Прочепкав низ форумов ама не најдов конкретна тема, иако гледам дека има доста девојки кои ги користат овие производи. Споделете искуство за она што сте го користеле, дали сте задоволни или не, секако доколку ја памтите и цената Моментално ја користам оваа крема и е одлична за летен период, дава убава свежина на лицето и се упива веднаш, воопшто не се осеќа на лицето што досега не сум го искусила со друга крема. Порано го користев и овој пилинг против митисери, но искрено не го користев редовно така да за резултати не можам да коментирам, иако мајка ми беше задоволна Особено ме интересира дали некој ги користел кремите со заштитен фактор за лице, дали воопшто ги има кај нас?
Аууу за Неутрогена само пофални зборови имам, од оваа колекција има многу повеќе од гелови и креми, шампони, регенератори и шминка, но штета што се тоа нам не ни е достапно, но во ред добро и тоа што го имаме, а еве јас што имам користено од оваа линија: Пилинг за секојдневна употреба, леле што е прекрасен, само наутрогена ми го чисти лицето од црнки, бубулици и го освежува, има прекрасен мирис, на нешто лековито. Маска и крема за измивање, 2 во1 ја земав за проба и секако е премногу добра, за разлика од пилингот има појако разладувачко дејство но секако се добива истиот ефект. Сакам да ја земам кремата за вадење шминка и она за лице, ама отом потом. Сега за сега овие ми се постојано на листа.
Од оваа колекција сум зависник од ова лабело за усни и не го менувам за ништо. Презадоволна сум. И кремата за раце ја имам користено и ми се допаѓа а исто така и пилингот, добар е. Само пофални зборови за оваа колекција
Порано го користев пилингот и бев задоволна, а моментално го користам ова и исто сум многу задоволна, дава прекрасно разладувачко чувство, совршено за во лето И откако ќе се измијам со него, свежината се задржува на лицето долго време И плус ми го исчисти лицето од оние ситни митесери и акни :up:
Целата неутрогена колекција си ја купив во зимата кога бев Шведска колекцијата е преубава но далеку со подобар квалитет од таа што се продава тука мене цека колекција ме фати скоро 4000денари е сега видете кој е квалитетот најмногу му се допаѓа кремот за лице
Попладнево се подновив со ова Само што се измив, има ситни гранули во себе, позади на опаковката пишуваше дека не го суши лицето и дека е наменето за секојдневна употреба па се надевам дека во комбинација со кремчето нема да ми ја суши кожата. Инаку беше 279 денари во Рамстор, во Зегин би требало да е за 20тина денари поефтино, ама немав време денес да отидам.
Ја има ли оваа колкција кај нас? И ако некој знае цени да ми пише доколу ја има. Oil-Free Acne Wash Pink Grapefruit Facial Cleanser Oil-Free Acne Wash Pink Grapefruit Cream Cleanser Oil-Free Acne Wash Pink Grapefruit Foaming Scrub Body Clear Body Wash - Pink Grapefruit
Пред една година го купив тоа 2 во 1 гел и маска,но драстично ми ја сушеше кожата иако имам нормална,комбинирана, па сега така ми стои скоро цело и од тогаш не сум купила друг производ од оваа колекција за лице. Го имам користено и лабелото за усни не ми е нешто којзнае што но има многу убав пријатен мирис.
Темава ми дојде како нарачана. Ми паднаа во очи оние ситни, мали, микроскопски црнки кои ги имам на велико и не се приметуваат, ама јас како јас - ги приметувам :geek: и одвај се воздржувам да не си го масакрирам лицето. Ме интересира, производиве се медицинска линија или ? И ми треба некоја која ги пробала оние фалени пилинзи погоре, да ми каже цена и дали се ефективни во чистењето на црнките, па и оние микроскопските што само моето око може да ги забележи. И да, ме интересира дали пилингот е богат со микрогранули? Спојлер I'm creepy and I know it. Значи, како што разбрав - и двете се пилинзи, едното е 2in1, ама слични се, така? Мене искрено пилингот повеќе ми фаќа око, ама не би било лошо некоја да ми даде совет плус.
Мишела, ги имам и двата производи што си ги постирала и од мое искуство, можам да кажам дека подобар е вториот гел, што е маска и гел за миење, две во едно. Првиот производ е пилинг и содржи гранули, ама нежен е за кожата. Вториот не е пилинг, туку е гел за миење на лице и маска, 2 во 1. Од мое искуство ќе ти кажам дека од пилингот мене ми се правеа ситни акни додека го користев. Значи, немам акни, но кога почнав да го користам ми се направија еден куп ситни акни и го баталив, ете го така ми стои дома. Од друга страна, гелов/маскава за лице е фантазија, ептен ми се допаѓа. Искрено, само еднаш го имам ставено како маска, инаку го користам како гел за миење. Текстурата му е како паста за заби, што ми беше малку чудно на почетокот, но ако сакаш да го користиш како гел, се додава малку вода на дланките и се прави убав пенлив гел за миење лице. Ако сакаш да го ставиш како маска, се става без да се раствори со вода. Чувството откако ќе се измијам со гелов е фантастично. Дава чувство на убаво, чисто, фино мириса, а и лади (содржи ментол), па за лето е топ. И не ја суши кожата (да напоменам дека имам комбинирана/масна кожа). И не знам дали е до мене и мојава кожа, што ли е, ама сум приметила дека ако секој ден континуирано користам било каков пилинг или гел за миење лице, ми се прават ситни акни. Така што јас гелов (а претходно и пилингот) го користам секој втор-трет ден и вака ми е супер. Но иако и пилингот не го користев секој ден, пак ми правеше ситни акни. Можеби едноставно не ми одговара. Со гелот/маската воопшто немам такви проблеми. А, да, не се сеќавам за пилингот, ама гелот мислам дека беше околу 320 ден. Сигурно и пилингот е тука некаде со цената Се надевам ти помогнав барем малку Едит: Во врска со црнките, имам и јас претежно на носот, и искрено не сум забележала некоја посебна разлика, уште си се тука, ама мене ми се ситни, така што не ги ни приметувам искрено и не ми сметаат И да ти кажам, свашта имам ставено на лицево, имам испробано безброј пилинзи, гелови и креми и досега НИШТО не ми ги извадило црнките освен оние лентите за Т-зона на Нивеа - ама тие се конкретно за таа намена и супер се. Секоја црнка ја вадат, само што се малку скапички И малку офтопик, ама сега ми текна дека некоја феминка имаше пишано дека имало некои такви ленти за вадење црнки во ДМ и не биле скапи, па треба да поминам да видам
Не, не, лентите ми се дефинитивно крајна опција, некако шубе ми е со нив, си мислам дека повеќе ќе ми се прават ако почнам да го гњавам лицето со ленти. Сепак ќе подразмислам, ма да мислам дека ќе пробам нешто од колекцијава, зашто батко Ѓорѓија мора да има вакви тинтири-минтири џиџимиџарници за лице. Ако не, ќе барам некое друго пилингче онака за проба - сè, само да избегнам стискања и слични малтретирања на и така напатеното ми лице.
За лентите, нема гајле, јас имам користено 2-3 пати, па немам сега видливи црнки, само ако се загледаш, што викаш ти. Инаку, заборавив да спомнам прееска. Мене иако ми е перфекција овој гелов од Neutrogena, прееска видов во една од темите дека Neutrogena тестира на животни, и мислам дека нема пак да го купам баш поради тоа (станувам се’ посвесна за овие работи во последно време) Многу од девојките го испофалија и тој црвениот гел за миење лице од Балеа (види во темата за ДМ), па здравје, следен тој планирам да го земам. Сепак, што ти е мерак, пробај си
^ Конкретно колекцијата на Neutrogena не се тестира на животни, меѓутоа компанијата која што ги поседува го прави тоа. Па и покрај тоа што на некој начин купуваме свиреп-free производ парите сепак ни одат во таа компанија. Е сеа, да ја тргнеме на страна Neutrogena ( од која што јас лично сум презадоволна) ќе се изненадиш од тоа кои се производи се тестирани врз животни а ние ги користиме секојдневно. Да не должам дека е сепак оф топик.. Ако си заинтересирана за листата од PETA кликни тука.
Го има ли некоја користено лосионот против црнки? Го чистам цело лице со него, ама на местата каде што имам црнки пече, многу пече, па ме интересираше дали ова им се случува и на другите, или можеби мене не ми одговара лосионов. Од друга страна си викам ако пече, може ќе има резултат. Инаку не го користам редовно. Го имам неколку месеци, ама рандом ставам, само последниве денови нешто се засилив.
дали производиве ги чистат веке постоечките црнки или кога е лицето убаво исчистено со нивна употреба не се дозволува понатамошно стварање?
а дали некој знае колку е пари таа кремата без масло (Oil-Free Acne Wash Pink Grapefruit Cream Cleanser)