Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Natura Siberica

Дискусија во 'Лице' започната од koritsaki, 6 февруари 2016.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ако зборувате за црвениот пилинг не би требало да ви створа акни. Не ви одговара на вас веројатно.
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.447
    Пол:
    Женски
    Не ги користам засега, можда од Октомври
     
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Девојки за тие што го користите зелениот тоник на НС од бреза. Дали секој ден го користите? На сува или влажна кожа? И дали може да се меша со други активни состојки? Јас користам наизменично серум со вит Е во сквалан една вечер, друга вечер кремче со азелаична. Го нарачав ама не сум сигурна како да го вметнам во рутина. Негде прочитав дека може секој ден, негде дека не може да се користи.. па секој совет ќе ми биде добредојден.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас го користам секој ден- вечерна рутина.
    Мијам лице, се поминувам со тоникот, па ставам спреј од цинк и на крај крема.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.101
    Пол:
    Женски

    Исто, секој ден. Мијам лице со гел или пена, тоник, серум па крема за лице/спф крема. Слободно може да се користи два пати дневно :)
     
    На jovana03 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    На buba4e89 и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Денес го купив и пробав. Презадоволна сум, салицилната киселина навистина направи добра ексфолијација, кожата премазна, нежна, а имав груба, на допир како наежана кожа, особено на горниот дел од рацете.
    Пишува дека е за мрсна кожа со акни. Знае да ми се направи по некоја мозолка одвреме-навреме, па ќе видам допрва дали ќе го среди и тоа :D lg_602a4979288be.jpg
     
    На Salome, Aztec, Cherry blossom89 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. maia.

    maia. Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум вложувала многу во чистачи и тоа ми е можеби најголемата грешка кога се работи за препаративна козметика. Настрана мицеларни води и маслени чистачи, знам дека многумина се задоволни од med гелот на Балеа, јас никогаш не сум го чувствувала лицето доволно чисто по измивање. Долго време го користев гелот со лимонова трева на Гарниер (немав којзнае какви резултати), а кога и по неколку одења во Дм не успеав да го најдам, решив на непроверено да дадам шанса на гелот од зелената линија на Natura Siberica. Декларации читам бегло, на почетокот се плашев да не ми е (пре)јак ама сега се плашам да не ме снајди истата судбина како со Гарниер и да не го најдам веќе. :wasntme: Темелно и убаво ја чисти кожата без да ја затегнува и суши, што не беше случај со претходниот, па затоа мене ми е далеку подобар и супер замена. Откако почнав со користење забележав големо намалување на акните (со исклучок на периодот од пет дена пред и по добивање); флеките се тука, знам дека тоа е долга борба и трпелива сум ама сигурна сум дека ќе помогне и за нив понатаму.
    [​IMG]

    Периодов сум фокусирана на хидратација и сфатив дека не користам ништо за ексфолијација, па дојдов на темава со прашање - дали некоја го користела чистачот во комбинација со хемискиот пилинг од истата линија? Гледам дека содржи гликолна киселина за која знам дека иако е најефективна, може да направи најмногу иритации и не се препорачува за почетници. Претпоставувам дека не е во висока концентација, и јас не планирам да го користам повеќе од еднаш / двапати неделно ама сепак ми е страв да не е агресивна комбинација. Знам дека @Biodevojka има објава токму за ова линија на блогот, но не успеав да најдам искуство со пилингот. @srekice , ти си ја користела баш оваа комбинација ако добро сфатив од мислењето на втората страница. Дали се соочи со некоја реакција на почеток, пресушување на кожата, појава на нови акни?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Да , кожата ми се суши и пече малку. Имаше период после една недела кога букнаа акни. Тоа ми се случувало и со други чистачи на кожа. Сега е се средено.
     
    На maia. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга јас ти гарантирам за гелот за миење дека е феноменален. Тоа за пилинг го немам пробано.
     
    На maia. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас денес го купив од белина тоникот , но приметив дека најпрво имаше неутрална боја, но потоа на дното како да имаше прав и кога го протресов целата течност внатре стана бела, дали тоа е океј? Благодарам
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.101
    Пол:
    Женски

    Да да, тоа е салицилната киселина, така треба да е
     
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Сакам да земам крема од натура сиберика за хидратација гледам доста е фалена
    Не користам ништо за ексфолијација
    Е сега проблем ми е тоа што секоја вечер ставам сона на акните и потоа клиндамицин
    Па незнам како да комбинирам какви производи можам да користам со нив
     
  14. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски

    И јас користев сона и клиндамицин, после нив може да користиш крема за хидратација.
    Јас сега моментално користам хидратантна крема на натура сиберика, прилично сум задоволна, но онаа на iunik со азиска центела е многу подобра и го смирува црвенилото повеќе од оваа на натура сиберика , и лицето е помеко ,а разликата е за 100 200 денари , но сепак ти си знаеш најдобро. П.с од кога ја користиш соната , дали имаш многу подобрување? Мене ми помогна но повторно ми излегуваа и по некој големи болни акни со црвенило, па сега овие работи што ги користам ми делуваат многу подобро , за разлика од соната која е многу по агресивна , но кај секој е различно можеби.
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    @swwetyyy соната ја користам скоро 4месеци
    Имам подобрување секако имам и активни акни но далеку подобро од тоа што ми беше
    Јас прво ставам хидратантна крема па потоа сона па клиндамицин
    Незнам дали би ја продолжила кога ке ми заврши
    Иначе каде го има тој крем за кој кажа,и што друго користиш па имаш подобрување
     
  16. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    https://coslovemetics.mk/product/iunik-centella-calming-gel-cream-60ml/
    Ова е хидратантната крема, мене навистина ми помогна , скоро и немав црвенило, додека со оваа сега на натура сиберика имам , а за акните до сега најмногу ми помогна серумот и тоникот на some by mi со aha bha pha , не толку длабоките флеки се исчистија, дури не ми излегуваа и нови акни и тенот многу ми се осветли , а со нив ја користев и кремата на iunik, па откако ќе ја истрошам на натура сиберика зелената линија, повторно би се вратила на тие производи бидејќи премногу помагаат , топло ти ги препорачувам .еве слика од тоникот и серумот. Кај тебе се пубертетски акни или некој хормонален дисбаланс?
     

    Прикачени фајлови:

  17. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Хормонски дисбаланс
    Имам полицистични јајници и никако да најдам добар лекар во мојот град да средам се
    Иначе со соната овие производи не смеам да ги комбинирам
    Сепак фала ти ако ја прекинам соната би ги пробала и овие производи
    @swwetyyy
     
  18. barbiegirl01

    barbiegirl01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2021
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Искуства со серумот од зелената линија? И после колку време приметивте видливи резултати?
     

    Прикачени фајлови:

  19. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Јас ја имав и кремата и тонерот и серумот од оваа линија , но не ми помогнаа повторно излегуваат акни, црвенилото не го смируваат, се на се само хидратација ништо друго.
     
    На barbiegirl01 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ова го немам, јас го имам тоникот и сум задоволна.
     
    На barbiegirl01 му/ѝ се допаѓа ова.