Видов дека како сотојка има парфем. Во главно треба да се избегнуваат таквите производи, особено доколку имаш осетлива кожа.
Јас ја користам оваа од Неутрогена и сум доста задоволна. Има салицилна киселина која знае малку да го исуши лицето и затоа ставам и крем за хидратација од Mixa по секое миење. Инаку салицилната киселина е добра како еден тип на пилинг, ги отстранува мртвите клетки и би требало и помалку акни да се создаваат.
@Elence93 Од каде ја имате купено? Јас ја земав претходно од зегин, но минатиов период упорно ја барам во дм, космо тинекс, зегин, еурофарм... И ја нема....
девојки за каква кожа е ова? Имам и како крема од истово. Дали е добра козметикава? Имам чисто лице, а мислам дека е за флеки ова повеќе со цитрон.
Да и јас отпосле видов, затоа ми се појавиа и бубулици. Благодарам. Друга некоја за чисто лице од неутрогена предлог?
Го користам овој гел од време на време кога не сакам да користам киселини, за комбинирана / масна кожа е https://encrypted-tbn0.gstatic.com/...EuwbCK1PcYCy3-egJEYEfNPtSs8kXh30aMt8&usqp=CAU
Шо пари се на Неутрогена производите кај нас? Во ДМ имам гледано само Скрабови, да знам дали од интернет да порачувам
Во Космо има најдобар избор мислам. Кремите беа околу 700, а другиве работи навистина не се сеќавам. Баш разгледај го каталогот на Космо, имаат некои од линиите на промоција па ќе ги видиш и цените.
Сега ќе видам баш, дека овде гледај https://www.amazon.com/Neutrogena-S...968&sprefix=neutrogena+ul,aps,208&sr=8-1&th=1 џа бе е.Само шипинг не читам колку е, сега се регистрирав на Амазон и везе си неам.Ако е поскупо кај нас, ќе нарачам од овде
Што ќе кажете за мицеларните на Неутрогена, кожата ми е комбинирана, склона на акни, користев Ларош и биодерма, но сега ми се премногу скапи? Стра ме од овие на Неутрогена уште повеќе да не се исфрлам?