатаму ќе и се развива ликот,ама сега за сега ми се допаѓа.Првите 15тина минути од епизодата мислев дека нејзината несигурност ја прави мрчатор,немтур невиден и само да им се фрла на слатките.Во глобала нејкам луѓе што се оддаваат на храната за да лечат внатрешни психолошки проблеми,ама кога видов каков поим за родител има Реј и целата околина какви дискриминаторски погледи оддава,ја оправдувам до некаде. Ми се допадна оној дел на базенот,кога си направи шега на своја сметка,искрено сакам таква да ја гледам,храбра и саркастична,го има тоа во неа Изи и оној Чоп мислам дека се викаше ми се ептен слатки и интересни,а Клои ми е досега најантипатична,се гледа дека љубомори на Реј и на нејзината внатрешна привлечност. Арчи воопшто не ми е сладок,ми има нешто неубаво кај него,сеуште не знам што. Е за Фин немам оформено некое целосно мислење,сеуште не ми е истакнат,па ќе видам понатака. Овој пат се оттргнав од спојлерите и пишуваното на темата,не знам дали се такви ликовите или ќе се сменат,ама има време. Се на се,одлична серија.Британците никогаш не ме разочаруваат.
Вторава сезона е каде каде подобра од првата, поинтересна а очигледно и подолга ќе биде, изгледа ќе има 8 епизоди. И тоа не е доста, ама подобро него само 6. Спојлер Ах Реј, Реј, толку е несигурна во себе, ништо не учи од сесиите со Кестер. Ич не ми е јасна не ли гледа дека детено е до уши заљубено во неа, само таков е повлечен, како што сватив мајка му имрела, па затоа и сега во 5тава епизода ќе се сплетка со таа постарата, ама како што сфатив брзо ќе ја снема од приканата. Баш си одговараат двајцата се многу слични по карактер, не знам зашто толку е фокусирана на тој физички изглед кога никој околку неа не е окупиран колку она. Арчи се спаси реално, колку и да ќе биде тешко, барем не мора да се крие и лаже себе си, тамн ќе си брка дечковци на раат сега На Клои и олесна најмногу, ќе се убијам колку ми беше смешна. Изи и Чоп ми се сејм олд сејм олд, ништо посебно не се случи со нив. Лијам не ми се допаѓа онака за Реј како дечко, мислам дека не му даде доволно шанса на Фин и дека и он подеднакво добро можеше да ја сфати како и Лијам, само она го потцени и премногу се фокусираше на тоа што луѓето ќе кажат, епа сега нека живее за луѓето, смотана една. Има уште до крај, мислам дека ќе ја испарават приказната, може и 3та сезона дури да закачат не би ми било чудно искрено, доста голема попларност доби серијава, што е топ за нас. Чудно ми е малку со Тикс, не го сфатив тој дел, почина она или што? http://www.youtube.com/watch?v=LFiCOWjIjec Ова ми беше наслатска сцена, нормално после таа со голиот задник на Фин, кхм, мислам нормално, нели Кратки клипчиња што ќе гледаме наскоро во 5тата епизода http://www.youtube.com/watch?v=R8_CWqxGDtw http://www.youtube.com/watch?v=7nzuwDL9NRU
После некој час се враќам со допис од 2 сезона Генијалност е серијава,секогаш каснам со добрите.. Фин ми е таква прекраснотија,едноставно да го грабнеш и бегаш,а под тушот каков беше..офф.. I want to go Back to sixteen На почетокот многу badass изиграваше,сега е смекнат А Реј која комедија ми е,значи се смеам кога ја гледам,во секакви глупости навлегува.Едвај чекав да станат она и Фин пар..Реј е малку подрска,понападна и провокативна,онака подива,а Фин ми е слатко,мило бонбонче,да си го шеташ ко кученце,си се надополнуваат Најубава сцена! Исто многу мило ми е за Изи и Чоп,душички се Ми легна толку брзо серијава,само да не ја уништат некако,а колку сакаат сезони нека праат,момците се убави за гледање... И јас не можам да разберам што бидна со Тикс,ваљда ќе покажат... ЕДИТ:Да се надополнам после догледување,ми се смени мислењето после една епизода Што и беше филмот на Реј,што го одбегнуваше Фин?Типчето очигледно многу ја сака,а она пак нешто и фали.Ми стои дека самата си бара причини да не биде среќна,епа заслужува да ја откачи. Она очекува се да и одат по кејф,а да си биде немтур и намачена душа,па плус ако ја повредат одма на самоубиство оди.Толку несигурен лик,претходно мислев ајде осамена била,ама сега има буквално се,и пак незадоволна.
Спојлер Ако не сум грешка, а мислам дека не сум, Тикс одбиваше да се храни како што треба т.е не јадеше ништо па заврши во клиника. Срцето и беше премногу слабо да го изджи сето тоа и почина.
Спојлер Да, Тикс се изгладнуваше и опсесивно вежбаше. Нели требаше да одат на велчера заедно со Реј,ама она не дојде и Тикс цела вечер ја помина во вежбање.На почеток од втора сезона,Реј го пишува дневникот како да пишува писмо до Тикс и кога оди на сеанса таму психијатарот ја прашува како ја поднела нејзината смрт. Тука Реј малку агресивно изреагира и го праша како он го поднел тоа. И човеков ептен покажа ранлива страна и он се расплака. Не знам мене еден од најдобрите ликови ми е Кастер,така мислам се вика,психијатарот. И Лијам не знам дали само мене,ама ептен ми е шармантен и згоден. Таков право машко ми е,а Фин ми е многу нежен некако што знам. Ми се свиѓа глумата на актерот во секој случај, тешко е да се долови човек што преживува панични напади. Туку утре нова епизода за нас.
Аууу епизодава како тргна, а како заврши. Спојлер Пак сосема се зафркнаа работите. Реј не знае што со себе. Ама мислам дека Клое беше во право, постојано треба да и виси некој над глава. А оној шупакон па како и рече, да не се соблeкуваат, идиот. Требаше да си замине одма. А Кестер беше во право, не и е он пријaтел па да може да му упаѓа дома било кога, а и плус не зборува ништо, не кажува, не се отвора. Се надевам ќе се врати Фин.
Спојлер Ау ау Рејчел бе Рејчел бе, ништо ли не научи од сесиите со Кестер бе? Жал ми падна на крај за тоа што и се случи со Лиам, со отворена уста останав. Бараше пријател а доби к*рац, буквално. А него уште од почеток не го сакав. Се сложувам дека Кестер е во право што и рече да не доаѓа повеќе кај него дома. За цело време што го поминува на сесиите не зборувајќи ништо, му доаѓа на разговор само кога и е тешко, и баш кога Кестер почнува да си го средува животот. За татко и не знам што да мислам, но се ми стои дека нема да го има уште долго. Општо за цело друштво ми е жал што се на работ на растурање, баш беа супер екипа, секој со секој се надополнуваше. Едвај чекам да видам бебенцето какво ќе биде со гените од Карим и мајка и од Рејчел, овој црн а оваа бела
Ајде и од мене коментар,одма се приклучив Спојлер Како што имав заклучено од вторава сезона,Рејчел не знае што сака.Го одбаци Фин,па му се испонаша кретенски кога срцето дојде да се испрати и заврши издрогирана во ВЦ Тоа со Лијам не и требаше,многу понижувачки,а он си ја искористи ситуацијата.Очекувам да легне со него во наредната епизода...Многу ми е жал за Изи и Чоп,ептен ми се убави заедно.А Клои не знае кај тера. Инаку серијава е ужасно реална,денешните тинејџери се такви и полоши,со непромислени одлуки и не знам оти упорно ја осудувам Реј,кога она си е само тоа,незрел тинејџер на кој му вријат хормони Туку не знам дали е кажано,Реј е 16,ама зар и другиве имаат по толку години? И како тоа на колеџ одат? Или пак средното го викаат колеџ? Слабо со британскиот образовен систем
Различен му е системот таму Не е како кај нас. Инаку сите имаат по 16 години, само Чоп е една година постар. Се спомна баш во една епизода, чинам првата беше.
Спојлер Ај ај ај Рејчелсита, девојче златно што убаво пееш. Пустата кај се укочи на сред сцена заради другарка ти златна. Не го оправдувам тоа што и го прочита дневникот на Клои ама па да не направеше така ќе не знаеше зошто избегала од дома, вака баш ме интересира шо ќе се случи наредно. Патем, на крајот дали мене ми се слушна дека рекоја за наредната епизода да е последна? Или?
Да, последна ќе биде седмата. Не знам зашто најавуваа осум дека ќе бидат. Спојлер Реј каков глас имала човече, се наежив на почетокот кога почна да пее. Го вратив делот, морав убаво да слушнам. Баш ми е жал што не успеа да испее како што треба, ќе беше epic. Нормално дека ќе го прочита дневникот, кој би се воздржал. И Клои да го најдеше нејзиниот ќе го прочиташе. Не ми се верува како изгледаа работите од друга гледна точка, ццц. Ептен беше добра епизодава, ми се свиѓаше како ја свртеа. Ах бре Реј, ама себична си е малку, вовлечена во своите проблеми. И со Тикс така се однесуваше. Се надевам само ќе се опамети во последнава епизода.
Спојлер И јас сакав да ја видам како ќе пее,а некако потајно се надевав дека Фин ќе стигне до настапот Тоа дека знае да биде себична одамна се виде,мене ме изнервира што наместо да се соочи со се,онака пак избега.Се помири дека е ментално оболена,дебела и изгубена,како што и била на почетокот,а Лиам додаде масло на огнот и заедно завршија. Бидејќи наеднаш ги изгледав епизодите,се ми се деси набрзина. Реј од несигурна и осамена девојка за која чувствував сожалување, сега ја гледам како себична,самоцентрирана кучка и не верувам дека ќе ми се смени мислењето во скоро време. Леле и дај нека го вратат Фин,барем за последнава епизода,па не му се изнагледав доволно
Замина серијава на пауза. А ептен ми прирасна за срце, па не е фер, премалку епизоди се. Спојлер Ееее крајот како што треба, пак со Фин. Каква срцка е бре Фин, ептен ми е мило. А не оној самодеструктивнион Лијам. ко Реј самата да нема доволно проблеми во главата, уште и фали некој надолу да ја влече. Мило ми е и што се опамети, што и помогна на Клои и ја прифати сестричката. Ептен задоволна од крајов.
Спојлер Е ова е крај по мој вкус Фин е срце,злато најубаво,знае што да каже и во најдобро време.. Конечно Реј научи да ја среди драмата од нејзиниот живот и да се прифати каква што е.И се помина во најдобар ред. Ептен пријатна епизода,душичката ми се исполни Го сакам чоеков најнајозбилно
Преубава епизода, ми се допадна ептен последнава епизода од сезонава Спојлер Ептен убава и интересна епизода. Мило ми е што конечно се решија на крајот работите за Реј, конечно се среди, научи да се сака себеси. Се средија сите коцки во серијава. Али затоа крајот ми беше најубав со Фин, прекрасен ми е. Го обожавам