N.E.R.D. - Pharrell Williams

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Trendafilka, 18 ноември 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Pharrell Williams (роден 05.04.1973) заедно со Chad Hugo е основач на продукциското дуо The Neptunes, создавајќи поп, хип хоп и вистинска РнБ музика.

    Подоцна, заедно со нивниот другар од детството Shay Haley ќе ја основаат групата N.E.R.D (No one ever really dies).

    NERD имаат вкупно 4 албуми:
    2001–2002: In Search Of...
    2003–2004: Fly or Die
    2005–2009: Hiatus and Seeing Sounds
    2010–present: Nothing

    Pharrell како соло изведувач издаде само еден самостоен албум - In My Mind во 2006.

    Пред да го затупиме со секакви податоци и бројки, важно е да се знае дека Pharrell стои позади хитовите на голем број познати изведувачи, како Бритни, Мадона, Џеј Зи, Снуп Дог, Џастин Тимберлејк...

    Pharrell е виновникот за "Frontin'" (со Jay-Z), "Beautiful" (со Snoop Dogg), "Drop It Like It's Hot" (со Snoop Dogg), "Money Maker" (со Ludacris), "Give it to me" - Madonna ...

    За сите со истенчен вкус на хип хоп и Рнб музика, Фарел и неговиот бенд NERD се вистинско уживање и топло ги препорачувам нивните албуми и песни.
    Нивниот звук е светлосни години напред пред се' останато во индустријата, сосем различни од сите други.
    За мене Pharrell is a GOD! :D
    http://www.youtube.com/watch?v=ti9i4znbwtQ
    http://www.youtube.com/watch?v=PqX1SkYpNJQ
    http://www.youtube.com/watch?v=pioJUA75EhA
    http://www.youtube.com/watch?v=Orofay4VOck
     
    На Phyramide, tallyweijl и rossonerka им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Незнам зошто изгледа оти имам негде прочитано дека го сакаш човеков, ама онаа песната Hot n Fun ваљда беше, кога и да ја чујам на тебе ме потсеќа. Секогаш си помислувам, Ах на трендафилче човекот :D
     
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Респект до човеков, едно од најмоќните лица во музичката индустрија. Иако не го слушам, го почитувам затоа што не е како сите останати рапери кои што пеат само колку се ""заебани“, колку жени вртат на ден, и колку пари им е златната вилица :rofl: :rofl: :rofl:
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Е овакви теми треба да се отвараат, а не за Јеца!

    Фарел од моментот кога дознав за него, од самите негови музички почетоци и како продуцент и како музичар, ми е фаворит. Нема што не ми се допаѓа кај него, комплетен ми е како личност а и како музичар. Својствен, оригинален, уникатен, во се, ама апсолутно во се што прави.
    Што и да тргне да направи се претвора во хит. Не за џабе со него соработуваат најкомерцијалните пејачи и пејачки болни по публицитет и секако популарност. Да не беше Фарел веројатно никогаш немаше да ја чујам Бритни и нејзе сличните како пејат. Ама тој кога ќе создаде нешто дури и Бритни можам да ја поднесам како пејачка.

    Сепак Фарел најмногу го почитувам кога е „дома“ - член на N.E.R.D. Болни се! Ма какви! Боли колку се добри. Експериментираат со звуците и создаваат музика како никој друг. Не знам што повеќе би кажала за нив....зборови се излишни, треба да се слушаат.
    Многумина нивни фанови не го сакаат нивниот последен албум, но јас едноставно обожавам да го слушам, а кога ќе ја чујам Anti Matter или Everyone Nose ми иде да експлодирам од играње и енергија ;)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    ^ Пирамид мој човек, оп - стоп, морам да се ородам со Пирамид, :D или во најмала рака да стапам во контакт со неа ;)
    Јас ја сакам everyones nose, ма ја обожувам и не ми е јасно како никој не се накани ниту да помисли да ги донесат во Македонија, кога веќе дојде ѕвезда од калибарот на Lenny Kravitz и ред други ...

    NERD се како од друга планета за мене, звукот им е тотално различен и уникатен, тоа ДА ;)

    Фарел е генијалец и баш ми е мило што имам истомисленици на темава ;)
    Иако повеќе има коментари за Јеца, јбг... живот :D
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Кога го видов насловот на темата, знаев дека Тренди ја има отворено :) Конечно и таа се реши да си отвори тема за нејзиниот омилен изведувач, иако на почеток ја нервираше тоа што има теми за сите пејачи одделно ;)

    Фарел Вилијамс го слушам одамна, не само песните кои му се вртат на МТВ, туку и оние што не се станати толку познати. Досега речиси се што имам слушнато од него, ми се допаѓа.

    http://www.youtube.com/watch?v=HlhORRFerKY
    http://www.youtube.com/watch?v=WOWvcawu ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=YDN6PhLZ ... re=related
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Ги поименува на најправилен начин - баш така, како од друга планета ;)

    Туку еве сега ќе постирам некои клипови т.е. песни кои мене ми имаат оставено најголем впечаток и сум ги преслушувала илјадници пати.

    Со оваа првава песна (Lapdance) дознав за нив во далечната 99 или 2000 ако не се лажам. На времето кога имавме Вива плус на која даваа доста необични и не баш комерцијални песни. Ја гледав нецензурираната верзија на спотот во 10 претпладне и останав со зината уста :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?v=HiG0tcTraGA

    http://www.youtube.com/watch?v=mXC3h95PtDY

    http://www.youtube.com/watch?v=N2wqmGu1EY8

    оваа е створена за Фемина собиранка :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=YuwvI3x4iVM

    http://www.youtube.com/watch?v=YM-41D89rdc

    http://www.youtube.com/watch?v=bRGcDO-U8Nc

    Ете колку е талентиран човекот, знае да направи дури и балада, знае да испее за љубовта и да ве натера да поверувате дека е сосема сериозен. Јас сепак мислам дека во него се крие ужасно многу сарказам :)
     
  8. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    633
    Пол:
    Женски
    Ги обожаваммм!!! значи нема песна која не им е хит,стварно се уникатни,нема никој како нив :l:
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    422
    Јас само да си се пофалам дека ги гледав во живо во прв ред пред 2 години во Загреб и да изразам желба дека сакам повторно во поскоро време... :mm:
     
  11. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    N.E.R.D.
    Најдобриот другар ме имаше запознаено со нив. Од почеток ми се виде музиката чудна, до сега нечуена и одбивав да слушам, ама како ми праќаше повеќе песни почна да ми се засвиѓува повеќе и повеќе.
    Ми се допаѓа комбинацијата на музички жанрови измешани во делото на еден бенд.
    Куп добри песни, Truth Or Dare е.. :x
    Lapdance, Provider, Rockastar, Tape you, Am I high од In search of...
    She Wants to move, Everybody nose, Spaz, Laugh about it итн..
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Сефора срцево ми запре кога прочитав - ме запозна, веднаш си помислив дека си била искочена со дечките :D

    Туку знам дека нема да биде поврзано за нивната музика, ама погледнете ја куќата во која живее Фарел. Зарем би очекувале нешто - секојдневно? :)
    Јас се воодушевив. Луд е жими таквото на онаквото :D Слики од Keith Haring и слични кучиња и мечиња, ах! :inlove:

    http://whoznext.biz/index.php/2010/...miami-is-worth-14-million-check-out-the-pics/

    Ваква креативна и мрдната душа, не мора да се фали со златни ланци, и едноставно не може да има вообичаена куќа.
    Го сакам. Жими се - ГО САКАМ!
     
  14. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски