Работите им се убави, фармерките могу ми се допаѓаат дека сум повисока и ме погодуваат таман на ногата, но многу испуштаат боја. Купив црн пар и ај очекував да испишти, али кога купив плав пар не очекував. Ги вадам од машина кога гледам испуштиле боја.
Имам многу долна облека од таму се покажала со одличен квалитет , гаќите се со одличен квалитет имам некои што ги имам купено пред две години и се уште како нови исто и градниците се преудобни и од преубав материал, имам купено и тренерки преубави ми се и стварно удобни исто така многу блузички имам од таму, воглавно сум задоволна од квалитетот од нивните производи.
Можат многу убави работи да се најдат а, особено задоволна сум од долната облека. Често и на попуст има преубави парчиња.
Јас постојано купувам фармерки од Зара и немаат никаков мирис. Од друга страна, сум забележала дека фармерките во Манго, Теранова и Њујоркер навистина лошо мирисаат. Проблемот е што не се пере тој мирис, само неколку саати мириса на детргент и потоа се враќа на оргиналниот мирис. Искрено кога се работи за фармерки најдобро е да си инвестирате во подобар пар, подобро купи еден што ќе ти трае и ќе ти користи него два што ќе те нервираат
За цената е супер. Дури можам да кажам дека сум презадоволна од квалитетот. Имам еден пар фармерки, неколку фустанчиња, блузи и кошули. Имам и два пара костими за капење, одлични се покажаа
Купив фармерки, ми се искинаа меѓу нозе. Купив блузи, задоволна сум. Зависи до моделот. Сега само купувам долна облека, пошто имаат многу интересен избор.
Пола од облеката ми е од NewYorker, имаат големи попусти кога е крај на сезоната и скоро секогаш ги начекувам. Ми се допаѓаат парчињата многу баш се во мој стил, единствно фармерките не им се добри, имам земено еден пар и не сум задоволна, квалитетот на матријалот е лош а и кројот.
Се наога интересни работи за ефтини пари, а кога е крај на сезона со попусти е супер, поефтино дури од кај нас на пазар.