Ова за нормална и масна кожа. https://www.bellina.mk/p/105/calming-krema-za-litse-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml?category=36
Не знам дали сум утка , али мислам негде по темиве прочитав тоников дека помагал за флеки. И тоа мислам дека стануваше збор за грб дека помогнал а не за лице. Али не можам да го најдам мислењето. Има некој шо го користел тоникот за акни/флеки планирам и гелот за тело да го купам.
Јас го користам само неколку дена затоа не можам да ти кажам дали ги избледува уште е рано за да има резултати а помага за флеките поради тоа што содржи ниацинамид и млечна киселина а нема везе дали за грб или лице ке го користиш
Да те прашам овој хемиски пилинг како го користеше, го оставаше на лице или го измиваше? Пишува дека не се измива ама мислам да не ми ја иритира кожата зашто не користам многу хемиски пилинзи
јас го користам, не е многу јак да ти ја иритира кожата, јас го користам повеќе пати неделно ако е препорачано само два. како што пишува на амбалажата има траги после некој период како да се лупи од кожата
Ги купив тоникот, пилингот, серумот од зелената линија за мрсна кожа склона на акни и кремата на конопка (зелената). Дали згрешив што сите наеднаш почнав да ги користам? (да напоменам дека сум си имала др рутина претходно и не користам првпат AHA или BHA состојки) Прашувам дали згрешив пошто порите ми се наполнија со глупости и ми искочија неколку болни акни (а баш си го исчистив лицето и си ја купив колекцијава пресреќна дека е така ефтина, за да ја одржавам кожава чиста).... ако имал некој негативно искуство со некој од производите од зелената линија нека пише
Го има ли некоја користено овој пилинг? Некако чудно ми дојде дека не се измива, барем не пишува што најчесто е така. Сеуште го немам отворено, според она што го прочитав
ете над тебе ја пишав дека го иам али ја го мијам после 5 мин со вода. Мислам дека нема логика поинаку само како што пишав погоре, цела сум исфрлана од козметикава
Колку високи очекувања имав за козметикава, ја купив цела линија и ептен се разочарав, се тешам дека е нормална таква реакција на почеток и ќе се смири ама ќе видиме
По колку време се исфрливте, сега се загрижив Имам чисто лице, купив некои работи од оваа колекција пред ПМС да ги користам, затоа што овојпат се исфрлив на брадата 3,4 големи акни што претходно едвај со 1 акна поминував. Дали после прва употреба се исфрливте? Јас веќе 3 дена користам ама сега страв ме фати да не се унакажам
Лел ќути еј. Ќе прочитам 3 мислења и како мало дете, мора да си купам! А таман си го средив лицето, од лани септември ми беше стакло. Порите односно seb. glands ми се полни со глупости и ми излегуваат болни акни. Hello pizza face my old friend. јас не осетив ништо, за една недела се исфрлав. Ама погоре има други девојки што се презадоволни такашто можеби тебе ќе ти одговара, почекај, пробај. Јас ги купив пилингот, тонерот, серумот и кремата од Конопка.
^ По една недела користење, вакво ми е лицето, да напоменам имав чисто лице, ама сега засега сум презадоволна порите ми се чисти, лицето ми има природен сјај, во ПМС сум моментално, имам изедначен тен, презадоволна. Од зелената линија ги користам само серумот и пилингот, а гел и тоник ги користам виолетовата линија од боровинки на Натура Сиберика. Без пудра и филтри е сликата.
Како ти е лицето сега, дали сеуште го користиш пилингот? Само што го купив и отпосле читам искуства со него
АХА / БХА секогаш на почеток ствараат акни, и тоа огромни, длабински ја чистат пората од долниот слој на кожата, јас бев лом ко одев по третмани, со тие к-ни, ама после ко прекинав се покажа ефектот на мазно и чисто лице. Здравје од Октомври сакам пак да почнам да ги користам. Сега можам да вклучам и Ретинол, предходно доев, затоа не користев ништо.