Серијава е многу добра и морам да кажам поучна бидејќи многу од тинејџерите денес имаат слични проблеми како Реј. АМА, серијава покажува друга малку нереална слика. Сакам да кажам дека, како прво, девојче како Рејчел никогаш нема да најде ни момче како Фин ни такво друштво. Друго, баш такво девојче или ќе се мотивира да ослабе или ќе остане таква каква што е. Сепак серијава покажува и добра слика за тоа дека телото е твое сакал-неќел во него си цел живот и твое е да го сакаш. Советите на Кестер беа премногу добри на начинот на кој те тераат да размислуваш. Во глобала серијава е феноменална бидејќи не е типична тин серија туку целта е да покаже друга страна од тинејџерскиот свет. И ај нека има 3та сезона!
Спојлер Аххххх..... значи како попалена тинејџерка сум кога ќе се појави овој Фин на екран, ама ај иди помогни се да не се осечаш така. Ептен убаво заврши сезонава, ептен, ми се наполни срцево. Се надевам дека ќе извадат уште една сезона, ма да до догодина ова време ќе заборавам што сме гледале, мора да ги намалат паузите, или да го зголемат бројот на епизодите, нема друго. Не се согласувам со поголемиот дел од коментарите што ги прочитав дека била нереалистична и дека не требала така да заврши, кога очигледно е дека и двајцата се сакаат премногу и логичен ми беше овој крај на серијата. Понелогично ќе беше Фин да останеше таму каде што беше и никогаш да не се појавеше и сосема беше реално тоа што се смири со мајка и како што требаше одамна. Малку настаните со Клои ми беа непотребни, многу непотребна драма имаше собрано за неа оваа сезона, ама неа никад памет не и доаѓа така да ќе ги гледаме многу нејзините глупости. Можеби не требаа сите баш проблеми да ги решат баш во последната епизода, ама тоа е што е, сепак е серија Одвај чекам да видам што ќе има во трета сезона, абре мора да има и точка. Не за друго, море уште погол Фин да го покажат, што е ова, само рамења се гледаат ахххх....
Преубава серија. Сакам и трет дел дури. Во одредени делови ме потсети на ''Skins'' Големо браво до режисерите за моќните сцени кои се одлика на реалниот живот.
Јухууууу, ќе има и трета, иаку се мислев дека нема да има зашто многу долго време ништо не се зборуваше за серијава. http://www.independent.co.uk/arts-e...n-for-third-series-on-e4-in-2015-9884392.html Веројатно зимава во 2015 ќе не израдуваат. П.С се шушкаше доста дека ќе снимаат американска верија на серијава, се надевам дека тоа нема да се случи зашто мислам дека секоја друга серија би била само ефтина копија. Посебно ако е холивудизирана па....
Третава сезона ќе биде и последна, само што почнува да се снима. Ќе се прикажува летово. Баш ми е жал што ќе е последна, баш е уникатна тинејџерска серија, доста ми се разликува од другите. И мене ме потсетува на Skins, ама сепак има многу разлики.. Буквално сум ваква кога ќе го видам.
Трејлерот за 3 сезона Првпат го гледам иако бил објавен пред недела дена. Се чека 22 јуни! Ама едвај чекам.
Спојлер: s03e01 Новата епизода беше добра,но не ми остави некој голем впечаток.Арчи ми беше многу смешен во продавницата. Фин е срцка како и секогаш.Преслатки беа кога си кажаа „Те Сакам“. Реј е во комплицирана ситација,мислам дека таа е исплашена дека таму како порано ке биде осамена. Крајов ме збуни малце и не ми беше многу добар,ама ке видиме натаму како ке биде.
https://thepiratebay.vg/torrent/12079618/My_Fat_Mad_Diary_S03E02_HDTV_AHMED Еве линк, немаше вчера излезено.
Заврши. Спојлер: Финале Јас не видов дека е ова последната епизода, дури кога почнаа да се пакуваат работите проверив. Па, крајот е сосема солиден, не дека можеше некако поинаку да заврши, ама добро. Жал ми е што не останаа заедно со Фин, ама ете, оставија простор за во иднина. Можеби некогаш... Кога сакаше да се самоубие ептен се изнервирав, ама среќа се опамети. Ми се допаѓа што е толку отворена содржината, да можат и другите тинејџери да научат нешто, па и да се преиспитаат заедно со неа. Ќе ми фали серијава дефинитивно.
Омилена серија, дефинитивно! Освен што е реална, ми се допаѓа и тоа што разработува тематика која е да речам 'табу' кај нас (mental illness, справувањето со тоа, одење на психијатри и сл.) Многу ми е криво што заврши, но сепак и покрај малиот број на епизоди успеа да допре до мене повеќе од било која серија што ја имам гледано во животот - а имам гледано многу! Ја препорачувам на секој
Ги изгледав и првата и втората сезона во еден здив, прекрасна серија, само прочитав кај Рејнбоу во спојлер, Спојлер солиден крај ама не останале заедно - и не очекував така, навивав за да бидат заедно... Единствената причина зошто гледав тинјеџерска серија (а, досега ми биле нешто видено и досадно) е тоа што тематиката во серијата е нешто посебно и различно. Животот им е претставен на тацна, а надворешниот изглед и не би требало да е пресуден, 1000ти доказ, само поучно доста, а и Фин е презгоден и пресладок, па не е ни чудо што на сите ни се допадна. Интересното е тоа што некој кој би ја имал секоја, се заљубува во некој како Рејчел, баш љубов. Затоа и ми се допадна, а и случајот со болницата, терапијата дава доза на различност и посебност, не како обична лимунатка со исти сцени и ликови. Секогаш нешто различно, а исто. Живост има серијава. Да не беше така 2 сезони немаше да ги изгледам за помалку од 2 дена. Ми остана уште 3та... само страв ми е да не се разочарам. И да, ќе направам пауза малку... избрзав вака, сѐ ми помина пребрзо, ќе ми недостасува.