После Марко си заминува и Флор. Ништо од Најтвиш Ќе си пукнам што нема никогаш да го слушнам во живо овој состав.
End of an era. Искрено не знам дали ќе ми се свиѓаат понатаму и без Флор, но за мене секогаш ќе останат песните до Human Nature албумот.
Многу добра песна, но и многу тажна. Невозможно е да си фан на Најтвиш, а да не пуштиш солза на песнава.
Не знам и како ќе опстанат без Флор, тешко да и се најде замена, за мене подобра и од Тарја беше, посебна енергија ми има. Од друга страна пак музиката ја правеше Томас, иако ја обожавам Флор и најавува соло албум и турнеја наредна година и едвај чекам да ја слушнам во живо, не знам колку добра музика ќе извади сама. Штета за Најтвиш според мене совршени беа со Флор и Марко како вокали.
Уште не можам да си поверувам дека ми се распадна омилениот бенд и сега останав без надеж дека некогаш ќе им бидам на концерт. Флор беше совршена за нив, со сета нејзина посебна енергија и харизма го правеше Најтвиш тоа што беше. Не знам и јас дал ќе успеат да најдат некој да ја надмине. Не можам да ги преболам ни Марко ни Флор сега