Незнам дали може да се отвора тема посебно за кафич вака,ако неможе слободно нека се избрише. Инаку темава е за Њу Ејџ, кафичот во Скопје -според мене многу фино, опуштено место.. незнам едноставно слободно се осеќаш кога си таму. Иако имам отидено само 2-3 пати атмосферата ептен ми се свиѓа и ми се допаѓа што не е во центарот на градот туку е малку 'затурено'. Има интересен амбиент, фино музиче (иако вчера ќе заспиев за малку) ,имаат интересни чаеви,пијалоци и слично. Инаку многу ми се свиѓа келнерот, баш ми е закон, не е онака униформиран ко другите келнери, опуштен е целиот и во облеката и во понашање, ти прави муабет. Го замаравме со другарка ми пет саати да ни препорача што да се напиеме, да не здрмало малце.. И дечково абсинт ни даде, првите 10-20 минути ништо не ни беше ама после се кезевме ко лудачи некои. Сретнавме таму некои дечки од Лондон и една црнкиња па им викавме да седнат со нас на маса, абе закон. Па после откако се расположивме и келнерот го поканивме, овој нешто дешавки ни раскажуваше па рече ќе дошол да седне ама ние си отидовме. Инаку, се на се, фино местенце, мирно.. Ми имаат кажувано се собирале тука трансери,металци,некогаш и лезбејки као ама незнам, не сум видела јас. (Инаку не мислам ништо лошо и немам ништо против нив, да се разбереме. ) Иако кога влеговме со другаркава сите чудно не зјапаа, тоа не ми беше малку јасно ама инаку супер беше се. Ваше мислење за кафичов? Често го посетувате, ви се допаѓа атмосферата, луѓето таму или..?
Мислам дека нема потреба за ваква тема ама ај ке оставам тоа на модераторите да одлучат.. Иначе преубав кафич.. Еден од поубавите Дојде лето па мораш да скапуваш таму цел ден
Го посетувам дека ги знам газдите, инаку ич не е мој стил, ни вкус и едноставно не би го трошела времето овде...лично јас.
Дефинитвно преубаво место, јас го открив пред неколку месеци и тажев зошто 18 години сум проживеала без да влезам Музика, амбиент, луѓе - како измислени. Едино што нема многу избор за пиење, онака чај, кафе, греено вино, апсинт и тоа е тоа И да, по најбрза постапка треба да му се удри една генералка опасна, ненормално труе! Вчера баш отидовме и во собата пред таа со перници на земја немаше никој, и такви среќни што сме фатиле место во петок во 10 саат влеговме и...смрди корне на чорапи од ратот 2001. Гнасно. И тоа шољите ко да ги мијат со вода од Вардар, сто посто сјај не користат, само така ги замиваат Ама сепак во моменти кога не смрди не може да не уживаш
Одам ради друштвото, а што е до мене моја нога таму не стапнува. Уште првиот пат кога отидов не ни знаев какво место е, па лупнав на мене штикла 12ка и ме гледаа ко од Марс падната. Минатиов пат кога бев си седев близу до вратата , па ареата што се шири во другите делови многу не се чувствуваше. Под итно им треба генералка, проветрување, затресување на перниците. Надвор е можеби подобро ама па јас сум алергична на мачки и ми пречат. Него Блу, келнерот колега ми е
Уште додека бев средно, доаѓавме во Скопје, специјално за да отидеме во Њу Ејџ, тоа е пред некои 8-9години. Според мене тогаш беше многу поубаво од денес, имаше секакви животинчиња, посебно летно време, низ двор шетаа, а и внатре, чисто беше и не смрдеше нешто ужасно. Денес ми изгледа како ради реда да го држат отворено, нема душа како порано. Е во однос на келнерите, порано беа во интересни престилки, што одговараа на амбиентот, а денес како збунете се целите, пред некое време келнерот што беше како од марс паднат, ние едно прашуваме он трето... Во однос на тоа кој и какви оделе, па гледам само опуштен народ, нема некои теткици издотерани, а лезбејки немам видено,но затоа педери видов Се на се ми се допаѓа , само не како порано, затоа малку почисто место а слично си најдов во близина на Грчка амбасада, Кашмир се вика, индиски кафич исто со многу интересни работи, за нијанса поефтинко од Њу Ејџ и ЧИСТО. Е сега не се седи по земја, но полно е перничиња
Ме вративте десет години наназад со темава и ми разбудивте еден грст прекрасни спомени. Иако не сум од Скопје, студирав таму. Се дружевме една поприлично голема група на луѓе и постојано одевме на кафе во New Age. Од првото влегување таму, го најдов идеалното место за себе, амбиентална музика, грејано вино со цимет, салеп, турско со два прста кајмак и локум, слатко од зелени смокви, а цените пристапни за студентскиот џеб. Најмногу ја сакав пролетта во дворот на New Age. Како да имаше некаква поинаква слика, некое поинакво чувство на слобода на умот, чувство каде никој не пати од комплекс, секој си тера своја работа, секој ангажиран околу своето друштво и мноштво насмевки,луѓето тука не доаѓаа да бидат видени, доаѓаа претежно за дружење. Непријатна миризба никогаш не сум почувствувала, пак ќе кажам, значи зборувам за период 2000-2004. Оттогаш наваму, поминаа доста години како немам одено. И не ми е јасно зошто кога одам во Ск, не ми текнува наместо на некое друго место, таму да испијам едно кафенце со мерак. Наредниот пат, гарант одам, да се потсетам на студентските денови и како избор на друштво за кафепиење, ќе си ги повикам колешките со кои сеуште имам контакти. Инаку, мислам дека и спотот на Тоше Проески со Есма има сцени снимени во New Age.
Освен амбиентот, градината, масата среде вода и салепот.. ја обожавав таа рошава дебељуцка, кучката Стојна Живо ли уште тоа суштество?
Кучиња нема, а не сум ни видела локум со кафето, слатко од смокви... и јас сум дел од овие генерации , кога ова беше вака. Поради тоа некако не се чувствувам веќе исто таму... На лето е многу поубаво, на тоа сплавовите , кога ќе погледенш нагоре како во некоја џунгла да си, многу повеќе ми се допаѓа таа атмосфера, одколку внатре сега како е... дури нема ни потпишувања по зидовите
New Age бе, леле Не сум била таму 4-5 години отприлика Ух, какви убави моменти имавме таму....Киднато друштво од предавања или вежби на факс, вечерни пијанки навечер со колеги, вечерни пијанки со друштво од средно, вечерни пијанки со сите.... Дури и голем дел од состаноците на почеток со дечко ми ги имавме таму, во деновите кога ќе ја заборавеше таблата дома, а страшно ни се играше, одевме таму и ја окупиравме таблата И се заборававме играјќи Кога бев последен пат беше сосема чисто и фино мирисаше, многу ми е жал за ова што го читам дека се случува сега
New Age ти е поим за 10-годишен спомен. Барем за мене. Баш така Зеленоока , киднување од вежби и предавања на факс? Њу Ејџ. Не ти се седи во школо? Њу Ејџ. Надвор врне, тебе ти е упропастена екскурзијата на Водно? Симни се доле, иди у Њу Ејџ. Шах, карти, турско, медитирање на перниците, зезање, смеа, собиранки во најубавите години од мојот живот и ЊУ ЕЈЏ. Онака, тинејџерски последен извик на стариот скопски ноќен живот кој имаше душа и беше одбележан со чопоративно искачање, ргабуууу - 20 души, навали народе! Сега немам поим како изгледа и не ми ни текнало искрено да отидам. А можеби е подобро и вака. Сакам да остане како сладок спомен, да не го расипувам
10 год дремам таму, но во последно време се поретко. Тоа е зашто местото некад беше многу поживо, сега некако е пропаднато, недоволно чисто а знаат и да пуштат некоја музика што воопшто не ни оди со амбиентот.
Њу Ејџ? Милион испиени и истурени кафиња таму, првите илегални останувања до 4 саат насабајле, дремење по перници, мижење кога во ВЦ ќе згогледаш бубашваба бронтосаур како ти мафта со тоа ноџињата, дружба со Ребро, Мица, пајките и гусакот што двапати проба да ми ја изеде платнената лепеза, абакус кафето со трошки цимет и лисја во него, келнерот со глушец на грб и врискањето на една дотична која сакаше да се фрли од страв во тоа котарот вода долу! Њу Ејџ е место кое плени со својата несовршена состојба. Смрди. И тоа опасно. Знаеме зошто - кај што има вода, животинки и несериозни менаџери, нормално е. Би направила и еден мини проект: Спасете го Њу Ејџ, исчистете го! Не ради нешто друго, финесите можат да бидат далеку попријатни кога сакаш да залееш рајско вино во 7 навечер среде мај, и не ти се јадат мушички и не ти се фаќа алергија и краста од перниците. Таму со мојот мачор го имавме првиот состанок. Он цугаше пивце, ја чај од брусница. Мачките ни правеа друштво. Сега не сум била, но генерално за тоа место ме врзуваат прекрасни спомени. Од средношколското будалеење, кога бегавме од часови за да пиеме салеп таму, до факултетските журки таму и пиењето скришум апсинт после Џубокс, дремење до сабајле и цела компаративна директ на предавања. Хипиевски, скроз. Но во духот на новото време. Само хигиената да беше на две нивоа повисока, ќе имаше од мене и повеќе убави зборови.
Ех на времето, греано винце, табла, мераци. Па од сегде ти се убацуваат животинки (во една прилика имаше мн мали кученца и едно од нив му се покака на другар на јакна) хау свит Бев пред, ми се чини, две години, последен пат. И тоа е стварно последен. Пиев чај во изгризани шољи, искршени, излупени, изгледаше толку грозно и нехигиенски, перничињата беа поцрнети, неперени. Не дека ја сум сеа некоја принцеза па барам да ми мирише убаво, ама па стварно беше грозно, го запустија местото
Пред 7-8 год. бев првпат, и кога ми го опишуваа мислев дека ќе биде идеално за мене...Но јас не успеав да се опуштам во таа атмосфера, па уште мачки кога видов (никој не ми ги спомна) за брзо време си го барав излезот за надвор. Сите одоколу очигледно уживаа, но мене ми беше прво и последно дружење со New age caffe...
Ехх спомени ... Значи се релаксирав буквално таму. Да ти е милина да седиш и да кулираш ... Салепот и варенотот вино мх, мх ... Одмана не сум била, години се во прашање. Штета што пропаѓа ... Си беше на некој начин култно место во Скопје.
Зарем уште работи!?! Едно време го затвараа, па го отвараа..одамна беше. Ама го сакав бре ова место. Релаксирано, затскриено, опуштени луѓе, чудни пијачки, а јас морав да пробам мана баш се А и мачките ги сакав, и кучињата,па и рипките таму доле во водата ...Такви, млади и зелени полни со жар за живот, неискварени од сето она што сега се случува, убави времиња... Бегаме од шемата, си баравме истомисленици, верувавме дека ќе го промениме светот- емотивно сум врзана со кафулево изгледа . Култно место-ДА, но за некое минато време, кога Скопје беше многу поразлично, поубаво, побезгрижно. Ах, да..и јас и мојот мачор таму го имавме првиот состанок. Он пиеше пепси, а јас пиво. Е тоа и ден денеска не е изменето