Natura Siberica

Дискусија во 'Лице' започната од koritsaki, 6 февруари 2016.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.611
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски
    Natura Siberica е прва козметичка куќа која што развила козметика составена на база од диви билки и лековита трева од Сибир. Денес Натура Сиберика е една органска козметика со најпрестижни светски признанија. Историјата на Натура сиберика започнува уште во 1940 година кога двајца руски ботаничари истражиле над 4000 билки и трева од карактеристичната сурова природа на Сибир , многу од овие лековити билки ги користеле и руските кралски семејства....

    Дали имате користено нешто од оваа козметика?
    Јас немам ништо пробано од нив , а имаат креми за лице за сува и масна кожа , лосиони , пена , серуми , шампони , производи за деца итн.. Ги има по онлајн страните , јас кај што живеам ги има на оваа страна
    http://www.natura-siberica.gr/index.php/el/ и од овде може да се порачаат , а наскоро сигурно ќе ги има и по аптеките. Цените им се ок како за органски производ.Гледам имаат и некоја мк страна но нема нешто посебно http://naturasiberica.mk/
    Планирам да им ги пробам шампонот за волумен , кремата за лице
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]

    Ова се некои од производите
     
    На Sv. Nikolka, rainbowec и Ctete им се допаѓа ова.
  2. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.261
    Во Космо ги донеле производите од Natura Siberica, еве дел од асортиманот.
    IMG_0923.PNG

    @koritsaki предложи што да пробаме прво :D
     
    Последна измена: 2 октомври 2017
    На FarmaGirl, joy1 и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Не се сомневам дека се убави, но огин се. Им пишав на фб за еден сапун, 800 денари е плус сунгерче. Од кал од Мртво море да беше тој сапун, немаше толку да биде скап. Секоја чест на тие што можат да си дозволат толку скапа козметика.

    И да, незнам што е тоа облепиха. Исто од една МЛМ компанија, нудеа паста за заби со облепиха, им пишав, ги прашав што е, ми рекоа дека е ендемско растение, и не растело кај нас во Мк. Имало вкус и мирис сличен на праска. Дали некој пробал некој производ од облепиха?
     
    Последна измена од модератор: 24 јануари 2018
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.611
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски
    Да секако дека ќе пишам се што сум користела :D

    Па вака го имам користено црниот сапун од активен јаглен - супер е за масно лице , а можат и тие со сува кожа да го користат , разликата е тоа што тие со масна кожа можат да го држат како маска на лицето до 10 мин а тие со сува - веднаш да го измијат лицето. Мене ми се допадна е сега разлика некоја не видов , ама не го користев редовно. :) скап е да ама споро се троши

    Кремите за лице sophora japonica за масна кожа ги имам пробано , и ми се допаднаа поготово дневната ,а ноќната ми беше некако тешка :wasntme:

    Шампоните тие облепика ги имам пробано - тој за масна коса и ми се допадна , го имам пробано и тој за волумен ама не ми даваше некој волумен. Маските ги немам пробано. Маслоѕо од оваа линија за раст на коса го имам пробано , но и од него не воочив нешто дека помогна (и тоа не го користев редовно, ме мрзеше)

    Исто така ми се допаѓаат произвофите од Organic shop - кремите за тело , пилинзите , геловите за туширање им се прекрасни, дали ги имаат и нив донесено во Космо тинекс?
     
    На Biodevojka и sorbet им се допаѓа ова.
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.933
    20171015_145133.jpg samponot denes go zemav. @koritsaki ako si go koristela veke pisi
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.611
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски

    Да , го имам користено , мене ми се допаѓаше многу. И мирисот ми е убав мене , на ананас :) баш кажи кога ќе го пробаш како ќе ти е тебе :)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FarmaGirl

    FarmaGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Zdravo Sv.Nikolka, cisto za sporedba ovoj na Natura siberica e podobar od sapunite od Mrtvo more. Ti kazuvam od iskustvo. Vo sostavot ima aktiven jaglen I bademovo maslo. A za cenata ne bi rekla deka e mn visoka, koga ke go otvoris pakuvanjeto vnatre ima gusta pasta I so edno natopuvanje na sungerot go prekrivas cello lice. Jas mojot prvo si go kupuv od Srbija pred 10 meseci I sekoj vtori den go koristam. Seuste ne sum go potrosila. Vo odnos na deklaraciite I sertifikatite koi gi poseduvaat so sigurnost se No1 organska kozmetika vo momentot. Probajte gi Vivid vitamins za kosa I nokti I nekoja od kremite od kavijar. Neverojatni se:) I da ne se razbereme pogresno, ne sum bogata no sepak smetam deka za ovaa kozmetika vredi da se dade pari. Barem vo odnos na se ostanato ORGANSKO sto ni go plasiraat na pazarot vo Mk. Pozdrav

    probaj ja POLAR night pastata za zabi. I taa e so aktiven jaglen, za izbeluvanje na zabi. Na fb stranicata mi odgovorija deka drugite pasti moze da se korsitat I kaj deca
     
    Последна измена од модератор: 24 јануари 2018
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Доколку ви е од корист јас штотуку го пробав сапунот за длабинско чистење кој премногу ми се допадна.

     
    На poi, Oxymoron, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.611
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka кај нас донесоа нови производи од Н.сиберика- мицерална вода со активен јаглен, балм за чистење на шминка од лицето за сува и масна кожа некои нови маски за лице..

    Ако некогаш пробаш нешѕо баш пиши на темава :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LollySky и Biodevojka им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    76.677
    Пол:
    Женски
    Колку се шампоните за коса?

    Натура Сиберика производи, поточно дел од асортиманот има и низ ДМ маркетите.
    Го гледав оној серумот за хидратација за масна кожа. Ми изгледаше одличен за мојата кожа, ама ме одврати старосната граница (30+) па не го купив.
    Мислам дека беше околу 700-800 денари, ако некоја ја интересира. :)
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Договорено драга!!!! :)

    Шампонот тој со измазнувачки ефект (на сликата од претходната членка) го имам користено и преубав е. Цената беше некаде околу 450 мкд. горе долу не се сеќавам баш. До пред извесно време беше на промоција 314 мкд. ама не знам дали уште може да се најде по таа цена. Поздрав мила. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.934
    Допаѓања:
    13.976
    Пол:
    Женски
    Jac го имам пробано шампонот за волумен. Ок е, ама не е ништо посебно. За мене мирисот е чуден, некако како скапано овошје ми мириса. Продавачката во Космо рече дека тоа е поради тоа што шампонот содржи ферментирани билки.
    Би пробала некоја убава хидратантна крема, баш ќе разгледам што нудат.
     
  13. FarmaGirl

    FarmaGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Моја препорака ти е да го пробаш серумот со сигурност! Најголемиот мит е користењето и одредувањето на старосна граница. При избор на креми, лосиони, средства за хигиена, најбитно е да го изберете вистинскиот производ за типот на кожата а не старосна граница. Точно дека ознаките од типот 20+,30+,40+ некогаш се посочуваат на самите производи но тоа не треба да биде пресудно. Сепак со минување на годините во фазите на стареење се забележани одредени проблематики и затоа ги назначуваат тие старосни граници. Како пример. q10 креми се наменети за лифтинг и зацврстување, тоа обично е потребно околу 40 тата година, но има и 25-30 годишни кои имаат потреба од ваков тип на нега. Затоа секогаш одберете си крема за сува, масна, комбинирана, нормална :) Годинките се само бројка :D :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FarmaGirl

    FarmaGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    I mene mirisot mi bese malku cuden na pocetok ama najbitno e I sto nema sulfidi I silikoni vo sostavot :) Inaku ako imas suva koza ti ja preporacuvam kladonija ili kremite so kavijar. Jas ja koristam dnevna I nokjna krema Snezna kladonija zaedno so Absolut krema za okolku oci od kavijar. kladonija.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На LollySky и *Лорена* им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.934
    Допаѓања:
    13.976
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Баш и ја гледав денес таа со кладонија ама не ја земав затоа на декларацијата пишуваше дека е за зрела кожа. За која возраст се всушност наменети и таа а и таа од кавијар? Некогаш и погрешно ги преведуваат декларациите.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    76.677
    Пол:
    Женски
    Можеби, но јас мислам дека не попусто на самиот производ е наведена старосна граница за да се има некаква ориентација и околу тоа.
    Сепак не треба да се заборават и знаците кои ги дава самата кожа, но имајќи ја предвид состојбата на мојата кожа, мене засега навистина не ми се потребни креми со лифтинг/анти-ејџинг состојки и затоа ги избегнувам.

    Дефинитивно ќе пробам некој од шампоните. Сакам да сменам малку па ќе разгледам што се нуди за мојот тип на коса.
    Ако имаш препорака за коса со масен корен и суви врвови, навистина би ми го олеснила изборот. :D
    Имам тенко влакно, но косата ми е многу волуменозна. Единствено не преферирам шампони за волумен затоа што потоа косата ми станува нескротлива и претешка за обликување.
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, кремата од кладонија не сум ја користела никогаш и се оградувам од било каков коментар, меѓутоа серумот од кавијар го имам користено и ја познавам декларацијата. Како производ е фантастичен, мене премногу ми се допадна одлично хидрира, лесно се впива, меѓутоа идеален е за повозрасна кожа. Јас би рекла од 37 нагоре со оглед на тоа што го стимулира производството на колаген (јас имам 39). Обично кавијарот се препорачува од 40 па нагоре со оглед на тоа што има големо влијание кај брчките, меѓутоа може еве од 37 ништо страшно. Ова е мое лично мислење и според италијанската школа за козметика :) Поздрав.
     
    На LollySky и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.611
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски
    Кремава од кладонија ми ја имаа дадено на тестерче , за сите типови на кожа е , јас ја пробав и не ми ја мастеше кожата дополнително , но со сигурност е 30+ , така ми спомнаа во аптеката :)
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FarmaGirl

    FarmaGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Togas zemi go Oblepikha Nutrition and Repair- jas go koristam I mi gi skrotuva suvite vrvovi. Sekako bi ti preporacala da ja koristis I maskata za kosa, fenomenalna e. Edno pakuvanje e 300 ml a trae okolu pola godina na dolga kosa :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    76.677
    Пол:
    Женски
    Благодарам на предлогот, @FarmaGirl.
    Само што го изгуглав шампонов и ова ептен ме освои:
    Баш би ми била од помош дополнителна заштита, затоа што секогаш ја фенирам косата. (y)

    Се мислам меѓу овој и шампонот Oma Gertrude, па ќе појдам во Космо деновиве и ќе видам што ќе одберам.
    Ќе пишам во темава ако го купам шампонов.