Освен ДМ и Белина каде ги има нивните производи, сакам оваа крема да ја купам не знам дали ја има во ДМ во Капитол
Мене ми е убав го користам долго време, баш овој го користам моментално, на Конопка поголема хидратација дава.
Дали некој ги има користено некој од овие два чистачи, и кој од нив е подобар? Немам толку проблем со акни, имам само ситни на брадата, и понекогаш ми се појавуваат од топло на образите, ама имам флеки и пеги, и затоа се мислам овој со Ц витамин да го земам. За киселини гледам и двата имаат, затоа и се мислам. Ќе ја тагнам @Biodevojka ,ми се чини зборуваше за некој од овие ама не можам да го најдам тоа мислење. Фала ви.
јас го користам првиот, портокаловиот и си реков, бреј за тие пари да знаев дека е волку добар порано ќе го земев. Иначе имам делумно нормална кожа, некад мрсна пред добивање така да искрено топ е и ти го препорачувам ептен. Јас сигурно ќе си го купам пак откако ќе го завршам
@koritsaki @KittyAgnes Фала ви многуу! А покрај чистење, го осветлува лицето, помага за флеки такви работи или и да си барам нешто плус? Од зелената линија повремено ја користам киселината и тонерот, ама немам приметено ништо во однос на флеките.
Зелената линија измислена е за комбинирана кожа, поготово за овој период од годината. Тоникот веќе година дена го користам, со мали прекини некогаш чисто колку да пробам нешто ново. Одличен ми е, нема подобар за мојата кожа и цената ми одговара ептен. И чистачот ми се допаѓа, ама многу поубав ми е тој со витамин Ц. Ми дава убав, здрав сјај на лицето, а немам некои флеки периодов па не знам како се однесува по тоа прашање. Но како и да е, одлично ми се покажало сè од овие две линии на Натура сиберика.
Мене на флеки и сл. не ми помогна.. Ама убаво чисти, не ја суши кожата , задоволна бев ептен. И од тоникот исто.
и јас не приметив дека помага со флеки или дека осветлува...ама дека чисти убаво и после кожата не ти е сува, стегната тоа да и не е скап