Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

New age caffe

Дискусија во 'Слободно време' започната од blueeparadise, 17 март 2012.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Има неколку месеци откако сум била последно. И искрено, планирам да одам за брзо. Се согласувам дека си е така малку отповеќе нечисто, ама ептен пријатно местенце ми е, далеку попријатно од многуте кафиЌи по Македонија.
    А тоа мачките па, од врата трчаат кога ќе ме видат :D Последните неколку пати дури и храна носев таму за мачки.

    Ех Њу Ејџ, каде се поливаа масите со чај, каде се глупиравме и изигрававме вештерки, каде правевме прави гозби по масите (кога се нема време да се јаде на соодветно место, затоа што си брзал за таму).
    Не сум долго во Скопје и не знам какво било порано, но и вакво какво што е ми се допаѓа. Се разбира, секогаш може да се направи нешто, а на ова место му треба една вредна рака да го среди, затоа што е магично. Посебно тие островцата надвор :mm: :mm:
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ах Њу Ејџ. Првиот салеп, варено вино, абсинт. Пред десет години ма и повеќе пред секоја транс журка одевме таму, и после журка. Понекогаш досадно ни беше на часови фаќаме џомка, одевме скроз десно по скаличките горе, ги спуштавме завесите, игравме табли, дремевме.. пиевме чајчиња со рум. Мјаукавме со мачињата. Интензивно одев две/три години. Доживеани љубови. Пијанки, блесави збиранки. Спомени..

    Пред некоја година дадов шанса ида го посетам пак, и се разочарав потполно. Го немаше тој дух како и порано, хигиена ужас. Сега незнам, не сум поминала, немам претстава во која состојба е..

    Како и да е ми беше место за младост/лудост.
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сум била неколку пати, ама незнам... Не сум успеала да откријам ништо магично тука. Дефинитивно не е место за мене. Ајде ќе го оставам тоа на страна, ама хигиена-нула. Така да, го избегнувам местово, не ми е пријатно.
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Ми се чини дека 2008 ојдовме таму со дечко ми, па и друг пат уште еднаш,пошто првиот пат пробавме греено вино,тој рече раму убаво го правеле,а јас појма немав и викам па ај баш да пробам какво е тоа и после се заљубив во виното :D Па наредниот пат пак бевме на греено вино :D После научив и сама да си правам.Иначе вториот пат ми беше малце смотано,немаше мн место за седење,а и многу чад внатре и така.А првиот пат ми беше ок,онака пријатно.И така,тоа беше :D Малце ми е како со ништо вложено направиле нешто.Ама ако ја запоставиле и хигиената,е тогаш не би отишла таму пак.
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Знам каде се наоѓа кафичов и никако да отидам таму, а според описите за опуштената атмосфера, одлично би ми годело :smirk:
    Ама ќе требат да си најдам и соодветно друштво, оти не е фенси местово...
     
  6. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Многу гадно место според мене,многу смрди внатре пред некој ден бев таму и тоа ке ми биде прв и последен пат.згора на се влезе една од многуте мачки шо ги има и се помоча во аголот....гадно....
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Може малку глупаво ќе звучам, ама неможам да се сетам каде е кафичов? :)
     
  8. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Веднаш до Кузман студентскиот дом.

    И да, некогаш беше еедно од најдобрите места во Скопјево, ама сега повеќе ја нема таа магија..Штета, спомени на една безгрижна младост и непреболена љубов...
     
  9. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    кога и да одев во Ск одев право таму колку само познанства се имаа склучено таму многу убаво си поминувавме мир и релаксација тоа значеше за мене штета што повеке не е како што беше :(
     
  10. Lamei

    Lamei Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Тоа беше едно од најубавите места во Скопје. Ме фати носталгија за едни одамна поминати времиња. Работи уште?
     
  11. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Многу го сакам кафичов :) Неодамна го открив и од тогаш многу пати сум била,и ќе одам. Се согласувам дека треба некои промени да се направат од типот на чистење и проветрување,ама мене атмосверата ми е прекрасна :) И тоа е единственото место каде можам на раат да седам лабаво,без да ги гледам шмизлите од мое со тон пудра и висок степен на хистеричност |(
     
  12. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Па добар е за летно време.. интересно местенце..неколку пати сум била.ми се допаднало
     
  13. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Постои уште местово?
     
  14. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.441
    Постои,иначе мене воопшто не ми се допаѓа....се чуствувам како во пакистан да сум :tmi:
     
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.899
    Допаѓања:
    89.487
    Пол:
    Женски
    Постои и мислам дека е најубавото местенце за разбистрување на мозокот :wasntme:
    Би ти препорачала додека е топло временцево да одиш да си поседиш оти зимно време внатре ќе треба да фаќаме место :lol:
     
  16. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Убаво место, ама дефинитивно таму треба едно доообра генералка.

    Одамна не одам, зошто оние перничињана гадни и испомочани од секакви животни што поминале од таму ми се жива зараза!
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    А нели беше затворено? Или пак го отворија сега?
     
  18. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Каде се наоѓа?
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мене местово ми е ко дувло, не сум била, а не ме ни привлекува да одам. Многу нечисто ми изгледа и многу улични мачки се плеткаат таму па целото место некако смрди.
    Концептот е баш кул ама дефинитивно треба една убава чистка и реновирање од темел како и редовно чистење и одржавање.
     
    На senza.parole, simoncelicius, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    Леле од сликава Марама што ја поставила, езиво ми дојде :(
    Општо не ми се допаѓаат вакви места, ама ова ми изгледа баш како што кажа Мимс, нечисто, башка иконите на влезот :^)

    И мене баш ме интересира каде се наоѓа?
    Имаше или има, не сум сигурна, едно местенце Казабланка мислам се викаше, работи уште? Нешто слично на ова беше, само тоа беше посредено и попријатно :)